Каков бизнис може да стане франшизата?

Петок
26.10.2018
Успешното работење може да доведе до отворање на работилници или филијали, отворање на нови фирми или - по пат на франшиза. Во споредба со првите два начини, деловен развој по пат на франшиза бара помали инвестиции и носи помал ризик.
 

Бидејќи не постои посебен закон со кој се регулира материјата  од франшизата, следствено   давател на франшиза може да биде секој. Но, работите не се баш така едноставни. Бизнисот кој сака да стане франшизен мора да исполни некои услови, а еден од основните  е бизнисот да има креиран  бренд, односно да поседува регистриран жиг, потоа позитивно работно искуство, и уреден систем know-how, кој по пат на прирачник и обука на идните приматели ке им обезбеди  збир на основни знаења за започнување и развој на бизнисот. Исто така, бизнисот кој ќе сака да се шири франшизно МОРА секогаш и постојано  самиот да се развива и шири.

Критериуми неопходни за ширење на франшизата

Деловните  можности на некои франшизи тешко можат  да се проценат. Но, експертите  идентификувале неколку критериуми кои бизнисот треба да ги исполни и со успешно работење би се претворил во успешна франшиза.

Кредибилност

Компанијата мора да ужива кредибилитет односно доверба за да може да ја продаде сопствената франшиза.Односно кредибилноста е еден од главните фактори кои  ги мотивира идните приматели на франшизата да им се обратат на давателите на франшизата.Давателот на франшизата мора убедливо да покаже дека неговата бизнис идеја е успешна, но воедно дека слично ниво на успешност може да постигне и примателот на франшизата.  Кредибилноста на франшизата може да се види од следното: годините на производство, големината на организацијата, број на продавници, изгледот на продавницата, начинот и динамиката на рекламирањето, пазаришната репупутација- препознавање на брендот од страна на потрошувачите, и на крај- квалитетно и ефикасно управување.

Единственост

Франшизниот систем мора да се разликува од конкурентите. Уникатноста може да се согледа од производите и услугите кои се нудат, во висината на потребните трошоци за инвестиции или пак од маркетинг стратегиите и целите. Производите или услугите кои се продаваат мора да имаат една или повеќе конкурентски предности кои се разликуваат од конкуренските производи или услуги.

Пренесување на знаењата

Идниот давател на франшизата мора да биде способен на другите да им го пренесе знаењето. За бизнисот да стане франшиза мора да биде во состојба да ги обучи потенцијалните приматели на франшизата во релативно краток временски период. Тежината на претворањето на бизнисот во франшиза се зголемува со сложеноста на работењето. Фрашизингот не се препорачува за сопствениците на бизнис кои не сакаат да ги поучуваат другите или не сакаат да комуницираат со луѓето.

Прилагодливост

Сите оние кои сакат да го претворат бизнисот во франшизен концепт, мора да проценат до кој степен е нивниот бизнис прилагодлив на барањата и условите во другите региони. Некои концепти може да се усвојат само во одредени географски области, други се ограничени со различни државни закони а некои успеваат само благодарејќи на способностите и талентот на поединци кои се извршители на концептот, односно - не се прилагодливи.

Документираност на системот

Успешните бизниси имаат свои системи на работа и прилагодени инструменти на управување. За да можат да бидат “достапни“ за франшизингот овие системи мора да бидат лесно разбирливи за потенцијалните приматели на франшизата. Давателот на франшизата мора детално да ги документира сопствените работни политики, своите процедури, обрасци и пракса во систем кој е сеопфатен и по можност, едноставен за користење од страна на примателот на франшизата.

Достапност

Овој критериум е многу важен за селекцијата на примателите на франшизата. Франшизата мора да биде “финансиски достапна“.Примателите мора да имаат доволно средства за инвестиции во фаншизата.

Повраток на инвестицијата (РОИ)

Франшизното работење мора да биде исплатливо за давателот на франшизта, но неопходно е и потенцијалниот примател на франшизата да обезбеди  доволно приходи за брзо врќање на вложените пари.

Трендови и пазаришни услови

Пред да почнете со акција за воспоставувањена франшиза, ќе биде добро да се направи анализа на  пазарот. Што воопшто е тренд на пазарот? Раст или консолидација? Какво е влијанието на трендот на пазарот? Какво влијание ќе има интернетот, како “нов пазар“ сам по себе? Дали релевантните производи/услуги ќе опстанат и во наредните години? Како се однесуваат конкурентите? Какво влијание ќе има конкурентното опкружување на успехот на франшизата? И.т.н.

Капитал

За да се развиваат бизнис франшизните мрежи, давателите на франшизи мора да имаат доволно капитал не само да го развиваат системот, туку и постојано да напредуваат. Тие мора да бидат во состојба да им покажат на потенцијалните примачи на франшиза дека ќе ги вратат своите инвестиции и ќе остварат дополнителен профит - кој е единствената мотивација да останат во таква работа.

Посветеност на взаемниот однос

Примателите на франшизата за свои пари купуваат право да влезат во франшизната мрежа. Тие таму се автоматски мотивирани да остварат работен успех и добивка. Но висината на добивката ќе зависи и од успехот на двете страни- а посебно од капацитетот на давателот на франшизата да изгради цврст и долгорочно одржлив однос со примателите.

Ефикасно управување

Силен менаџмент и ефикасно управување, прилагодливо на новите пазаришни услови и предизвици допринесува за успехот на секој франшизен концепт.

Понатака потенцијалниот давател на франшизата прво мора да утврди дали воопшто е спремен за франшиза- затоа што франшизното работење ќе има значајно влијние на самата компанија. Со тоа секогаш е препораката  оние кои сакат да започнат франшизно работење можат и треба да се обратат на експертите.Да побараат стручна помош и подршка.


PROFIT system

најчитани

Брзото читање ја „освои“ и Македонија! /14.01.2020

Франшизниот систем „Училиште за брзо читање и мудро учење“ пристигнува и во нашата земја. Потпишан е договор за мастер франшиза.

Доминација на големите системи /09.03.2021

Годинашната листа на порталот FranchiseDirect потврди дека, дури и за време на пандемијата, американските франшизи останаа најуспешни и најзастапени во светот. Повеќето од нив се системи од областа на гастрономијата.

Храна и козметика од канабис - индустрија која "цути" /05.12.2019

Cbweed е италијански произведувач и дистрибутер на производи на база на коноп, кој своето производство го шири преку франшиза и е заинтересиран продажната мрежа да ја развива низ Европа.

Канадско образование и на Балканот /10.01.2022

„Поддршката која што ја добиваме и на која што ќе може секогаш да сметаме, е клучна за франшизната соработка и светскиот успех на Maple Bear“, истакнува Љиљана Николова, како причина поради која што се одлучила за користење на франшизата на овој образовен систем.

Од хокеј до Сабвеј /05.03.2019

На почетокот бевме и загрижени – како ќе започнеме бизнис со кој никогаш не сме се занимавале! Меѓутоа сфативме дека купувањето на Subway франшизата значи дека ќе имаме постојана помош и поддршка – вели Петер Фрухауф, познат словачки хокеар.

популарно во форумот