Вторник
17.07.2018
Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.
 

Самиот поим “франшиза“ во земјите од англиско говорно подрачје значи надомест од една компанија на друга за дозволата да продава стока или услуги на одредена територија. Во Европа, поточно во поголемиот број европски држави, па и во Македонија, во употреба е потесна дефиниција на терминот франшиза. Со поимот франшиза се нарекува долгорочната, цврста договорна соработка помеѓу независни стопанственици, даватели и приматели на франшиза, каде давателот на франшиза му обезбедува на примателот сет на знаења за водење на бизнисот и му го отстапува својот бренд.

Авторите J. N. Adams-a (Адамс) и K. V. Prichard Jones-a (Причард Џоунс), но и S. Jedrzejewski (Једжејевски), сугерираат две различни значења на зборот “франшиза“. Во потесен смисол, таа е договор за дистрибуција дополнет со право на користење на заштитниот знак на производителот од страна на дистрибутерот. Во поширок смисол, франшизата е договор под кој една од страните и дава право на користење на својот бренд и знаења на другата страна, притоа пружајќи подршка и совети (знаење) во водењето на бизнисот (и на самата компанија), и со надзор над бизнис активностите на двете страни - над себе си и над примателот.

Според Мартин Менделсон (Martin Mendelsohn), можеби и најпознатиот  автор за франшизинг, самиот термин франшиза станал повеќе популарен со ширењето на тн. концепт на франшизно работење, кој подразбира давање на лиценца од едната страна (давателот на франшиза) кон другата страна (примателот на франшиза). Оваа лиценца му дава право на примателот на франшиза да го води бизнисот под брендот (траговска марка, заштитен знак) на давателот на франшиза и да користи франшизен пакет, кој ги содржи сите неопходни елементи за воспоставување на независна компанија која ќе работи, покрај активна асистенција на давателот на франшиза, по однапред утврдени правила.

Според Барбара Покорски, авторката на “Лексикон на франшиза“, најпознатите дефиниции сепак можат да се најдат во два вида на прописи: во етичките кодекси на франшизните асоциации и антимонополското законодавство. Со европскиот етички кодекс на франшизно работење, франшизата е дефинирана како систем на трговија со добра (стоки) и/или услуги и/или технологија, која се базира на блиска и перманентна соработка на правно и економски независни претпријатија сопственици на франшиза - даватели на франшиза, и поединечни корисници на франшиза - приматели на франшиза, каде сопственикот гарантира на своите  корисници право и наметнува обврска да го водат бизнисот во склад со концептот на франшиза. Правото им овозможува и ги обврзува примателите на франшиза, да во замена за директен или индиректен финансиски надомест го користат заштитниот знак на давателот на франшиза за производ или услуга, know-how, деловни и технолошки метои, систем на процедури и други права на индустриска или интелектуална сопственост, покрај постојана комерцијална и технолошка подршка, во рамките и на временски рок одреден во писмениот франшизен договор, кој, во вакви цели се заклучува помеѓу странките.

Дел од здруженијата (асоциациите) за развој на франшизингот, исто така се држат за дефиницијата содржана во Европскиот етички кодекс на франшизно работење, но и ја прошируваат дефиницијата со дополнително објаснување по кое франшизингот може да се третира како обединување на расположивите средства и способности. Давателот на франшиза, според таа дефиниција, вложува почетен капитал, знаење и искуство, а примателот на франшиза го дава својот придонес низ дополнително вложување на капитал, мотивција и деловно искуство на многу и различни пазари. Франшизингот а сложен, сеопфатен деловен однос, а не само однос купувач-продавач.   

Постои висок ниво на меѓузависност помеѓу давателот и примателот на франшиза. Франшизата подразбира и утврдена форма и систем на водење на бизнисот и заеднички комерцијален идентитет.

Лаички кажано, франшизата е деловно здружување во кое успешен бизнис концепт, кој успешно делува на некој терен, се клонира/пресадува од својот матичен терен на некој друг, по систем “клуч на рака“ 

Франшизата се состои од деловен пакет кој содржи: марка или марки (жиг или бренд), состав или know-how, деловно искуство, постојана стручна поддршка, маркетинг и ПР, обука, прирачник, стока или услуга. За влез во претприемништво купувањето на франшиза е, статистички, посигурен начин на започнувње на сопствен приватен бизнис, затоа што е во интерес на двете страни (давател и примател на франшиза), бизнисот да успее и да се развива. Со купувањето на франшиза се продаваат стоки и услуги кои веднаш се препознаваат на пазарот, затоа што некаде веќе успешно работат. Битно е да при купувањето на франшиза се добие обука и подршка која ќе придонесе кон успехот.


PROFIT system

погледнете ги текстовите

Двете лица на франшизингот /17.01.2020

Кога купуваат франшиза, претприемачите сметаат дека самостојноста ќе ја заменат со полесно и поуспешно отпочнување и водење на бизнисот. Кои се добрите, а кои помалку привлечните страни на овој модел на работење?

Што е Discovery Day? /02.04.2019

Discovery Day ( Ден за запознавање) е вообичаерн термин, но и „обичај“ во многу земји во кои франшизната форма на водење бизнис е многу развиена. Наједноставно, Discovery Day е ден во кој, како заинтересиран кандидат за купување франшиза, за прв пат, „во живо“ се запознавате со франшизниот систем. И обратно!

Европски етички кодекс за франшизи /26.10.2018

Овој Европски етички кодекс е надградена верзија на Кодексот на Европската франшизна федерација (ЕФФ), кој e усвоен во 1972 година, а неговата последна измена е во 2016 година, изменета првпат по 2003 година, откога датира неговата претходна верзија.

Франшизен пакет /17.07.2018

Франшизен пакет е основата на франшизниот систем, бидејќи го содржи комлетниот бизнис пакет кој го нуди сопственикот на франшизата.

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

најчитани

Право на територијална ексклузивност /16.07.2021

Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

Сигурна поддршка во франшизното семејство /22.09.2021

Околностите ги натераа Војислав Пековиќ и Александра Милосављевиќ да отворат училиште за ментална аритметика „Малац генијалац“ во Скопје, наместо во Белград. Велат дека, потенцијал за отворање на нови училишта постои речиси во сите градови во Северна Македонија.

Кога кафето ќе стане повеќе од задоволство /12.08.2021

Франшизниот ланец МЕРОН планира да го прошири својот концепт на кафетерии во сите земју од Европската Унија. Отворени се за соработка и со претприемачите од земјите во регионот.

Можност во чудесниот свет на музеите /07.02.2022

Тие сакаа да понудат уникатно искуство кое ќе ги спои забавата и образованието и ќе привлече посетители од сите возрасти. „Музејот на сетилата“ за кратко време стана неизбежна атракција и ги наведе основачите сега да понудат и франшиза.

популарно во форумот