Mia Body Space

Информација за франшизниот ситем

Студио за обликување на тело
Минимален износ на инвестиција 40.000 EUR

Mia Body Space е современ фитнес и body-shaping концепт, заснован на специјално развиени апарати, Mia Body Space софтвер и стандардизирани тренинг протоколи, креирани врз основа на долгогодишно практично искуство.

Системот користи уреди – Mia Body Space Трака, Велосипед, Mia Body Sculpt и Мадеро ролер – кои се применуваат преку прецизно дефинирани и безбедни протоколи, прилагодени на широк спектар клиенти – од рекреативци до активни вежбачи – со цел постигнување на најдобри можни резултати со висок степен на видливост и повторливост на ефектите.

Во основата на методологијата се наоѓа синергијата на вакуум терапијата и инфрацрвената светлосна технологија, која го поттикнува согорувањето на мастите, ја активира циркулацијата, го забрзува метаболизмот и придонесува за обликување на телото.

Благодарение на стандардизацијата на системот, секое Mia Body Space студио обезбедува унифицирано искуство и висок квалитет на услугата, нудејќи им на клиентите ефикасен тренинг за пократко време, а на партнерите стабилен, препознатлив и пазарно атрактивен концепт.

Франшизата е наменета за претприемачи од светот на спортот, фитнесот и wellness-индустријата, како и за инвеститори кои бараат видлив, модерен и јасно структуриран концепт, со поддршка од развиен систем и силен бренд.

Погледнете ја нашата Instagram страница:
https://www.instagram.com/miabodyspace/

Сопствени деловни единици

1 Beograd

Франшизна единица

10

IMG_7894.JPG

Информација за примателот на франшиза

Примателот на франшизата / партнерот на Mia Body Space добива:

1. Право на користење на брендот и комплетниот деловен концепт
2. Оперативен прирачник и стандардизирани протоколи за третмани
3. Почетна обука за примателот и обука за персоналот
4. Насоки за уредување на просторот и брендирање
5. Силна маркетинг и PR поддршка, вклучувајќи:
– активна промоција на брендот од страна на Миа Борисављевиќ како заштитно лице на брендот,
– присуство и видливост на социјалните мрежи на брендот,
– користење на централизирани маркетинг содржини и кампањи
6. Континуирана оперативна поддршка и контрола на квалитетот
7. Пристап до унапредувања на системот и know-how

Очекувана вкупна инвестиција

Влезна такса: од 5.000 ЕУР па нагоре

Месечна такса (вклучува и маркетинг): од 500 ЕУР па нагоре

Вкупна почетна инвестиција: минимум 40.000 ЕУР

Забелешка: Износите на сите такси, како и висината на вкупната инвестиција, варираат во зависност од големината на ексклузивната територија на која работи франшизопримачот, како и од бројот на машини што се набавуваат.

Основни барања

Потенцијалниот примател на франшизата треба да ги исполни следниве основни критериуми:

  • Подготвеност за активно лично ангажирање во водењето на студиото
  • Лицето што ја води франшизата треба да има искуство или професионална позадина во областа на спортот, фитнесот или сродни области (фитнес тренер, спортски работник, физиотерапевт, wellness инструктор и сл.)
  • Прифаќање и доследно почитување на стандардите и процедурите на системот
  • Завршена задолжителна почетна обука (примател + персонал)
  • Обезбеден или планиран соодветен деловен простор согласно насоките на брендот
  • Обезбедени финансиски средства за почетната инвестиција и старт на работењето
  • Подготвеност за вработување и обука на персонал според стандардите на системот
  • Изразена ориентација кон квалитет на услугата и работа со клиенти
  • Прифаќање на контрола на квалитет, аудити и систем за известување
  • Почитување на етичкиот кодекс и професионалните норми на брендот
  • Долгорочна деловна ориентација и желба за развој на стабилен брендиран бизнис

Информација за давателот на франшиза

Sportsko udruzenje “MIA BODY SPACE” Beograd

Pin iconLuke Vojvodica 18E Website icon instagram.com

Дознајте повеќе

Пополнете ја контакт формата подолу доколку сакате повеќе информации, информациите содржани во формата ќе бидат проследени директно до Mia Body Space
Phone
Email

PROFIT franchise services, дел од групацијата PROFIT system (PROFIT system sp. z o.o.), како издавач на Franchising.mk ве информира дека не собира ниту обработува податоци испратени преку формуларот за контакт (образец за контакт). Сите информации внесени во образецот за контакт се испраќаат по електронска пошта до организаторот на франшизниот систем, како што е наведено во каталогот. Системот што ги прима испратените податоци ќе ги користи за да повратно пружи повеќе информации за сопствениот бизнис. Испраќањето на лични податоци е доброволно, а организаторот на системот кој прима податоци од образецот за контакт е воедно субјектот одговорен за собирање и обработка на лични податоци.