Малац Генијалац
информација за франшизниот ситем
опис на франшизниот систем
Училиштето по ментална аритметика „Малац Генијалац” претставува посебен вид на едукација, наменет за здрав развој на детскиот мозок. „Малац Генијалац” во својата основа ја има менталната аритметика, која претставува проверена програма за развој на менталните способности кај децата, а настанала како резултат на долгогодишно работење на психолози, педагози и и други стручњаци од областа на едукацијата и образованието. Програмите на менталната аритметика потекнуваат од Источна Азија и долги години наназад широко се употребуваат во повеќе од 50 земји, насекаде низ светот.
„Малац Генијалац” сака да се прошири и низ територијата на Македонија, токму затоа е креиран франшизен пакет на училиштето по ментална аритметика „Малац Генијалац”. Франшизата „Малац Генијалац” ја нудиме на сите заинтересирани, во сите градови на Македонија, но и на заинтересираните партнери за мастер франшизата, во останатите земји од регионот.
Ви нудиме целокупен франшизен пакет, осмислен и тестиран во повеќе од десетина постоечки школи. „Малац Генијалац” е работа со „своја мисија” – работа во која секојдневно ќе уживате, но и работа која подразбира разумна инвестиција и брза заработка.
сопствени деловни единици
3 во Скопје (Центар, Гази Баба, Аеродром)
франшизна единица
2 во Македонија - Скопје (Карпош) и Кавадарци
182 франшизи во 12 земји
фотографија на деловна единица
информација за примателот на франшиза
поддршка за примателот на франшиза
Со влегувањето во франшизниот систем, примателот на франшизата добива:
• знаење и право на употреба на ментални аритметички методи
• сертификација на наставникот
• право на употреба на лого
• know-how
• обезбедување на студентски сет
• патентирани интернет портали
• сите потребни апликации
• територијална ексклузивност
• постојана поддршка од централната канцеларија
• поддршка за маркетинг
• насоки и поддршка за наоѓање на вистинската локација за училиштето
• упатства за дизајнирање на архитектонски решенија за училиштето и училниците
• поддршка за вработување и обука на вработените
• поддршка при започнување бизнис
очекувана вкупна инвестиција
• Цената на франшизата зависи од опфатената популација, од 1500 ЕУР до 6000 ЕУР
• Надомест (royalty fee) е 10% од месечната школарина
• Договорот за франшиза се потпишува на четири години, со можност за бесплатно продолжување по истекот на договорениот период
• Вкупната очекувана инвестиција во дизајнирање и опремување на почетниот простор е 1000 - 3000 ЕУР
основни барања
Примателот на франшизата треба да е правно лице - д.о.о. или трговец поединец. Може да го користи правно лице кое веќе го има, или треба да основа ново.
Примателите на франшиза можат да бидат (на пример): сопственици на училишта за странски јазици, сопственици на спортски клубови, сопственици на едукативни центри, сопственици на игри, сопственици на училишта ...
Малац Генијалац може да биде единствена работа, но исто така може да биде дополнителна активност, односно може да се додаде како дополнителна работа.
Примателите на франшиза пожелно е да бидат ориентирани кон претприемништво и да сакаат целосна финансиска независност.
Примателот на франшиза треба да обезбеди простор каде ќе се одвива наставата. Може да биде наменски простор или може да биде простор веќе користен за слични намени.
Училницата треба да биде опремена со маси и столови, бела магнетна табла, телевизор, голем наставен абакус, а за предавачот потребен е лаптоп.
информација за давателот на франшиза
Анса д.о.о.
Благоја Стефковски бр.106, Скопје
(+389) 70 372 901
контакт особа за кандидатите
Данило +389 70 372 901
Нина +389 71 890 800
дознај повеќе
погледнете ги текстовите
најчитани
Околностите ги натераа Војислав Пековиќ и Александра Милосављевиќ да отворат училиште за ментална аритметика „Малац генијалац“ во Скопје, наместо во Белград. Велат дека, потенцијал за отворање на нови училишта постои речиси во сите градови во Северна Македонија.
Сплет на околности ги навел Воислав Пековиќ и Александра Милосавлевиќ да наместо во Белград, отворат училиште за ментална аритметика „Malac genijalac“ / „Малиот генијалец“ - во Скопје. Сега велат дека постои потенцијал за отворање на нови училишта во скоро сите градови во Македонија.
Што е клучно за ширење надвор од домашниот пазар, како може да се контролира франшизната мрежа и на кој начин да се заштити од плагијат, зборува Владимир Новицки, идејниот творец на системот „Малац генијалац“
„Поддршката која што ја добиваме и на која што ќе може секогаш да сметаме, е клучна за франшизната соработка и светскиот успех на Maple Bear“, истакнува Љиљана Николова, како причина поради која што се одлучила за користење на франшизата на овој образовен систем.
„Секој кој што ја препознава убавината на нашата едукативна мисија е квалификуван за примател на франшизата Young Engineers“, вели основачот на овој американски едукативен концепт, Амир Асор
Полското училиште за програмирање за возрасни Coders Lab е отворено во две нови европски земји, а моментално се активни и нови дополнителни поволности за потенцијалните партнери од регионот.
Франшизите од секторот за едукација на децата, продолжија да ги шират своите мрежи, дури и за време на пандемијата. Неколку системи веќе потпишаа франшизни договори и започнаа со деловна активност во земјите и од овој регион.
Какви очекувања може да имаат претприемачите од регионов кои ќе ја изберат франшизата на полското училиште за програмирање Coding Giants? Приказната на Иза Порадовска од Полска може да биде интересен пример
Полскиот франшизен систем на училишта за програмирање, Coding Giants , има намера да отвори училишта во земјите од регионов. Што научија во време на пандемијата со коронавирусот и како тоа може да биде предност за идните приматели на франшиза?
Мултидисциплинарното училиште School & School формирана во БиХ, од неодамна дејствува и во Бугарија. Франшизата е достапна и во други земји од регионот.
Полскиот франшизен синџир на училишта за англиски јазик Early Stage не запре со работата и покрај затворањето на училиштата. Часовите ги одржуваат online. Дали и примателите на франшиза го користат ова решение?
Покрај примателите на мастер франшиза, на „Училиште за брзо читање и мудро учење“ се придружија и два одделни приматели на франшиза во Македонија!
„Практиката покажува дека колку повеќе примателите на франшиза се потпираат на нашето искуство и препораки, толку им се подобри резултатите во работењето“ вели Ана Јурак, менаџер во одделението за деловни корисници на едукативниот концепт Edukido.
Франшизниот систем „Училиште за брзо читање и мудро учење“ пристигнува и во нашата земја. Потпишан е договор за мастер франшиза.
PROFIT franchise services, дел од групацијата PROFIT system (PROFIT system sp. z o.o.), како издавач на Franchising.mk ве информира дека не собира ниту обработува податоци испратени преку формуларот за контакт (образец за контакт). Сите информации внесени во образецот за контакт се испраќаат по електронска пошта до организаторот на франшизниот систем, како што е наведено во каталогот. Системот што ги прима испратените податоци ќе ги користи за да повратно пружи повеќе информации за сопствениот бизнис. Испраќањето на лични податоци е доброволно, а организаторот на системот кој прима податоци од образецот за контакт е воедно субјектот одговорен за собирање и обработка на лични податоци.