Verbatoria

Информација за франшизниот ситем

Центар за таленти и развој успеха
Минимален износ на инвестиција 7.000 EUR

Нудиме франшиза за бизнис поврзан со анализа на неврометриска способност, односно мерење на коефициентот на талент (TQ). Анализата на неврометриската способност (или мерење на TQ) е уникатен метод за анализа на природниот потенцијал на една личност (дете, тинејџер, возрасен) со помош на алгоритам за анализа на индивидуалните карактеристики на мозокот во текот на извршувањето на едноставни стандардни задачи од различни области. За разлика од другите тестови и анализи, методот не ги испитува човечките вештини или способности, туку само идентификува област која што би била полесна или потешка за развивање во споредба со останатите.

Ние користиме единствена патентирана технологија за мерење на невро активноста, како и специјални процеси за мерење на нервните одговори на различни мисловни процеси, нивно декодирање или анализирање, врз основа на која се прави евалуација, односно извештај за TQ. Нашата анализа има за цел да го открие вистинскиот потенцијал на секој човек во математиката, јазиците, спортот, креативноста, музиката, емоционалната интелигенција и самосвесноста. Времетраењето на анализата е 60 минути.

TQ извештајот (Talent Coefficient Report) јасно и детално го опишува долгорочниот план за личен развој на една личност врз основа на неговите таленти.

Сопствени деловни единици

1 во БиХ

Франшизна единица

>200, 1 во Македонија (Скопје)
(околу 90 партнери во повеќе од 180 градови, во 25 земји во светот)

Информација за примателот на франшиза

Нашиот партнер (примател на франшизата) се стекнува со доживотна лиценца/право на франшиза, Verbatoria опрема, обука во траење од 2 дена, пристап до софтвер за тројца корисници, техничка и останата поддршка.

Во некои земји е достапна и лиценца за мастер франшиза. Дополнително, примачот на главната франшиза добива територијален ексклузивитет и право за понатамошна продажба на франшизни единици на таа територија.

Ние ви обезбедуваме: 

  • поддршка при отварање на локацијата за тестирање (обука во траење од два дена на Вашата локација), 
  • поддршка при вработување на стручниот кадар - специјалисти, 
  • поддршка поврзана со маркетинг активностите, 
  • обука и сертификација за 3 специјалисти кои што би биле ангажирани, 
  • подготовка на индивидуален извештај (TQ report) за секој клиент, врз основа на вчитаните резултати спроведени од Ваша страна, а пратени до нас како необработени податроци, 
  • изготвување на веб страница за вашата територија и линкови до Вашите податоци и останати информации на нашата веб страна,
  • вашите специјалисти да бидат вклучени во Verbatoria заедницата, со цел лесно и ефикасно, on-line, споделување на искуствата на заедницата од целиот свет, 
  • поддршка за индивидуални консултации со клиентите, по потреба, 
  • редовни обуки и вебинари, како и поддршка за Ваше учество на различни саеми и манифестации. 

Очекувана вкупна инвестиција

Од 6.990 ЕУР (цена за франшизна единица) 

Основни барања

Бараме претприемачи со искуство во психологија, психотерапија или HR (човечки ресурси).

Како наш партнер би имале обврска да:  

  • обезбедите локација за тестирање (околу 20 м2)
  • набавите од нас лиценца, сензори и тестови 
  • плаќате фиксна цена за секој извештај (TQ report) 
  • самостојно да ја дефинирате цената на услугата. Пазарното искуство укажува на цена во ранг од 70 до 100 УСД (па дури и до 400 УСД во Хонг Конг)
  • спроведувате маркетинг активности (Digital, Instagram, Pinterest, Facebook....)

Информација за давателот на франшиза

SolutionLAB d.o.o.

Pin iconВеселина Маслеше 51, 11000 Београд Website icon verbatoria.rs

Дознајте повеќе

Пополнете ја контакт формата подолу доколку сакате повеќе информации, информациите содржани во формата ќе бидат проследени директно до Verbatoria
Phone
Email

PROFIT franchise services, дел од групацијата PROFIT system (PROFIT system sp. z o.o.), како издавач на Franchising.mk ве информира дека не собира ниту обработува податоци испратени преку формуларот за контакт (образец за контакт). Сите информации внесени во образецот за контакт се испраќаат по електронска пошта до организаторот на франшизниот систем, како што е наведено во каталогот. Системот што ги прима испратените податоци ќе ги користи за да повратно пружи повеќе информации за сопствениот бизнис. Испраќањето на лични податоци е доброволно, а организаторот на системот кој прима податоци од образецот за контакт е воедно субјектот одговорен за собирање и обработка на лични податоци.