Сигурна поддршка во франшизното семејство

Војислав Пековиќ и Александра Милосављевиќ / Примателите на мастер франшизата за училиштето за ментална аритметика „Малац генијалац“, задолжени за развој на мрежата на територијата на Северна Македонија
Среда
22.09.2021
Околностите ги натераа Војислав Пековиќ и Александра Милосављевиќ да отворат училиште за ментална аритметика „Малац генијалац“ во Скопје, наместо во Белград. Велат дека, потенцијал за отворање на нови училишта постои речиси во сите градови во Северна Македонија.
 

Доколку пред само пет години, некој им го поставеше прашањето, дали би можеле да се замислат како приматели на франшиза и сопственици на училишта за ментална аритметика, брачната двојка Војислав Пековиќ и Александра Милосављeвиќ сигурно со сомнеж би одмавнале со главата. Сепак, со оглед на тоа што во тоа време овие училишта само што почнаа да се појавуваат на пазарот, воглавно преку популаризација на ментално - аритметичките програми преку телевизијата и социјалните мрежи, со зглемувањето на бројот на посетители - ученици, се ширеше и интересот за овој концепт, како и кругот на луѓе кои го видоа ова како можност за започнување со бизнис. - Од една страна, ние самите гледавме и бевме фасцинирани од она што можат да го постигнат децата ученици на „Малац генијалац“, по само неколку месеци работа. Од друга страна, сфативме дека училиштето за ментална аритметика може да биде и добра деловна можност, која носи пристоен приход - разкажува Александра Милосављевиќ за начинот на кој што се запознаа со концептот „Малац генијалац“.

Имено, за ова тие имаа и „директен доказ“, со оглед на тоа што нивните пријатели од Белград веќе водеа едно франшизно училиште „Малац генијалац“. Со оглед на тоа што,  дотогаш немале прилика да се запознаат со некој франшизен бизнис модел, тие на овој начин добија препорака и увид во принципите на една франшизна соработка од прва рака. Во тоа време, иако беа вработени во приватна компанија на раководни позиции, идејата да водат едно вакво училиште веќе не им беше до толку непозната. Покрај тоа, како што велат, нивното претходно искуство им значеше, бидејќи во еден период од животот професионално спортуваа и водеа свој одбојкарски клуб. И според едно непишано правило во франшизингот, спортистите се сметаат за многу посакувани кандидати за корисници на франшиза - тие се конкурентни, фокусирани на постигнување најдобри резултати, а една од нивните најценети доблести е тоа што тие играат според правилата - услов без кој не се станува примател на франшиза.

Меѓутоа, кога ја донеле одлуката да влезат во нова работа, биле соочени со неочекуван сплет на околности. - Српскиот пазар веќе беше заситен со овие училишта. Почнавме да размислуваме за други можни опции и сфативме дека, поради бројните роднини и пријатели кои што ги имаме во Северна Македонија, би можеле да започнеме бизнис токму на тој пазар - вели Милосавjeевиќ.

Така, тие потпишаа договор за мастер франшиза за територијата на Северна Македонија и со тоа ја преземаа обврската, покрај отворањето на училиштето „Малац генијалац“, да работат и на понатамошно проширување на франшизната мрежа на овој пазар. Обуката за наставници и раководители на училиштата беше организирана во Скопје, каде што Војислав и Александра планираа да го отворат првото училиште, а од моментот на донесување на одлуката до првите уписи, поминаа само два месеци.

- Сето ова беше можно поради поддршката и помошта на давателот на франшизата. Нивното искуство во планирањето на активностите и бизнисот беше непроценливо. За се што баравме, тие беа со нас - вели Милосавjeевиќ.

Почеток на една убава приказна

Првиот „Малац генијалац“ беше отворен во септември 2018 година во Скопје, во населбата Центар. Набргу потоа, Војислав и Александра,отворија училишта и во населбите Аеродром и Гази Баба, исто така во Скопје. Поради добро организираниот систем, како што велат, не морале да се грижат како ќе се одвива бизнисот додека биле во Белград. - Доаѓавме во Македонија три до четири пати месечно, односно останувавме пет до десет дена. И на тој начин се функционираше без никаков проблем - вели Милосављевиќ. 

Со оглед на тоа што се носители на мастер франшиза, во исто време имаа задача да работат на подигнување на свесноста за брендот, промовирање на концептот за франшизата и барање нови партнери - индивидуални приматели на оваа франшиза. - Досега имаме двајца приматели. Едниот раководи со училиште во населбата Карпош во Скопје, а другиот е во Кавадарци - вели Милосављевиќ и посочува дека постои потенцијал за отворање нови единици во речиси сите градови во Северна Македонија. - Секој правен субјект или претприемач кој сака самостојно да работи, може да стане примател на оваа франшиза. Би сакале да видиме кандидати заинтересирани и за Битола, Куманово, Прилеп, Тетово, Штип, Велес, Охрид, Гостивар, Струмица, Кочани, Кичево, Струга ... - напоменува Милосављевиќ.

Иако се релативно кратко на македонскиот пазар, Војислав и Александра велат дека се задоволни од досегашните резултати. - Брзо ја изградивме свесноста за брендот и верувам дека со нови партнери, сите жители на Северна Македонија наскоро ќе знаат за „Малац генијалац“ - вели Милосављевиќ.

Засега, на овој пазар, повеќе од 350 деца посетуваат училишта за ментална аритметика „Малац генијалац“.
- Секоја година, уписите се подобри од претходните, што зборува за резултатите и задоволството на учениците и нивните родители - штом редовно не препорачуваат. Веруваме дека сме направиле многу, но дека секогаш можеме да направиме уште повеќе и да бидеме уште подобри, и од таа причина воведовме нови програми „Нумикон“, за деца од три до пет години и „Супер ум“, како надградба на основните и напредните нивоа на менталната аритметика - вели Милосављевиќ.

Благодарение на задоволните ученици, добриот збор за училиштето брзо се прошири. - Препораката е маркетинг од највисок квалитет. Веќе можеме да кажеме дека, покрај социјалните мрежи, препораката беше основниот генератор на нови уписи - вели Милосављевиќ.

Без застанување пред предизвиците

Сегашното забавување на економијата, предизвикано од пандемијата и рестриктивните мерки воведени во речиси сите европски земји, драстично влијаеше врз стопанството - ниту еден бизнис не е поштеден, потврдува Милосавjeевиќ. Во одреден период, сите училишни и образовни институции, државни и приватни, беа затворени. Според препораките на давателот на франшизата, „Малац генијалац“, исто така, физички ги затвори училиштата во Северна Македонија, меѓутоа,  наставата не беше прекината. - Кога имате добар и агилен тим, сите предизвици брзо се надминуваат - вели Милосављевиќ.
- Ние реагиравме брзо и ја приспособивме наставата на сегашните околности, така што сите наши „најмали“ го продолжија своето образование преку онлајн настава без да загубат ниту еден час - посочува таа.

Во вакви моменти, додава Милосављевиќ, може да се види колку значи да се биде дел од поголем, организиран систем.
- Како и за се во животот, многу е важно со кого сте, а не каде сте. Имавме исклучителна поддршка и агилност од централата - вели Милосављевиќ и додава дека ова може да биде препорака за сите идни приматели на франшизата од Северна Македонија.

- Нормализација на животот и бизнисот неизбежно ќе се случи, иако сега тоа може да изгледа како „подалечна“ иднина. Луѓето кои размислуваат да започнат бизнис во областа на образованието и на кои им се допаѓа идејата за училиште за ментална аритметика, треба да знаат дека „Малац генијалац“ е едноставен и добро организиран бизнис, кој лесно може да се започне, со релативно мала инвестиција. Сепак, потребна е соодветна подготовка, поради што препорачуваме сите  заинтересирани да не контактираат навремено, како би можеле - преку сериозен и навремен разговор - подготвени да ја дочекаме нормализацијата - вели Милосављевиќ.

„Ова не е нашата иднина, ова е нашата сегашност”

Состојбата со пандемијата, всушност, покажа во која насока ќе се движи светот и како ќе се развива областа на образованието, смета Војислав Пековиќ. - Имам впечаток дека реагиравме бавно и слабо, затоа што не бевме подготвени, и со многу малку знаење, бидејќи вакво нешто не ни се случило порано. На пример, кога беше воведена вонредна состојба и кога училиштата се префрлија на онлајн систем и работа од дома, се покажа дека голем број луѓе во нашата област, не само што немаа компјутер или лаптоп, туку не знаеја ниту како да ги користат ... За разлика од децата кои ја совладаа онлајн наставата за помалку од 24 часа - забележува Пековиќ.

- Ова е знак дека образованието се менува - посочува тој. - Земете ги за пример, некои од најголемите и најуспешните технолошки компании денес - Гугл, Амазон, Фејсбук, Епл, Јутјуб, Алибаба ... Некои од нив дури и не постоеле пред 10 или 20 години, а за кратко време тие постигнаа неверојатен раст и доминација во светот на бизнисот, а се предвидува дека ќе бидат и уште поуспешни во наредниот период. Меѓу другото, нивната „тајна“ е во тоа што, тие не се базираат на традиционалните модели на водење бизнис и образование - вели Пековиќ.

Иднината, заклучува нашиот соговорник, лежи во образовните системи кои ги афирмираат и работат на развивање на вештините потребни за 21 век, а тоа се, како што вели, побрза адаптација, интелектуални способности, моќ на запазување и визуелизација, подобра меморија и концентрација, аналитичко и логично размислување, лидерски вештини, изнаоѓање решенија и поголема самодоверба, употреба на модерни технологии. - Програмите и методологијата на работа во „Малац генијалац“ се, можам да кажам, најдобри примери за тоа - што може да биде најдобар поттик за нашите идни учесници, но и за нашите идни приматели на франшизата. Тргнете од фактот дека на сите жители на планетата им е јасно дека ова не е нашата иднина, туку нашата сегашност -  укажува Пековиќ на потенцијалот и можноста што не треба да се пропуштат.

Затоа, планот за развој на франшизната мрежа во Северна Македонија, посочува уште еднаш, оди подалеку од подрачјето на главниот град. - Почнавме од Скопје, но децата што го менуваат светот живеат насекаде низ оваа земја - нагласува Пековиќ.

„Малац генијалац“ во моментов работи во 15 земји, во 154 градови, има 182 училишта посетувани од повеќе од 28.000 ученици.


Иднината е во образовните системи кои ги афирмираат потребните вештини за 21-от век / „Програмите и методологијата на работење во „Малац генијалац“ се најдобрите примери за ова - што може да биде најдобар поттик за нашите идни посетители, но и за нашите идни приматели на франшизата“, В. Пековиќ

погледнете ги текстовите

Градиме подобра иднина /04.08.2021

„Секој кој што ја препознава убавината на нашата едукативна мисија е квалификуван за примател на франшизата Young Engineers“, вели основачот на овој американски едукативен концепт, Амир Асор

Вмрежување на Европа /23.04.2021

Полското училиште за програмирање за возрасни Coders Lab е отворено во две нови европски земји, а моментално се активни и нови дополнителни поволности за потенцијалните партнери од регионот.

Без застој во образовниот сектор /19.03.2021

Франшизите од секторот за едукација на децата, продолжија да ги шират своите мрежи, дури и за време на пандемијата. Неколку системи веќе потпишаа франшизни договори и започнаа со деловна активност во земјите и од овој регион.

Сигурна поддршка во франшизното семејство /07.08.2020

Сплет на околности ги навел Воислав Пековиќ и Александра Милосавлевиќ да наместо во Белград, отворат училиште за ментална аритметика „Malac genijalac“ / „Малиот генијалец“ - во Скопје. Сега велат дека постои потенцијал за отворање на нови училишта во скоро сите градови во Македонија.

Со упорност до успех /30.04.2019

Што е клучно за ширење надвор од домашниот пазар, како може да се контролира франшизната мрежа и на кој начин да се заштити од плагијат, зборува Владимир Новицки, идејниот творец на системот „Малац генијалац“

најчитани

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Создавање на нови искуства - оваа франшиза од регионот така го освојува светот! /02.12.2019

Carwiz е rent-a-car франшизa од Хрватска која продолжува со ширењето на мрежата на неколку континенти. Ни откриваат како го создале франшизниот систем и што е потребно за освојување на светските пазари.

Право на територијална ексклузивност /16.07.2021

Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

популарно во форумот