Оnline наставата успешна
Ниту една сфера од животот не остана непогодена од пандемијата со коронавирусот. Состојбата која кон средината на март ја зафати Европа како последица од затворањето на училиштата, беше испит и за наставниците и за учениците. Практиката покажа дека денеска, повеќе од кога и да е, потребно е да се преиспитаат востановените правила за подучување, колку е важно да се воведе online настава и да се развијат ефикасни комуникации со учениците „на далечина“.
Како што истакнува Радослав Кулеша, еден од основачите на училиштето за програмирање Coding Giants од Полска, образованието после коронавирусот нема да биде исто.
- Пандемијата секако ќе влијае на понатамошниот развој на образовниот сектор. Многу родители ни се јавија и ни потврдија дека биле оддушевени од нашата online настава, иако претходно се сомневале во нејзината обмисленост или пак веднаш ја одбивале. Секако, голем дел од поддржувачите на класичната настава со нетрпение чекаат да се вратат во училишните клупи, но online наставата носи други предности. Само да споменеме дека учениците не мораат да патуваат, а можат да применуваат online алатки за учење на своите комјутери. Тоа, во комбинација со квалитетната настава влијаело на зголемувањето на заинтересираноста за online курсевите од страна на нашите ученици и нивните родители – објаснува Кулеша.
Искористете го откриениот потенцијал
Моментната состојба е одлична можност за прифаќање и воведување на online едукативни алатки кои до сега се покажаа успешни во наставниот процес, смета Кулеша. Заради брзиот развој на науката и технологијата, наставните планови и програми за нивното спроведување ќе мора да претрпат одредени промени, вели тој.
- Искуството од последните месеци ни покажа дека online наставата има потенцијал, но и дека не се сите подготвени за ваквата трансформација и не го сториле тоа како што треба. Ваквиот начин на работење бара, пред се од предавачите, да бидат оспособени и да научат како ефикасно да ги користат online алатките. Од друга страна, никој не ни помислувал дека воведувањето на online наставата ќе биде брзо и едноставно. Ние планиравме со online настава да започнеме најрано во октомври, за на крајот да успееме тоа да го сториме и во март. Првите часови ги одржавме само 10 дена по официјалното затворање на училиштата во Полска – вели Радослав Кулеша.
Дека се работи за успешно преминување кон online настава потврдуваат и повеќето посетители на овие училишта за програмирање. Тие оцениле дека курсевите на „далечина“ биле исто толку добри, дури и подобри од класичните предавања во училница.
Предност и за примателите на франшиза
Може ли ваквото искуство да биде од полза откако Coding Giants ќе започне со развивање на мрежата и на други пазари? Кулеша смета дека развиената и тестирана online платформата за учење на далечина ќе биде една од конкурентските предности за Coding Giants. Пазарот на приватни училишта за програмирање незапирливо се шири, а состојбата како актуелната пандемија со коронавирусот покажува дека малите бизниси треба да бидат подготвени за се понеизвесната иднина, вели тој.
Потенцијалниот примател на Coding Giants франшизата нема потреба од искуство во IT областа. Секако тоа би било предност. Менаџерското искуство е поважно, истакнува Кулеша. – Доколку примателот на франшизата нема искуство од областа на информатичката технологија, ние сме тука да им помогнеме околу сите технички и кадровски прашања. Ќе го обучиме како и каде да ги бара соодветните предавачи. Во практиката, примателот на франшиза треба само да објави оглас за вработување и да ги прибере пристигнатите биографии. Ние ќе им помогнеме при изборот и обуката на кандидатот за предавач. Покрај тоа, примателот од нас ќе го добие потребниот know-how, едукативниот и пропаганден материјал, како и пристап до CRM системот – вели Радослав Кулеша.
Оној што ќе се определи за купување Coding Giants франшиза би требало да обезбеди 6000 евра, што преставува почетна инвестиција која го покрива надоместот за лиценцата, опремата и уредувањето. Според проценките на давателите на франшизата од Полска, за опрема треба да се издвојат околу 700 евра, но во инвестицијата треба да се додадат и трошоците за набавка на лаптопи за учениците. Покрај тоа, примателот на франшизата треба да најде објект или простор од најмалку 30 м2 каде би се одржувале курсевите. За време на франшизната соработка се плаќа и редовен тековен надомест, кој може да биде определен како фиксен месечен или како месечна провизија од приходот на училиштето.
За мастер франшизата, пак, инвестицијата е малку поголема. Таа е предмет на договор со давателот на франшизата, бидејќи цената зависи од големината на територијата (пазарот) за кој се одобрува.

погледнете ги текстовите

Мултидисциплинарното училиште School & School формирана во БиХ, од неодамна дејствува и во Бугарија. Франшизата е достапна и во други земји од регионот.
Сплет на околности ги навел Воислав Пековиќ и Александра Милосавлевиќ да наместо во Белград, отворат училиште за ментална аритметика „Malac genijalac“ / „Малиот генијалец“ - во Скопје. Сега велат дека постои потенцијал за отворање на нови училишта во скоро сите градови во Македонија.
Полскиот франшизен синџир на училишта за англиски јазик Early Stage не запре со работата и покрај затворањето на училиштата. Часовите ги одржуваат online. Дали и примателите на франшиза го користат ова решение?
Покрај примателите на мастер франшиза, на „Училиште за брзо читање и мудро учење“ се придружија и два одделни приматели на франшиза во Македонија!
Вложувањето во образование е исплатливо, велат основачите на полското училиште за програмирање Coding Giants. Можност им се дава и на идните приматели на франшиза од овој регион.
најчитани

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…
За три дена, 7000 посетители на саемот на франшизи во Варшава имаа можност да погледнат и изберат помеѓу 200 франшизни брендови и бизнис идеи. Што го издвојува овој Саем и зошто се вели дека е направен „по мерка на претприемачите“?
Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.
Зошто рекреацијата и семејните забавни паркови се многу перспективни бизниси? Траболина парк WOOP! е добар пример за тоа, и можност за претприемачите кои се заинтересирани за да вложат во оваа област, да дојдат до успешна франшиза.
Големите хотелски ланци во Европа се почесто се определуваат за франшизниот модел на работење, се наведува во извештајот „Hotel Franchising in Europe 2019“ на консултантската куќа HVC.