Андреј Томљеновиќ, Car Foil Shop / Станавме дел од системот што функционира низ целиот Балкан, што нè прави посилни од оние кои самостојно работат во овој бизнис.
Понеделник
17.12.2018
Андреј Томљеновиќ од Осиек веќе четири години самостојно се бавел со вградување на авто-фолии. Размислувајќи за проширување на својот бизнис, дошол до Car Foil Shop.
 

 Денес тој е примател на мастер франшиза за овој бренд, задолжен за пазарите на Хрватска и Словенија.

Андреј Томљеновиќ вели дека кон оваа индустрија најмногу го привлекло тоа што се работи за креативна и динамична работа. Спротивно на вообичаеното мислење, апликацијата на фолии не е ограничена само на автомобили. - Во овој бизнис можете да постигнете онолку колку досегнува вашата фантазија. Би рекол дека нема граници. Покрај тоа, работам со различни луѓе од сите сфери на животот и со различни економски активности, што го прави овој бизнис уште поубав - вели Томљеновиќ.

Иако неколку години самостално го развивал својот бизнис, на крај одлучил да земе франшиза од истата област затоа што услугата на апликација на фолии сакал да ја обедини со продажба. Неговата компанија Manus Dei така станала примател на мастер франшизата Car Foil Shop за територијата на Хрватска и Словенија.

- Јас не се одлучив за тој потег преку ноќ. Со Ѓорѓе Станковиќ, сопственикот на Car Foil Shop, стапив во контакт уште пред две години. Видов дека тоа е одличен франшизен систем кој комбинира продажба и услуги, што јас самиот сакав да го понудам на пазарот. Решив да земам франшиза бидејќи CFS веќе имаше многу широк спектар на фолии и сигурен канал за набавка со што немаше потреба да ние од нула градиме нов систем. Покрај тоа, на овој начин, станавме дел од систем кој функционира низ целиот Балкан, што нè прави посилни во споредба со оние кои го работат овој бизнис самостојно. Да се ​​биде дел од мрежата може да донесе предности само ако знаеш како да ги користиш - објаснува Андреј Томљеновиќ.

- Фактот дека имаме секојдневна поддршка од некој кој уште подолго е во овој бизнис, може да помогне да побрзо се добијат одговори на конкретни прашања, решат некои недоумици или проблеми при работењето. Давателот на франшиза ни помага и во маркетингот, бидејќи нивниот бизнис во Србија е веќе на респектабилно ниво - додава Томљеновиќ.

За промоција на бизнисот најчесто ги користат социјалните мрежи, но и реклами на јавни површини - билборди.

- Конкуренцијата во оваа дејност во Хрватска е навистина голема, но можам слободно да кажам дека тоа е здрава конкуренција која секогаш те тера да бидеш подобар. Нашата предност е во тоа што имаме веб-продавница и широк избор на квалитетни фолии. На пример, исто така нудиме британски фолии кои се во врвот на автомобилската индустрија. Со такви материјали и квалитетната услуга, ние се издвојуваме од масите - вели Томљеновиќ.

Клиентите се разновидни - студенти, работници, претприемачи, па се до компании. Целна група во овој сегмент, всушност, се луѓе од сите возрасти. - Интересно е тоа што ние, покрај редовните барања за апликација на фолии на автомобили (кој е најчест продажен сегмент), се повеќе добиваме барања од наутичкиот сектор - особено за услугата на облепување на бродови - открива овој претприемач.

Меѓутоа, тие не застанале само во овие сектори, туку фолиите ги продаваат и на хотели, банки, деловни објекти, канцеларии за внатрешен дизајн. - Ја завршивме понудата за апсолутно сите сфери на бизнисот, а покрај сè што имаме, имаме понуда за приватни вили и апартмани - вели тој.

Тој не се жали на деловното опкружување, но додава дека многу зависи од самите претприемачи. - Тоа е една голема тема за која многу може да се зборува. Самото окружување е на нас, ние самите го создаваме - не целосно, но 80% е до нас - начинот на кој ќе работиме и го претставуваме својот бизнис, начинот на кој ќе го насочуваме и ќе ја развиваме мрежата на клиенти. Најголемиот товар во нашата индустрија се недоволно едуцираните компании кои се занимаваат со оваа работа, а со самото тоа и пазарот е "отруен" со погрешни информации, со што и нашата работа станува потешка.
Токму концептот на франшиза е одличен по ова прашање, бидејќи се стекнува целосно знаење за материјалите, апликацијата, примената, продажбата, рекламирањето. Како резултат на тоа, излегувате пред клиентот со сигурни, јасни и брзи решенија што ќе доведат до создавање доверба и отворање на нови бизнис можности
- објаснува Томљеновиќ..

Неговата компанија за сега ја покрива територијата на цела Хрватска и Словенија, иако нивното седиште е во Осиек. - Во останатите делови на земјата работиме апликации кога ќе формираме критична маса на клиенти во одредено подрачје. Само тогаш одиме да завршиме работа, и за тие цели изнајмуваме место за работа. Неодамна бевме во Сплит - објаснува тој.

Како мастер франшизер за територијата на Хрватска и Словенија, тој има намера и понатаму да ја развива франшизата преку давање на индивидуални франшизи на други заинтересирани претприемачи. - Луѓето веќе ни се јавуваат, имаме заинтересирани, така што сме оптимисти во врска со проширувањето на мрежата во други градови. Постои опција за некој да купи франшиза која ќе ги интегрира и сервисот и продажбата, но мислам дека тоа е помалку реална опција бидејќи е потребна поголема инвестиција. Наш совет е луѓето прво да ја земаат франшизата за услуги, да почнат да работат со мали вложувања, и ако потоа се открие потребата за продажба, ние сме отворени за соработка од секој тип, па дури и за партнерство - објаснува тој.

Идеалниот примател на франшизата би бил оној кој веќе има одредено искуство, но, како што кажува, не верува дека некој кој веќе го работи ова би се јавил да земе франшиза. - Затоа за нас искуството е пожелно, но не е од суштинско значење, бидејќи ние секако ќе го обучиме примателот на франшиза и ќе му ги пружиме сите неопходни знаење. Најважно е да примателот има волја и, како што би рекле, "лесни раце", бидејќи нашата работа е педантна, чиста, креативна. Се разбира, со цел да се постигне успех, исто така е важна упорноста - нагласува тој.

Влезниот надоместок за поединечната франшиза на Car Foil Shop на пазарот на Хрватска и Словенија нема да се наплаќа. Андреј Томљеновиќ објаснува дека, сепак, станува збор за специфични пазари каде франшизата не е доволно развиена, исто како во Србија, и дека е тешко да се наплаќа таква такса. - Замисливме да нема влезни надоместоци, туку дека примателот на франшизата ги покрива трошоците за потрошените материјали за време на обуката и за трошоците за престој, јадење и патување. Неговата обврска би била да плати симболичен надоместок за маркетинг кој би се користел за промовирање на целиот франшизен систем - на пример, зајакнување на позицијата на Гугл и слично. Од друга страна, неговата обврска е дека материјалот е купен исклучиво од нас, а ние, пак, му нудиме привилегирани цени - вели Томљеновиќ.

 

 


Car Foil Shop / Идеален примател на оваа франшиза е претприемач со искуство, но ова не е од клучно значење. Сите партнери мораат да поминат обука и ќе им биде пружено сето потребно знаење.

погледнете ги текстовите

Сигурна поддршка во франшизното семејство /22.09.2021

Околностите ги натераа Војислав Пековиќ и Александра Милосављевиќ да отворат училиште за ментална аритметика „Малац генијалац“ во Скопје, наместо во Белград. Велат дека, потенцијал за отворање на нови училишта постои речиси во сите градови во Северна Македонија.

За нов почеток – училиште за програмирање /15.10.2020

Какви очекувања може да имаат претприемачите од регионов кои ќе ја изберат франшизата на полското училиште за програмирање Coding Giants? Приказната на Иза Порадовска од Полска може да биде интересен пример

Со DepilConcept до сопствен бизнис /05.08.2019

Од април 2019 во Србија работи DepilConcept, португалски франшизен систем специјализиран за епилација. Примателите на мастер франшиза за овој пазар откриваат што го издвојува DepilConcept од другите - како концепт и како бизнис.

Од хокеј до Сабвеј /05.03.2019

На почетокот бевме и загрижени – како ќе започнеме бизнис со кој никогаш не сме се занимавале! Меѓутоа сфативме дека купувањето на Subway франшизата значи дека ќе имаме постојана помош и поддршка – вели Петер Фрухауф, познат словачки хокеар.

Кога ќе се спојат пријатното и полезното /06.02.2019

Ивана Коприванац стана примател на Husse франшиза во пресуден момент во животот. Иако со досегашните резултати е задоволна, смета дека претприемачот секогаш мора да тежнее кон подобро.

најчитани

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Создавање на нови искуства - оваа франшиза од регионот така го освојува светот! /02.12.2019

Carwiz е rent-a-car франшизa од Хрватска која продолжува со ширењето на мрежата на неколку континенти. Ни откриваат како го создале франшизниот систем и што е потребно за освојување на светските пазари.

Право на територијална ексклузивност /16.07.2021

Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

популарно во форумот