Канадско образование и на Балканот

Една од најголемите светски франшизи од областа на образование / Maple Bear во овој момент работи во 24 земји во светот и располага со 530 образовни институции
Понеделник
10.01.2022
„Поддршката која што ја добиваме и на која што ќе може секогаш да сметаме, е клучна за франшизната соработка и светскиот успех на Maple Bear“, истакнува Љиљана Николова, како причина поради која што се одлучила за користење на франшизата на овој образовен систем.
 

Канадскиот образовен систем Maple Bear, кој ги носи најдобрите практики и методи на канадската двојазична настава, е присутен во повеќе од 20 земји. Во регионот на Централна и Источна Европа под франшизата на овој систем функционираат неколку образовни институции - во Бугарија, Романија и Албанија, а од септември 2021 годинава во Србија е отворена првата предучилишна установа Maple Bear.

Љиљана Николова од Софија е една од примателите на оваа франшиза, која во 2020 година се приклучи на големата едукативна мрежа на Maple Bear. Какви се нејзините искуства?

Отворивте градинка и основно училиште во Софија. Зошто се одлучивте за франшизата на Maple Bear?

За да успеете, треба да му верувате на вашиот партнер и да бидете сигурни дека предложениот бизнис модел е докажан и функционира во различни земји и култури. Канадската мрежа на училишта Maple Bear е пример за успешен образовен систем. Има докажани резултати и успева да развие високо функционален модел на образование, без разлика во која земја или култура е присутен.

Кои чекори примателот на франшизата треба да ги преземе пред отварање на училиштето?

Maple Bear внимателно ги избира своите партнери затоа што сака да одржи високо ниво на квалитет и да биде сигурна дека нивниот двојазичен наставен систем ќе биде беспрекорно имплементиран. Сепак, самата процедура е релативно едноставна. Го контактирав тимот на Maple Bear од Централна и Источна Европа преку нивната специјализирана веб-страница www.ownamaplebearschool.ca. Прво разговаравме за опсегот на нашиот проект во Софија, а по потпишувањето на договорот го започнавме процесот на приклучување и интегрирање на нашите институции во глобалната мрежа на Maple Bear. За академска поддршка беа задолжени тимови од Канада, околу 200 инструктори и 50 програмери, додека регионалниот тим ни ја обезбеди сета потребна оперативна и маркетинг поддршка.

Поддршката која што ја добиваме и на која ќе можеме да сметаме во текот на ова патување е клучна во соработката со франшизата и го објаснува светскиот успех на Maple Bear.

Според Вас, што најмногу ги привлекува родителите и учениците во овој образовен систем?

Станува збор за неколку фактори, но ќе издвојам три кои сметам дека се исклучително важни. Прво, родителите бараат нова наставна методологија и нов пристап во процесот на пренесување и стекнување знаења. Тие сакаат нивните деца да бидат проактивни, да размислуваат критички и да решаваат проблеми. Наставната програма на Maple Bear го обезбедува сето ова, бидејќи учењето има смисла, а наставниците го поттикнуваат практичниот процес на усвојување нови информации. Втората работа е целосно „потопување“ во англискиот јазик. Сепак, секој што размислува за Maple Bear треба да знае дека ние не сме училиште за англиски јазик, туку училиште во кое се предава на англиски јазик. Последниот фактор е фактот дека Maple Bear е исто така локално училиште, бидејќи наставата на нашиот мајчин јазик ни е исто толку важна како и на англиски јазик.

Како изгледа да се води едно Maple Bear училиште? Што Вас најмногу ве исполнува?

Ми се чини дека посетуваме едногодишен интензивен курс. Има толку многу стратегии, од сите области, кои треба да се имплементираат. Тоа е предизвикувачко и возбудливо, но мојот персонал и јас уживаме во планирањето и предавањето, сето тоа ни дава енергија. Мислам дека највредниот момент беше кога сфатив колку е сè меѓусебно поврзано - добри односи во тимот и безбедна и стимулативна средина во која децата можат да го достигнат својот целосен потенцијал.

Maple Bear се грижи и за предавачите кои ќе работат во училиштето. Што опфаќа обуката?

Навистина ми се допаѓа програмата за обука во Maple Bear. Не само почетната обука беше важна за нашиот наставен тим, туку и фактот дека тие можат да сметаат на постојана обука и надзор. Овој пристап ни дава можност да споделиме искуства, да поставуваме прашања и да го разбереме секој наставен исход, стратегија и резултати. Ова, од една страна, дава структура, а од друга страна, слобода во изработката на наставните програми. Благодарение на континуираното усовршување, обука и поддршка на академскиот тим од Канада, нашите предавачи напредуваат професионално, а студентите имаат можност да стекнат знаења со помош на најновите методи и стратегии на образование.


Љиљана Николова, примател на Maple Bear франшиза, Бугарија / „Канадската мрежа на училишта Maple Bear е пример за успешен образовен систем. Има докажани резултати и успех во развивање на исклучително функционален модел на образование, без разлика на земјата или културата во која што е присутна.“

погледнете ги текстовите

Градиме подобра иднина /04.08.2021

„Секој кој што ја препознава убавината на нашата едукативна мисија е квалификуван за примател на франшизата Young Engineers“, вели основачот на овој американски едукативен концепт, Амир Асор

Без застој во образовниот сектор /19.03.2021

Франшизите од секторот за едукација на децата, продолжија да ги шират своите мрежи, дури и за време на пандемијата. Неколку системи веќе потпишаа франшизни договори и започнаа со деловна активност во земјите и од овој регион.

Вложување во иднината на децата /30.09.2019

Образовниата институција Maple Bear повеќе години ја развива франшизната мрежа на своите градинки и училишта надвор од границите на Канада. Од овој септември 2019 година, Maple Bear ја отвори и првата градинка во Романија.

Образованието како глобален бизнис /08.10.2019

Канадскиот систем Maple Bear е еден од најголемите светски франшизи во областа на образованието. Што нуди оваа франшиза и кои би биле идеалните партнери во земјите од регионов, објаснува Јан Бидан, генерален директор за централна и источна Европа

Франшизно училиште во 21 век /23.05.2019

Канадскиот франшизен образовен систем Maple Bear започнува со развивање на мрежата во земјите од централна и источна Европа. Кој може да стане и што можат да очекуват примателите на оваа франшиза?

најчитани

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Создавање на нови искуства - оваа франшиза од регионот така го освојува светот! /02.12.2019

Carwiz е rent-a-car франшизa од Хрватска која продолжува со ширењето на мрежата на неколку континенти. Ни откриваат како го создале франшизниот систем и што е потребно за освојување на светските пазари.

Право на територијална ексклузивност /16.07.2021

Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

популарно во форумот