Петок
17.01.2020
Кога купуваат франшиза, претприемачите сметаат дека самостојноста ќе ја заменат со полесно и поуспешно отпочнување и водење на бизнисот. Кои се добрите, а кои помалку привлечните страни на овој модел на работење?
 

Изграден бренд, докажана деловна идеја и know-how наспроти франшизен надомест и контрола од давателот на франшизата. Накратко, тоа би биле типичните аргументи „за“ и  „против“, кои неизбежно се идентификуваат кај претприемачите заинтересирани за купување франшиза. Која страна на франшизингот ќе надвладее при донесувањето на одлуката, зависи од многу фактори, а ние ќе ги разгледаме двете страни.

Упатства со карактеристично лого

Се вели дека купувањето на франшиза го намалува ризикот во работењето, најмногу заради тоа што сопственикот на концептот (давателот на франшизата) на примателите на франшизата им пренесува специфични деловни знаења (know-how) и потврдени постапки кои се создадени низ повеќегодишното искуство. Благодарение на тоа, примателите на франшиза можат да избегнат некои типични почетнички грешки на претприемачот, кои би ги чинеле многу време и пари. Според тоа, оној кој ќе се определи за купување на франшиза, пректично добива готов и проверен модел на работење, а покрај тоа може да смета на постојана помош од давателот на франшиза – од уредување и опремување на ентериерот (во согласност со стандардите на франшизата), обуки, до целосна поддршка додека трае соработката. Генерално кажано, примателите на франшиза сметаат на препознатливост, добар имиџ и поголем промет од самиот почеток.

Симбиоза помеѓу двете страни

Давателот на франшизата - односно компанијата која го продава својот деловен концепт, треба да се погрижи и нејзините франшизни партнери да ги постигнат истите посакувани резултати. Тоа значи дека освен брендот и know-how, давателот на франшизата, како што споменавме, треба да даде помош и поддршка на своите партнери речиси за секое прашање поврзано со работењето. Да ја земеме
локацијата за пример. Иако пронаоѓањето на соодветен простор за подружница е задача на примателот на франшизата, давателот треба да направи проценка на неговиот потенцијал. Врз основа на искуството, давателот ќе знае дали бизнисот на таква локација ќе го има посакуваниот ефект и дали би бил профитабилен. Може да се случи планираните трошоци за уредување на просторот да се потрошат пред се за поправки и приспособување, што секако би влијаело на профитабилноста на
бизнисот, односно би го одложило периодот на поврат на инвестицијата. Иако повеќето франшизни системи однапред пропишуваат какви локации доаѓаат во предвид, ова прашање посебно е важно за франшизите од областа на гастрономијата и угостителството, бидејќи, по правило се работи за локали кои се скапи и кои бараат посебни услови.

Важен дел од поддршката на која примателот на франшизата може да смета е обуката. При тоа, низ овој процес на пренесување на знаење не минува само примателот како иден сопственик на
бизнисот, туку и сите негови вработени. На пример - примателот кој ќе купи франшиза за туристичка агенција, покрај тоа што влегува во тајните на функционирањето и водењето на оваа дејност, ги учи и техниките на продажба, го совладува системот на резервации, продажба на туристички тури, aвионски билети, полиси за осигурување. Примателите на франшиза кои отвaраат продавница за облека се обучуваат за познавање на асортиманот кој се нуди, услугите за клиентите и комуникацијата со купувачите. Давателот на франшиза за услугата миење автомобили, ги учи новите франшизни партнери како да ја користат опремата и средствата за миење, чистење и одржување на aвтомобилите. Сите франшизни системи, во принцип, ги обучуваат своите приматели и како да работат на промотивни и маркетинг кампањи. Се на се, важно е примателот на франшиза да може да се потпре на давателот и на почетокот, додека се оспособува, и подоцна кога прометот и обемот на работа се зголемуваат.  

image

Поголем систем, поголеми можности 

Една од најважните предности при купувањето франшиза е полесниот пат по кој се доаѓа до проверени доставувачи и подобри услови при набавувањето стока и услиги. Франшизната мрежа која ја сочинуваат и подружниците на давателите и сите подружници на примателите на франшизата, има голема куповна моќ, што му овозможува на давателот да преговара со произведувачите и трговците на големо за пониски цени. Исто така, треба да се смета и на предностите од заедничкиот маркетинг. Кампањите кои ги спроведува давателот ги промовираат вредностите и визиите на целата мрежа и достигаат до таму до каде независните претприемачи можат само да сонуваат. Дури и во овој случај, примателот на франшиза, како самостоен претприемач, тешко би можел да организира голема рекламна кампања во национални медиуми. Тоа, од друга страна, пак и не би имало економска оправданост бидејќи дејствувањето на примателот е ограничено на една помала област. Сепак, од кампања на национално ниво подеднакво полза имаат сите одделни приматели на франшиза, без оглед во кој дел од државата работат и колкаво подрачје покриваат. 

Не постои „бесплатен ручек“

Франшизниот систем не е добротворна организација. Тоа значи дека давателот ќе го наплати пренесувањето на know-how и правата за користење на брендот преку франшизниот надомест. За примателите на франшиза тоа преставува оптоварување, особено во почетокот на работењето. Покрај тоа што треба да се издвои за еднократен влезен надомест со што примателот добива право да го земе брендот и да пристапи кон посакуваниот систем, тука треба и месечно да се издвојува за редовниот надомест. Во некои мрежи се работи за фиксен износ, а во други како процент од прометот. Освен тоа, примателот на франшиза одреден процент од прометот вложува и во заедничкиот фонд за маркетинг од кој се финансира промоцијата на брендот. Во одредени системи давателите на франшиза не наплатуваат надомест, но тоа не значи дека користењето на нивната лиценца е бесплатна. Бидејќи главно се работи за трговски франшизи, примателот на франшизата по правило е должен со стока да се снабдува од давателот. Така, редовниот надомест се наплатува индиректно, како маржа за набавената стока. Без оглед на начинот на плаќање, искуството покажува дека колку е попрофитабилен системот и колку е поголема безбедноста која ја купува примателот на франшизата, толку е поголем и надоместокот кој треба да го плати.

Потребна е контрола

Можноста давателот на франшиза во секој момент да има право да ја провери работата на франшизниот партнер, понекогаш може да ја отежне одлуката на претприемачите кои размислуваат да купат франшиза. Сепак, контролата е еден од темелите на франшизната соработка и не може да се одбегне, но не треба и да се демонизира. Примателот на франшизата треба да сфати дека како замена за сите предности на франшизната соработка, се одрекува од самостојноста. Во одредена смисла, контролата е и полезна. Да замислиме ситуација во која сите партнери во мрежата се придржуваат на истиот стандард за квалитет, освен еден недисциплиниран примател. Доколку давателот тоа не го забележи и не преземе одредени мерки, таа франшизна единица би можела сериозно да го загрози угледот на целата мрежа. Заради тоа давателот на франшиза мора да воспостави јасни правила и да проверува дали партнерите се придржуваат кон нив. На крајот на краиштата, кога купуваат франшиза, примателите се согласуваат на сите одлуки од овој модел на деловна соработка, вклучително и некои помалку атрактивни.

За крај, потребно е да се земе предвид и следново: може да се случи сопственикот на брендот и покрај големото искуство и потврдени резултати, да направи грешка. Како на пример да воведе новина во работењето која ќе се покаже како неуспешна и со тоа да нанесе огромна штета на партнерите. Со тоа репутацијата на брендот и системот би биле загрозени, па дури и уништени, но не заради примателот на франшизата. Ваквите случаи се ретки, но како и во секој бизнис, ризик има. Купувањето на франшиза не е гаранција, туку можност и поголема веројатност за успех.


погледнете ги текстовите

Што е Discovery Day? /02.04.2019

Discovery Day ( Ден за запознавање) е вообичаерн термин, но и „обичај“ во многу земји во кои франшизната форма на водење бизнис е многу развиена. Наједноставно, Discovery Day е ден во кој, како заинтересиран кандидат за купување франшиза, за прв пат, „во живо“ се запознавате со франшизниот систем. И обратно!

Европски етички кодекс за франшизи /26.10.2018

Овој Европски етички кодекс е надградена верзија на Кодексот на Европската франшизна федерација (ЕФФ), кој e усвоен во 1972 година, а неговата последна измена е во 2016 година, изменета првпат по 2003 година, откога датира неговата претходна верзија.

Франшизен пакет /17.07.2018

Франшизен пакет е основата на франшизниот систем, бидејќи го содржи комлетниот бизнис пакет кој го нуди сопственикот на франшизата.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

најчитани

Полека и сигурно до франшиза /06.07.2021

Доколку водите мал бизнис што може лесно да се „реплицира“, франшизингот е идеален начин за проширување на вашиот бизнис. Сепак, кои се основните предуслови за развој на успешна франшиза?

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

Со DepilConcept до сопствен бизнис /05.08.2019

Од април 2019 во Србија работи DepilConcept, португалски франшизен систем специјализиран за епилација. Примателите на мастер франшиза за овој пазар откриваат што го издвојува DepilConcept од другите - како концепт и како бизнис.

Закрепнувањето носи нови франшизи /22.06.2022

– Туристичкиот сектор закрепнува, а со тоа расте и интересот за франшизата на CityPa – вели Жељко Гобац, основач на CityPal платформата, преку кој туристите се запознаваат со најдобрите локални препораки

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

популарно во форумот