Нови млади претприемачи во Скопје: кои се тие и зошто избрале франшиза за образование за деца?

Нови партнери во Скопје / „Училиште за брзо читање и мудро учење“ наскоро со два едукативни центри и во главниот град на Македонија
Петок
21.02.2020
Покрај примателите на мастер франшиза, на „Училиште за брзо читање и мудро учење“ се придружија и два одделни приматели на франшиза во Македонија!
 

Кон крајот на 2019 година, „Училиште за брзо читање и мудро учење“ и официјално се најде на пазарот во Македонија. Со потпишувањето на договор за мастер франшиза, едукативниот центар "St. George" стана мастер франшизен партнер и ги презеде обврските за натамошен развој на франшизната мрежа за Училиштето за подрачјето на нашата земја. Само еден месец подоцна потпишани се два нови франшизни договори со што на мрежата на „Училиште за брзо читање и мудро учење“ се придружија два нови партнери. 

Треба да се работи со срце

Јулија Калишевска е една од новите приматели на оваа едукативна франшиза. Мајка е на три машки деца и дома веќе имаат мини училиште. Како што растеле децата, започнувала да размислува како да им помогне во извршувањето на училишните обврски.

Мора да бидете многу креативни во изнаоѓањето на начини за мотивирање на децата за да ги сработат домашните задачи или да прочитаат лектира. Верував дека има модели и методи за функционално учење кои се разликуваат од тие од нашиот период на образование. Кога дознав за „Училиште за брзо читање и мудро учење“, сфатив дека токму тоа е моделот кој го барав и дека сега можам да им помогнам на своите деца да станат подобри, да го поттикнат својот потенцијал со помош на овие моќни техники и алатки за читање и учење, да ги развиваат вештините со издвојување на најважните информации, долготрајна меморија, фукционално изразување преку презентација на наученото и се разбира да заштедат време – ги посочува Калишевска предностите на Училиштето.

Дознавајќи, пак, дека нудат франшиза, сфатив дека „Училиштето“ е одлична можност да започнам сопствен бизнис, особено што тоа би било работа во која вистински би уживала и би ја работела од срцедодава Јулија која потпиша франшизен договор за цетралниот дел на Скопје.

За воља на вистината, Јулија одамна бара стабилен франшизен систем, бидејќи, како што вели, тоа би било добра основа за отпочнување сопствена дејност. Особено и било важно каква поддршка ќе добие од давателот на франшиза, што било и пресудно да ја земе оваа. И се допаднала поддршката која ја добила за време на обуката за предавачи и реализација на настава, како и за водење и работење на едукативиот цетар. – Иако имам диплома за маркетиг и менаџмент и сум дел од семејна фирма во која сите сме вклучени, ова сепак беше одлична можност да го остварам својот сон во кој би можела да ја покажам својата креативност – вели таа. 

Првите впечатоци се многу позитивни. Како што вели нашата соговорничка, веќе забележува дека денешите родители се многу посветени, грижливи и многу вложуваат во своите деца.  Во  Македонија речиси секое дете посетува дополнителни часови, оди на спорт или курс за странски јазик. Родителите го препознаа значењето на „Училиште за брзо читање и мудро учење“, а децата, благодарение на тоа што ќе го научат кај нас, полесно самите ќе ги совладуваат лекциите од биологија, хемија и други предмети. Така родителот нема да мора да плаќа дополнителни часови, а децата ќе имаат повеќе слободно време – објасува таа. 

Ова е работа со голем потенцијал

Нов примател на фрашиза е и Љубомир Стојчески. Со својата партнерка Викторија зеле франшиза за Скопје, но за општина Карпош. – Откако дознавме за успехот на „Училиште за брзо читање и мудро учење“ во другите земји од регионов, решивме и ние да се придружиме на тимот и да донесеме еден ефикасен метод во нашата земја. Преку оваа програма сакаме да им помогнеме на македонските ученици да постигнат многу подобри резултати во образованието, менталиот развој, напредок во животот. Дополнителен потенцијал, во деловен поглед,  гледаме и во можноста за усовршување и за студентите и за возрасните, на кои овие методи можат да им помогнат во кариерата – вели тој.

Стојчески истакнува дека на подрачјето на општината во која ќе биде отворено „Училиште за брзо читање и мудро учење“ има голем број на основни и средни училишта, што упатува на податокот дека има многу деца на кои им треба помош. – Се надеваме дека наскоро ќе имаме свечено отворање и ќе одржиме бесплатна работилница за заинтересираните – напоменува Стојчески.

Започувањето нова работа нема да му биде проблем на Стојчески. Тој е дипломиран инжењер по електротехника и магистер по економски науки, а има искуство и во претприемништво. Покрај тоа што раководи со своето претпријатие, ангажиран е и како ментор во областа на социјалното претприемништво. Неговата партнерка Викторија дипломирала македонски јазик и работи во една од најголемите издавачки куќи во Македонија.

-Училиштето за  брзо читање и мудро учење го доживуваме како наша втора професија со голем потенцијал за натамошен развој – истакнува Стојчески.


Училиште за брзо читање и мудро учење / Можност за децата кои сакаат подобри резултати во училиште, но и остварување на сонот на претприемачите кои сакаат сопствен бизнис.
Весна Лапчиќ
Уредник

погледнете ги текстовите

Сигурна поддршка во франшизното семејство /22.09.2021

Околностите ги натераа Војислав Пековиќ и Александра Милосављевиќ да отворат училиште за ментална аритметика „Малац генијалац“ во Скопје, наместо во Белград. Велат дека, потенцијал за отворање на нови училишта постои речиси во сите градови во Северна Македонија.

Градиме подобра иднина /04.08.2021

„Секој кој што ја препознава убавината на нашата едукативна мисија е квалификуван за примател на франшизата Young Engineers“, вели основачот на овој американски едукативен концепт, Амир Асор

Без застој во образовниот сектор /19.03.2021

Франшизите од секторот за едукација на децата, продолжија да ги шират своите мрежи, дури и за време на пандемијата. Неколку системи веќе потпишаа франшизни договори и започнаа со деловна активност во земјите и од овој регион.

Брзото читање ја „освои“ и Македонија! /14.01.2020

Франшизниот систем „Училиште за брзо читање и мудро учење“ пристигнува и во нашата земја. Потпишан е договор за мастер франшиза.

Брзото читење го освојува регионот /01.03.2019

Франшизниот концепт „Училиште за брзо читање и мудро учење“ наменет главно за деца кои сакаат да научат брзо читање и техники на учење и помнење, пристига на пазарот во Хрватска.

најчитани

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

Полека и сигурно до франшиза /06.07.2021

Доколку водите мал бизнис што може лесно да се „реплицира“, франшизингот е идеален начин за проширување на вашиот бизнис. Сепак, кои се основните предуслови за развој на успешна франшиза?

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

популарно во форумот