Сигурна поддршка во франшизното семејство

Воислав Пековиќ и Александра Милосавлевиќ / "Кога имате добар и агилен тим, сите предизвици брзо се надминуваат".
Петок
07.08.2020
Сплет на околности ги навел Воислав Пековиќ и Александра Милосавлевиќ да наместо во Белград, отворат училиште за ментална аритметика „Malac genijalac“ / „Малиот генијалец“ - во Скопје. Сега велат дека постои потенцијал за отворање на нови училишта во скоро сите градови во Македонија.
 

Ако некој ги прашал пред само пет години дали би можеле да се замислат како приматели на франшиза и сопственици на училиште, Воислав и Александра сигурно сомничаво би го погледнале. Сепак, со тоа што во тој период ваквите училишта почнале да се појавуваат на пазарот, а најмногу со популаризацијата на програми за ментална аритметика преку ТВ и друштвените мрежи, така, заедно со бројот на ученици, се зголемил и кругот на луѓе кои го гледале на ова како можност да се започне бизнис. - Од една страна, ние самите гледавме и бевме фасцинирани од она што можат да постигнат децата кои го посетуваат училиштето „Малиот генијалец“, по само неколку месеци работа. Од друга страна, сфативме дека училиштето за ментална аритметика може да биде добра деловна можност, што носи пристоен приход - вели Александра во однос на тоа, како дознале и како се заинтересирале за „Малиот генијалец“.

Имено, за ова имале „директен доказ“, бидејќи нивните пријатели од Белград веќе воделе едно франшизно училиште „Малиот генијалец“. Бидејќи до тогаш не се сретнале со моделот на франшизно работење, тие добиле препорака од прва рака и увид во принципите на соработка со франшизата. Во тоа време, иако биле вработени во една приватна компанија на раководни позиции, идејата за водење училиште како ова, веќе не им била толку непозната. Покрај тоа, како што велат, им значело и нивното претходно искуство, бидејќи, во еден период од животот, професионално се занимавале со спорт и воделе свој одбојкарски клуб. А според непишаното правило во франшизингот, спортистите се сметаат за многу пожелни кандидати за франшиза - тие се конкурентни, фокусирани на постигнување на најдобри резултати, а една од нивните најценети доблести е тоа - тие играат според правилата. Услов без кој не се станува примател на франшиза.

Сепак, кога донеле одлука да влезат во новиот бизнис, ги дочекале неочекувани околности. - Пазарот во Србија веќе бил заситен со овие училишта. Почнавме да размислуваме за други можни опции и сфативме дека, заради бројните роднини и пријатели што ги имаме во Македонија, би можеле да започнеме бизнис на тој пазар - вели Милосавлевиќ.

Така, тие потпишале договор за мастер франшиза за територијата на Северна Македонија и со тоа ја презеле обврската, покрај отворањето на училиштето „Малиот генијалец“, да работат и на натамошно проширување на мрежата за франшиза на овој пазар. 

Обуката за наставниците и раководителите на училиштата била организирана во Скопје, каде Воислав и Александра планирале да го отворат првото училиште, а од моментот на одлуката да ја преземат франшизата до првите уписи, поминале само два месеци.

- Сето ова беше можно заради поддршката и помошта од давателот на франшизата. Нивното искуство во планирањето активности и активности на такво училиште беше непроценливо. За сè што баравме, тие беа со нас - вели Милосавлевиќ.

Почеток на една убава приказна

Првиот „Малиот генијалец“ бил отворен во септември 2018 година во Скопје, во населбата Центар. Набргу потоа, Воислав и Александра отвориле училишта и во населбите Аеродром и Гази Баба. Поради добро организираниот систем, како што велат, тие не морале да се грижат за тоа како ќе тргне бизнисот додека биле во Белград. - Доаѓавме во Македонија три до четири пати месечно, и останувавме од 5 до 10 дена. На тој начин, сè можеше да функционира без проблеми - вели Милосавлевиќ.

Бидејќи тие се носители на мастер франшиза, во исто време тие имале задача да работат на подигање на свеста за брендот, промовирање на концептот за франшиза и да бараат нови партнери - индивидуални приматели на оваа франшиза. - Досега имаме двајца приматели. Едниот води училиште во населбата Карпош во Скопје, а другиот е во Кавадарци - вели Милосавлевиќ и посочува дека постои потенцијал за отворање нови „Мали генијалци“ во скоро сите градови во Македонија. - Секое правно лице или претприемач кој сака да зависи од самиот себе и од неговата работа, може да стане примател на оваа франшиза. Би сакале да ги видиме кандидатите заинтересирани за Битола, Куманово, Прилеп, Тетово, Штип, Велес, Охрид, Гостивар, Струмица, Кочани, Кичево, Струга ... - забележува Милосавлевиќ.

Иако се релативно кратко на македонскиот пазар, Воислав и Александра велат дека се задоволни од досегашните резултати. - Брзо изградивме свест за брендот и верувам дека со нови партнери, сите жители на Македонија наскоро ќе знаат за „Малиот генијалец“ - вели Милосавlевиќ.

Засега, на овој пазар, повеќе од 350 деца ги посетуваат училиштата за ментална аритметика „Малиот генијалец“.

- Секоја година, уписот е подобар во однос на претходната, што зборува за резултатите и задоволството на учениците и нивните родители - штом редовно нè препорачуваат. Веруваме дека направивме многу, но дека секогаш можеме да сториме повеќе и подобро, и од таа причина воведовме нови програми - Numicon, за деца од три до пет години и Super um, како надградба на основното и напредно ниво на ментална аритметика.

Благодарение на задоволните ученици, добриот збор за училиштето бргу се проширил - Препораката е најквалитетен маркетинг. Ние веќе сега можеме да кажеме дека, покрај социјалните мрежи, препораката беше основниот генератор на нови уписи - вели Милосавлевиќ.

Без откажување пред предизвиците

Сегашното економско забавување, предизвикано од пандемијата на коронавирус и рестриктивните мерки воведени од скоро сите европски земји, драстично влијаеше врз економијата - ниту еден бизнис не е поштеден, потврдува Милосавлевиќ. Уште во мај, сите училишни и образовни институции, државни и приватни, беа затворени. Според препораките на давателот на франшиза, „Малиот генијалец“ исто така физички ги затворил училиштата во Македонија, меѓутоа - часовите не биле прекинати. - Кога имате добар и агилен тим, сите предизвици брзо се надминуваат - вели Милосавлевиќ.

- Реагиравме брзо и ја прилагодивме наставата на тековните околности, така што сите наши „мали“ го продолжија своето образование преку онлајн настава, без да изгубат ниту еден час - истакнува таа.

Токму во вакви моменти, додава Милосавлевиќ, може да се види колку значи да се биде дел од еден поголем, организиран систем.

- Како и со сè во животот, многу е важно со кого сте, а не каде сте. Имавме исклучителна поддршка и агилност од централата - вели Милосавлевиќ и додава дека ова би можело да биде препорака за идните приматели на франшиза од Македонија.

- Нормализацијата на животот и бизнисот неизбежно ќе се случи, иако сега може да изгледа како „далечна“ иднина. Луѓето кои размислуваат да започнат бизнис од областа на образованието и на кои им се допаѓа идејата за училиште за ментална аритметика, треба да знаат дека „Малиот генијалец“ е едноставен и добро организиран бизнис, кој лесно може да се започне со релативно мала инвестиција. Како и да е, треба да се подготвиме навреме, затоа им препорачуваме на заинтересираните навремено да нè контактираат за да можеме - преку сериозен и навремен разговор - спремно да ја дочекаме нормализацијата - вели Милосавлевиќ.

„Ова не е наша иднина, ова е нашата сегашност“

Ситуацијата со пандемијата покажа, всушност, во која насока ќе се движи светот и како ќе се развива областа на образованието, смета Воислав Пековиќ. - Имам впечаток дека генерално реагиравме тромо и слабо, затоа што не бевме подготвени, и со многу малку знаење, затоа што вакво нешто порано не ни се случило. На пример, кога беше воведена вонредна состојба и кога училиштата се префрлија на онлајн систем и работа од дома, се покажа дека голем број на луѓе во нашиве краишта не само што немаат компјутер или лаптоп, туку, многу повеќе индикативно - не знаат како да ги користат… за разлика од децата кои ги совладаа онлајн часовите за помалку од 24 часа - забележува Пековиќ.

- Ова е знак дека образованието се менува - посочува тој. - Земете, на пример, некои од најголемите и најуспешни технолошки компании денес: Google, Amazon, Facebook, Apple, YouTube, Alibaba ... Некои од нив дури и не постоеја пред 10 или 20 години, а за кратко време тие остварија неверојатен раст и доминираат во деловниот свет и се предвидува дека ќе бидат уште поуспешни во иднина. Меѓу другото, нивна „тајна“ е дека тие не се засноваат на традиционалните модели на деловно работење и образование - вели Пековиќ.

Иднината е, заклучува нашиот соговорник, во образовните системи кои афирмираат и работат на развој на вештини потребни за 21 век, кои се, како што наведува: побрза адаптација, интелектуални способности, моќ на внимание и визуелизација, подобра меморија и концентрација, аналитичко и логично размислување, лидерски вештини, наоѓање решенија и поголема самодоверба, употреба на современи технологии. - Програмите и методологијата на работа во „Малиот генијалец“, можам да кажам, се најдобри примери за тоа - кое воедно е и најдобриот поттик за нашите идни ученици, но и за нашите идни приматели на франшиза. Појдете од фактот дека на сите на нашата планета им е јасно дека ова не е наша иднина, туку наша сегашност - Пековиќ укажува на потенцијалот и можноста што не треба да се пропушти.

Затоа, планот за развој на мрежата за франшизи во Македонија, посочува уште еднаш, далеку го надминува подрачјето на на главниот град. - Започнавме од Скопје, но децата кои го менуваат светот живеат низ целата земја - потенцира Пековиќ.

„Малиот генијалец“ во моментов работи во 15 земји, во 154 града, има 182 училишта кои ги посетуваат повеќе од 28.000 ученици.


Иднината е во образовните системи кои афирмираат и работат на развој на вештини потребни за 21 век / Програмите и методологијата на работа во „Малиот генијалец“ се најдобри примери за тоа - кое воедно е и најдобриот поттик за нашите идни ученици, но и за нашите идни приматели на франшиза. Појдете од фактот дека на сите на нашата планета им е јасно дека ова не е наша иднина, туку наша сегашност

погледнете ги текстовите

Сигурна поддршка во франшизното семејство /22.09.2021

Околностите ги натераа Војислав Пековиќ и Александра Милосављевиќ да отворат училиште за ментална аритметика „Малац генијалац“ во Скопје, наместо во Белград. Велат дека, потенцијал за отворање на нови училишта постои речиси во сите градови во Северна Македонија.

Градиме подобра иднина /04.08.2021

„Секој кој што ја препознава убавината на нашата едукативна мисија е квалификуван за примател на франшизата Young Engineers“, вели основачот на овој американски едукативен концепт, Амир Асор

Вмрежување на Европа /23.04.2021

Полското училиште за програмирање за возрасни Coders Lab е отворено во две нови европски земји, а моментално се активни и нови дополнителни поволности за потенцијалните партнери од регионот.

Без застој во образовниот сектор /19.03.2021

Франшизите од секторот за едукација на децата, продолжија да ги шират своите мрежи, дури и за време на пандемијата. Неколку системи веќе потпишаа франшизни договори и започнаа со деловна активност во земјите и од овој регион.

Со упорност до успех /30.04.2019

Што е клучно за ширење надвор од домашниот пазар, како може да се контролира франшизната мрежа и на кој начин да се заштити од плагијат, зборува Владимир Новицки, идејниот творец на системот „Малац генијалац“

најчитани

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Создавање на нови искуства - оваа франшиза од регионот така го освојува светот! /02.12.2019

Carwiz е rent-a-car франшизa од Хрватска која продолжува со ширењето на мрежата на неколку континенти. Ни откриваат како го создале франшизниот систем и што е потребно за освојување на светските пазари.

Право на територијална ексклузивност /16.07.2021

Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

популарно во форумот