Градиме подобра иднина

Амир Асор, основач на e2 Young Engineers / „Образованието првенствено претставува стекнување на вештини - а не само прибирање на информации.“
Среда
04.08.2021
„Секој кој што ја препознава убавината на нашата едукативна мисија е квалификуван за примател на франшизата Young Engineers“, вели основачот на овој американски едукативен концепт, Амир Асор
 

Амир Асор е млад претприемач со докажани резултати и човек кој ја разбира иднината. Пред повеќе од 10 години, тој го основа e2 Young Engineers, училиште кое ги афирмира STEM * и инженерските вештини кај децата, користејќи забавни, интересни и практични методи на учење, кои се среќаваат ретко во традиционалното школување. Покрај тоа што пронајде неискористена можност на пазарот, Амир Асор стана и еден од лидерите на новиот бран во секторот за воннаставното образование. Поради позитивното влијание врз бројните посетители на училиштата на Young Engineers, кои што се присутни во повеќе од 50 земји, Асор беше прогласен за претприемач на годината (Youth Business International Entrepreneur of The Year Award) во 2011 година.

Го прашавме, што го наведе да започне бизнис во образовниот сектор, зошто е ова добра деловна можност, кој би можел да стане примател на франшизата и колку капитал е потребен за да се отвори училиште во земјите од овој регион.

Што ве инспирираше и поттикна да го отворите Young Engineers?

Не можам да кажам дека носам најпозитивни искуства од училишните денови. Дури кога се запишав на факултет, открив дека, всушност и не сум толку лош студент ... (смеа) Кога ќе пораснеш, разбираш како се менува светот, гледате како се развива деловниот сектор. Имав можност да работам со деца и тогаш увидов дека технологијата се менува многу брзо, додека образовниот процес многу бавно. Никој не го стекнува најдоброто и најнапредното знаење само во училиште. Искуството доаѓа од различни страни.

Кога би можеле да се вратите 20 години наназад и да се обидете да предвидите какви професии ќе постојат денес, веројатно не би имале идеја. Па дури и во овој момент, ако треба да замислиме занимања што ќе бидат актуелни за 20 години, веројатно повторно не би успеале. Кога ќе дојдете до тоа сознание, сфаќате дека образованието мора да биде неспоредливо пошироко и посеопфатно.

И двајцата мои родители се просветни работници. Мислам дека дел од инспирацијата доаѓа и од нив. Меѓутоа, за мене лично, образованието е првенствено за стекнување вештини - а не само за собирање на информации. Верувам, всушност, дека образовниот процес не треба да биде толку фокусиран на усвојување информации, колку на развој на способности и вештини. Тоа е единствениот начин да се подготват децата за пазарот на трудот во 21 век. Ако знаете да размислувате, можете да постигнете многу. Ако имате само информации, ќе правите работи што се исклучиво поврзани со тие информации - што е големо ограничување.

Како се развиваше и растеше Young Engineers концептот од основањето во 2008 година?

Нашиот бизнис постојано расте, и како што може да се види, најмногу благодарение на развојот на франшизната мрежа. Од друга страна, како што расте бизнисот на нашите франшизни приматели, така расте целиот систем - успешните приматели на франшизата, по правило, одлучуваат да ја прошират својата понуда, да воведат нови образовни програми и да отворат училишта на нови локации. Во моментов функционираат 200 приматели на франшизата во мрежата „Young Engineers“.

Знаете, кога ќе прашате давател на франшиза, тие обично велат: Имаме 1.000 или 2.000 приматели на франшизата, но тоа не е навистина така. Честопати оваа бројка се однесува на бројот на франшизните единици. Сепак, ние имаме повеќе од 200 единици, а всушност, 200 луѓе кои ги водат своите бизниси во повеќе од 50 земји низ целиот свет.

Дали сметате дека бизнисот е добро позициониран за предизвиците во иднина и за „Големото ресетирање“ - реорганизација на светската економија најавена на Светскиот економски форум?

Никој во суштина не знае што значи „Големо ресетирање“. Поминав часови размислувајќи што точно треба да значи и што ќе се случи ... Ако треба да претпоставувам, мислам дека ќе има врска со економија на споделување, вештачка интелигенција и блокчејн технологиите.

Мислам дека сме добро подготвени за таква иднина. Ова не враќа во позиција, кога не знаете што е следно, да треба да бидете вешти. Треба да знаете како да размислувате - како да поставите прашање, од која страна да му пристапите на предизвикот. Накратко, ја развивате вештината за пристап кон проблемот.

Се разбира, концептот постојано се развива - нашите тимови напорно работат на тоа. Неодамна ги започнавме програмите Algo Play и Algo Buddy, кои им овозможуваат на децата да го искусат светот на кодирање и роботика - надвор од компјутерскиот екран. Во суштина, ние ги „вградивме“ вообичаените елементи за кодирање во опиплива форма - коцка, односно блок. Така, наместо да пишувате секвенца за кодови, вие само организирате низа на коцки кои носат некаква информација во процесот на кодирање. Ова во суштина, ги опфаќа сите основни елементи на кодирањето, како што се условите и разгранувањето во повеќе низи. Сите оние страшни работи од кои обично би се исплашиле во текот на студиите за програмирање (се смее) - само што нашите се направени по мерка за детето, па така тоа станува природно за нив.

Визуелизацијата е важна за децата. Ние никогаш не велиме: Ајде да направиме нешто комплицирано!, туку: Еј, ајде да направиме нешто забавно! Можеме да ја програмираме оваа машина да прави нешто што сакаме. Ајде да го програмираме роботот да оди од ова место до она таму. Или: Ајде да го програмираме роботот да се радува кога топката ќе помине низ кошот!

Кој може да стане примател на франшизата и да отвори училиште Young Engineers?

Апсолутно секој што сфаќа колку е важно да се подготват децата за пазарот на трудот во 21 век. Секој што ќе признае дека ова е исклучителна можност и важна мисија. И, се разбира, секој што ја гледа забавната страна на овој бизнис.

Обично, примателите на франшизата се поделени во две групи.

Првите се оние кои имаат претходно искуство во работата со децата. Знаат како да им пристапат на децата и да им објаснат едноставни задачи. Подоцна, децата тоа ќе го изградат со коцки и сигурно ќе го разберат проблемот - што значи дека, предавачот или инструкторот треба да направат едноставен вовед и да ја постават почетната точка. Образовната страна не е толку тешка и мислам дека голем број луѓе, со некои основни вештини, можат да се занимаваат со оваа работа.

Вториот тип се луѓе кои добро ја разбираат нашата мисија, но кои не би можеле сами да се занимаваат со оваа работа. Или, едноставно, тие не се заинтересирани да учествуваат во образовниот процес. Во тој случај, може да се ангажираат предавачи и инструктори, што не е премногу тешка задача.

Во суштина, секој што ја препознава убавината на нашата мисија е квалификуван како примател на франшизата Young Engineers.

Колку е потребно да се инвестира за отварање на франшизата?

Инвестицијата не е премногу голема. Со, да речеме, 5000 американски долари како почетен капитал, е можно да се покријат сите трошоци потребни за отворање на училиште, со големи шанси за успех. Сепак, конечниот износ најмногу ќе зависи од големината и опремата на училишните простории, а максималната инвестиција може да изнесува до 20.000 долари.

_____

* STEM – Science, Technology, Engineering, Mathematics


Бизнисот континуирано расте, најмногу благодарејќи на развојот на франшизната мрежа / Вложувањето во отварање на франшизна едници се движи од 1,5 до 20 илјади долари. Конечната сума најмногу зависи од големината и опременоста на училишните простории.

погледнете ги текстовите

Сигурна поддршка во франшизното семејство /22.09.2021

Околностите ги натераа Војислав Пековиќ и Александра Милосављевиќ да отворат училиште за ментална аритметика „Малац генијалац“ во Скопје, наместо во Белград. Велат дека, потенцијал за отворање на нови училишта постои речиси во сите градови во Северна Македонија.

Вмрежување на Европа /23.04.2021

Полското училиште за програмирање за возрасни Coders Lab е отворено во две нови европски земји, а моментално се активни и нови дополнителни поволности за потенцијалните партнери од регионот.

Без застој во образовниот сектор /19.03.2021

Франшизите од секторот за едукација на децата, продолжија да ги шират своите мрежи, дури и за време на пандемијата. Неколку системи веќе потпишаа франшизни договори и започнаа со деловна активност во земјите и од овој регион.

За нов почеток – училиште за програмирање /15.10.2020

Какви очекувања може да имаат претприемачите од регионов кои ќе ја изберат франшизата на полското училиште за програмирање Coding Giants? Приказната на Иза Порадовска од Полска може да биде интересен пример

Оnline наставата успешна /05.09.2020

Полскиот франшизен систем на училишта за програмирање, Coding Giants , има намера да отвори училишта во земјите од регионов. Што научија во време на пандемијата со коронавирусот и како тоа може да биде предност за идните приматели на франшиза?

најчитани

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Право на територијална ексклузивност /16.07.2021

Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

Закрепнувањето носи нови франшизи /22.06.2022

– Туристичкиот сектор закрепнува, а со тоа расте и интересот за франшизата на CityPa – вели Жељко Гобац, основач на CityPal платформата, преку кој туристите се запознаваат со најдобрите локални препораки

популарно во форумот