Топ-500 американски франшизи според Entrepreneur: храната и натаму број 1...

На врвот
На врвот / За прв пат првото место на Entrepreneur листата на 500 најуспешни американски франшизи годинава го доби ланецот познат по кифли и крофни Dunkin'
Вторник
04.02.2020
Анализата на листата на 500 најуспешни американски франшизи која ја подготвува и објавува списанието Entrepreneur покажува дека бизнисите поврзани со храна и натаму се меѓу најпосакуваните франшизи.
 

Едно „филозофско прашање“ ја одбележа овогодинешната анализа  на листата од 500 најуспешни американски франшизи според списанието Entrepreneur: „Дали претприемачите претпочитаат да купат франшиза која ја задоволува желбата или потребата на потрошувачот?“ Нема сомнеж дека секој бизнис постои за да задоволи некоја желба или потреба на купувачите или клиентите, меѓутоа франшизниот бизнис во однос на ова прашање мора да биде попрецизен. Имено, тие треба да имаат развиен, исклучително среден и ефикасен систем на работење кој би можел повеќе пати да се реплицира со предвидлив и посакуван успех. Помалку е важно дали бизнисот опфаќа задоволување на желбите или пак на потребите. Што ни покажува годинешната листа на 500 најуспешни франшизи на списанието Entrepreneur?

Сита сакаат добра, но можеби и малку брза храна!

На оваа листа и годинава, најбројна категорија е гастрономијата. Повеќе од една петтина од рангираните франшизни компании се поврзани со храна. Иако јадењето е насушна потреба за секој човек, сепак, анализата на списанието Entrepreneur покажува дека оваа категорија е поврзана со една посебна желба.

McDonald's, Sonic Drive-In, Culver's и други гастро брендови  се натпреваруваат во понудата на најпосакувани хамбургери. Луѓето секогаш сакаат вкусна и добра храна што ќе ги става гастрономските франшизи секогаш меѓу најпосакуваните работни можности – стои во оваа анализа. За тоа сведочи и врвот на овогодинешната листа каде меѓу 10 најуспешни франшизи се наоѓаат  дури седум системи, а меѓу првите 100, повеќе од 25.

Сепак, интересно е што вкупниот број на гастрономски франшизи е многу помал во однос на минатогодишната листа. Годинава рангирани се 103, а лани биле 120 гастрономски франшизи. Од годинешните франшизи, 86 се ланци на брза храна, а лани биле 94. Класичните ресторани со целосна услуга се наоѓаат во незавидна состојба. Годинава рангирани се само девет, што е двојно помалку  во однос на претходната година. Намалувањето на рангираните системи сепак не е показател за некој вистински проблем, се истакнува во анализата на списанието Entrepreneur, туку повеќе е показател за развивањето на другите најбројни категории на оваа листа – секторот одржување. Тоа е категорија која целосно е поврзана со потребите. 

Да се удоволи на домашните потреби на потрошувачите

Поправката, чистењето, реставрацијата, одржувањето на тревните површини се видови на бизнис кои влегуваат во категоријата одржување. Како што луѓето одат во ресторани, така и услужните бизниси кои можат да надминат одреден проблем во домаќинството, секогаш се потребни. Затоа често се вели дека за  овие франшизи нема криза, покрај тоа што чинат помалку од гастрономските франшизи, а за работата не е потребно да се изнајмат посебни деловни простории, бидејќи се може да се организира од дома. 

Годинава на оваа листа се нашле 70 компании од повеќе сектори за одржување или осум повеќе во однос на минатата година, а дури 14 системи се меѓу првите 100. 

Во секторот убавина и фитнес, има место за секого

Помеѓу секторите кои добро се позиционирани се и бизнисите за лична хигиена и одржување на телото - особено фитнес клубовите и фризерските салони. На овогодинешната листа се наоѓаат 22 фитнес брендови, но сепак тоа е само дел од приказната, се наведува во анализата. За оваа листа се пријавиле 60 фитнес компании, а интересно е што се работи за „млади“ франшизи, компании кои се основани последните пет години. Ваквиот раст на учесниците на пазарот, стои натаму, покажува дека следните години ќе се зголемува и бројот на рангирани фитнес франшизи, се заклучува во анализата.

Помал број на рангирани франшизи има во областите здравје и рекреација. Во категоријата здравје годинава се наоѓаат девет франшизи, а интересно е што дури пет компании се меѓу првите 100. Секторот рекреација, пак, го карактеризира постојана промена на трендот. Се забележува дека раст има во делот „направи сам“ работилниците, за разлика од, до неодамна, многу популарните студија за уметничко сликање со дегустација на вино (paint-and-sip). Од друга страна, пак, трамболинските паркови и натаму добро работат, но повеќето се обидуваат да ја прошират понудата со воведување на дополнителни атракции, како картинг или карпи за искачување.

Кои се најдобрите 10?

Многу компании кои се рангирани на оваа листа не се само најуспешни франшизни системи на северноамериканскиот континент, туку се и глобални лидери. Некои брендови добро се познати и повеќе години работат и во земјите од регионов. Меѓу нив се McDonald’s (3 место), KFC (24 место), Holiday Inn и Holiday Inn Express (36), RE/MAX (40), Hilton (101), Doubletree by Hilton (103). Франшизна мрежа развива и ланецот за брза услуга Subway (107), кој има ресторани во Словенија и Хрватска, каде и натаму бараат нови приматели на франшиза. 

Топ 10 франшизи за 2020

1. Dunkin' (брза храна)
2. Taco Bell (брза храна)
3. McDonald's (брза храна)
4. Sonic Drive-Inn (брза храна)
5. The UPS Store (поштенско-доставувачка служба, печатење, услуги за МСП)
6. Ace Hardware (продажба на професионален и хоби алат)
7. Planet Fitness (фитнес)
8. Jersey Mike's Subs (брза храна)
9. Culver's (брза храна)
10. Pizza Hut (брза храна)

Целата листа на Entrepreneur Franchise 500 можете да ја најдете тука


PROFIT system

погледнете ги текстовите

Оnline наставата успешна /05.09.2020

Полскиот франшизен систем на училишта за програмирање, Coding Giants , има намера да отвори училишта во земјите од регионов. Што научија во време на пандемијата со коронавирусот и како тоа може да биде предност за идните приматели на франшиза?

Саемот во Варшава- според планираното! /03.09.2020

Саемите и конференциите се враќаат! Најголемиот саем на франшизи во средна и источна Европа ќе се одржи како што е и планирано, од 15 до 17 октомври 2020 во Варшава.

Италија: бизнис искуства и решенија во време на COVID-19 /01.04.2020

Италија беше првата европска земја во која се појави новиот корона вирус. После неколку недели од епидемијата, ја анализираме економската состојба во Италија и мерките на Владата во Рим.

Едукацијата се сели „онлајн“ /25.03.2020

Полскиот франшизен синџир на училишта за англиски јазик Early Stage не запре со работата и покрај затворањето на училиштата. Часовите ги одржуваат online. Дали и примателите на франшиза го користат ова решение?

Војна на пилешките сендвичи /19.03.2020

McDonald’s одлучи во своите ресторани во Америка да понуди и два сендвичи со пилешко... Зошто ли е тоа толку значајно? Затоа што прашање е дали тоа би се случило доколку примателите на франшиза не направиле притисок, а сето предизвикано од заострената конкуренција.

најчитани

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

Идеа за работа во заштитата на телефонот /27.04.2019

Американската франшиза Mobile Outfitters, специјализирана за услуги за заштита и стилизирање на мобилните телефони со квалитетна фолија, веќе неколку години работи во Хрватска и Србија. Бараат приматели за франшизата и во Македонија.

Од хокеј до Сабвеј /05.03.2019

На почетокот бевме и загрижени – како ќе започнеме бизнис со кој никогаш не сме се занимавале! Меѓутоа сфативме дека купувањето на Subway франшизата значи дека ќе имаме постојана помош и поддршка – вели Петер Фрухауф, познат словачки хокеар.

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Дали сте за суши? /07.11.2019

Sushi by A's, франшизен концепт кој се заснова на подготовка и продажба на суши во рамките на трговски ланци, ја прошири мрежата во Хрватска и Словенија и најавува влез на нови пазари.

популарно во форумот