Едукацијата се сели „онлајн“

Виртуелна настава по англиски / Во моментов не е возможно да се одржува класична настава - Early Stage преминува на online решение.
Среда
25.03.2020
Полскиот франшизен синџир на училишта за англиски јазик Early Stage не запре со работата и покрај затворањето на училиштата. Часовите ги одржуваат online. Дали и примателите на франшиза го користат ова решение?
 

Затворањето на училиштата, предизвикано од епидемијата на коронавирусот, во согласност со моментната одлука на полската влада, ќе трае до Велигден. Тоа услови и прекин на дополнителните активности на децата и во образовните институции – училиштата за странски јазици, спортот, информатиката, менталната аритметика и слично. Во борбата со опасноста од губење на приходот и клиентите, сопствениците на ваквите концепти мораа да изнајдат решенија во услови на криза.

Искуствата од Полска, земја со голем и развиен пазар, ќе им бидат од полза и на концептите од истата дејност во Македонија, која се соочува со слични проблеми. Заради тоа, со редакциска обработка, го пренесуваме текстот кој е објавен на нашиот полски портал Franchising.pl.

Веднаш решивме да воспоставиме платформа за виртуелни online предавања, односно часовите да ги држиме преку интернет – вели, на почетокот од разговорот, Тоња Бохињска (Tonia Bochińska), сосопственик и извршен директор на Early Stage, еден од најуспешните синџири на училишта за англиски јазик во Полска.

Online платформа

Првите две седмици од прекинот на наставата во образовните институции, Early Stage го подготви првото видео и интерактивни материјали за online предавања и се определи за online платформа, преку која се ќе се организира.

За само четири дена се беше подготвено. Од тогаш, континуирано подготвуваме нови материјали, ги поставуваме на online платформата. Клиентите ги добиваат кодовите преку кои пристапуваат кон оваа платформа, со што добиваат можност да ги користат нашите едукативни материјали – објаснува Бохињска.

За тоа време наставниците и предавачите кои работаат во Early Stage, се подготвуваат и за online предавања кои ќе се реализираат во живо. Наставата ќе се одржува два пати во неделата за секоја група, како што било и пред вонредната состојба. Разликата е во тоа што учениците и предавачите наместо во училница, сега ќе комуницираат преку посебна видео-конференциска платформа, избрана и купена од Early Stage.

Првите две седмици од воведувањето на вонредните мерки, предавачите имаа време да се запознаат со платформата  која ќе ја применуваат, да ги развијат методите со кои најдобро ќе ги организираат предавањата на мрежата, да одржат подготвителни лекции. Како што се одвива работата, нашата одлука е тие за целото време и за целиот ангажман да бидат редовно исплатувани, како што беше случај и во нормалните услови на работење – нагласува Тоња Бохињска.

Нашиот тим за маркетинг напорно работи на промоција на новите активности. Никогаш не сме имале толку позитивни мислења на социјалните мрежи. Благодарение на достапните видео материјали, родителите сега гледаат како изгледа нашата работа и тоа ги прави задоволни, без оглед на моменталните случувања – додава Бохињска.

Директорката на Early Stage нагласува дека сите овие „кризни решенија“ се достапни на целата мрежа, за сите нивни приматели на франшизата. – Тоа покажува дека заедницата, особено во тешки состојби, е посилна од поединецот – вели Бохињска. – Секако, сите претприемачи се загрижени за иднината. Но, се трудиме да се снајдеме во овие нови околности, имајќи во вид, пред се, дека многу луѓе работат под нашиот бренд – нагласува таа. 

Франшизна мрежа

Во Полска моментно повеќе од 33.000 ученици посетуваат училиште за јазици во некоја  од околу 450 подружници на Early Stage од кои речиси сите се франшизни. Повеќето од примателите на франшизата од овој систем се учители и наставници, со претходно искуство во работењето со деца. 

Примателите на нашата франшиза добиваат обука за секој сегмент: методологија на наставата, маркетинг, администрација и човечки ресурси. Тие, исто така, ја имаат постојаната поддршка од нас, во делот на методологијата и програмата, околу административното работење, но и во делот кој се однесува на маркетинг, продажба и IT. Сите добиваат курикулум за деца на возраст од три до 18 години, како и оригинални наставни материјали – објаснува Изабела Мјешала (Izabela Mieszała) од Early Stage. - Know-how за управување со своите училишта за јазици е достапен  на интерната online платформа – додава таа. 

Early Stage како давател на франшиза осмисли франшизен систем кој на примателите им овозможува работењето да го започнат со релативно мало вложување кое се движи од 4000 до 5000 злоти (малку повеќе од 1000 евра) и главно се користи за локални промотивни кампањи. Online маркетингот го организира Early Stage како давател на франшизата. Се работи за такви вложувања бидејќи системот не бара отворање и водење на самостојни подружници (училишта). Всушност, наставата може да се одвива во изнајмени училници во класичните државни училишта, во термините кои го овозможуваат тоа. 

На почетокот од соработката, примателот на франшизата мора да уплати и депозит во износ од 2000 злоти (речиси 500 евра) кој му се враќа кога првата група посетители ќе го запише и започне курсот. Месечниот франшизен надомест изнесува 7% до 12% од приходот, а висината на процентуалниот надомест се намалува со зголемувањето на бројот на запишани ученици во училиштето.

 


Тоња Бохињска, директор на Early Stage / „Нашиот тим за маркетинг напорно работи на промоцијата на новите активности“
Игор Богојевиќ
Партнер

погледнете ги текстовите

Сигурна поддршка во франшизното семејство /22.09.2021

Околностите ги натераа Војислав Пековиќ и Александра Милосављевиќ да отворат училиште за ментална аритметика „Малац генијалац“ во Скопје, наместо во Белград. Велат дека, потенцијал за отворање на нови училишта постои речиси во сите градови во Северна Македонија.

Градиме подобра иднина /04.08.2021

„Секој кој што ја препознава убавината на нашата едукативна мисија е квалификуван за примател на франшизата Young Engineers“, вели основачот на овој американски едукативен концепт, Амир Асор

Вмрежување на Европа /23.04.2021

Полското училиште за програмирање за возрасни Coders Lab е отворено во две нови европски земји, а моментално се активни и нови дополнителни поволности за потенцијалните партнери од регионот.

Без застој во образовниот сектор /19.03.2021

Франшизите од секторот за едукација на децата, продолжија да ги шират своите мрежи, дури и за време на пандемијата. Неколку системи веќе потпишаа франшизни договори и започнаа со деловна активност во земјите и од овој регион.

За нов почеток – училиште за програмирање /15.10.2020

Какви очекувања може да имаат претприемачите од регионов кои ќе ја изберат франшизата на полското училиште за програмирање Coding Giants? Приказната на Иза Порадовска од Полска може да биде интересен пример

најчитани

Брзото читање ја „освои“ и Македонија! /14.01.2020

Франшизниот систем „Училиште за брзо читање и мудро учење“ пристигнува и во нашата земја. Потпишан е договор за мастер франшиза.

Доминација на големите системи /09.03.2021

Годинашната листа на порталот FranchiseDirect потврди дека, дури и за време на пандемијата, американските франшизи останаа најуспешни и најзастапени во светот. Повеќето од нив се системи од областа на гастрономијата.

Храна и козметика од канабис - индустрија која "цути" /05.12.2019

Cbweed е италијански произведувач и дистрибутер на производи на база на коноп, кој своето производство го шири преку франшиза и е заинтересиран продажната мрежа да ја развива низ Европа.

Од хокеј до Сабвеј /05.03.2019

На почетокот бевме и загрижени – како ќе започнеме бизнис со кој никогаш не сме се занимавале! Меѓутоа сфативме дека купувањето на Subway франшизата значи дека ќе имаме постојана помош и поддршка – вели Петер Фрухауф, познат словачки хокеар.

Создавање на нови искуства - оваа франшиза од регионот така го освојува светот! /02.12.2019

Carwiz е rent-a-car франшизa од Хрватска која продолжува со ширењето на мрежата на неколку континенти. Ни откриваат како го создале франшизниот систем и што е потребно за освојување на светските пазари.

популарно во форумот