Без застој во образовниот сектор
Франшизите од секторот за едукација на децата, продолжија да ги шират своите мрежи, дури и за време на пандемијата. Неколку системи веќе потпишаа франшизни договори и започнаа со деловна активност во земјите и од овој регион.
Канадскиот образовен систем Maple Bear, кој ги носи најдобрите практики на канадската билингвална настава и методологија за подучување, на почетокот на оваа година го потпиша првиот франшизен договор со примател на франшиза од Србија. Согласно достапните информации од седиштето на Maple Bear за Централна и Источна Европа, планирано е партнерот за франшизата од Србија, да започне со деловна активност во текот на септември 2021 година, со отворање на градинка во Белград.
Да потсетиме дека, со купување на една лиценца од Maple Bear, примателот на франшизата добива право за отварање на сите „формати“ на образовни институции - од градинка до средно училиште. Според воспоставената пракса на системот, на примателите на франшизата Maple Bear, им се препорачува да започнат со отварање на предучилишна установа, а потоа во подоцнежните фази на развојот, отворање и на основни и средни училишта.
Покрај градинката, што оваа година ќе се отвори во Белград, Maple Bear во регионот на Централна и Источна Европа веќе има отворено неколку образовни институции во: Бугарија, Романија и Албанија. На глобално ниво, Maple Bear е присутен во повеќе од 20 земји, со повеќе од 400 образовни институции, посетувани од над 40.000 студенти.
*
Уште три нови центри за франшиза се приклучија на хрватскиот франшизен систем Tinker Labs, кој се базира на иновативна воннаставна програма за проучување на наука, технологија, инженерство, уметност и математика (STEAM). Така, покрај училиштата во Осиек, Славонски Брод, Загреб, Риека, Вараждин и Нашице, беа отворени и едукативни центри за деца во Чаковец, Сплит и Ѓаково.
На меѓународно ниво, Tinker Labs од оваа година имаат примател на мастер франшиза во Србија, кој ќе го пренесува и имплементира концептот и ќе ја развива мрежата на училишта на овој пазар.
*
На почетокот на оваа година, училиштето за програмирање за деца од Полска, Coding Giants, доби партнер за франшиза во Хрватска. Сопственикот на мастер франшиза, првото онлајн училиште на овој пазар, го отвори на крајот на месец февруари 2021 година.
*
Покрај работењето во сите земји од поранешна Југославија, франшизниот систем „Училиште за брзо читање и мудро учење“ од Србија, од оваа година, преку примател на мастер франшизата, влегува и на унгарскиот пазар.
Погледнете во каталогот
Други концепти од секторот Образование
International Kids Academy
Дневен престој за деца
Maple Bear Canadian School
Градинка и основно училиште
YES INTERNATIONAL
Интернационално училиште за јазици и едукација
Young Engineers
Дневен престој за деца
КЛИКЕР ИТ центар за деца
Образовна програма за деца
Малац Генијалац
Образовна програма за деца
Научна кујничка
Образовна програма за деца
Најнови вести
Прикажи сè
Научна кујничка продолжува да расте во Македонија
Научна кујничка веќе работи во Северна Македонија, каде нејзиниот едукативен концепт е приспособен на локалниот пазар и им е достапен на децата...
YES International: Од училиште за јазици до франшизен систем
Современо училиште за странски јазици од Северна Македонија влегува во светот на франшизингот и на партнерите им нуди разработен образовен систем...
Крилца за успешен бизнис
Како од пилешки крилца да се создаде успешен бизнис и франшиза, објаснува Зоран Виденовиќ од „Крилца и Пивце“.
Royal Nanny: Кога довербата се претвора во систем
Дадилката не е само работа. Тоа е повик, доверба и уметност.