Прилика за македонските франшизи да настапат на Franchise Expo Paris 2020!
Се приближува најголемиот европски саем за франшиза - Franchise Expo Paris. Организаторите годинава подготвуваат специјален павилјон за концепти од Централна и Источна Европа. Исто така, се нуди можност за франшизните системи од нашиот регион.
Годинешното издание на саемот на франшизи, 38-мо по ред, ќе се одржи од 22-25 март во комплексот Porte de Versailles. Се очекуваат околу 40.000 посетители, но не само од Франција - секоја година саемот го посетуваат илјадници претприемачи од странство, особено оние кои се заинтересирани да купат мастер франшиза. Со оглед на тоа што ова е најголемиот саем за франшизи во Европа во кој се претставени повеќе од 550 франшизни системи, за нив ова е одлична прилика да бараат и најдат брендови и бизниси кои потоа ќе ги развиваат на домашниот пазар.
Овој факт оди и во прилог на франшизните ситеми од нашиот регион кои размислуваат за меѓународна експанзија. Оваа година организаторите на саемот решија да ги поддржат компаниите од Централна и Источна Европа, кои ќе добијат можност да учествуваат во еден од најголемите настани за франшиза во светот - по поповолни услови. Имено, компаниите кои сакаат да се претстават ќе можат да изнајмат штанд од 6 м2 како дел од специјалниот павилјон - Central Eastern Pavillion - по повластена цена од 3.000 евра (без ДДВ). Сепак, овој пакет вклучува и голем број на други услуги. Секој изложувач ќе добие и четири билети / пропусници за сите настани на саемот, како и пристап до ексклузивниот деловен клуб („LeClub“) за состаноци и работа со потенцијални партнери. Информациите за концептот исто така ќе бидат наведени во официјалниот каталог на саемот, а логото на компанијата ќе биде вклучено во сите списоци на изложувачи (печатени и on-line изданија).
Франшиза под рефлектори
- Да се биде самостоен изложувач на толку големо трговско шоу, за повеќето компании од регионов е комплексно и скапо. Меѓутоа, кога ќе добијат место во посебен павилјон, по цена значително пониска од онаа што ја плаќаат другите изложувачи, станува многу привлечна можност. Покрај тоа што ќе можат да допрат до потенцијални партнери и приматели на франшизи, изложувачите ќе имаат можност да разменуваат искуства со други претприемачи од регионот на Централна и Источна Европа, да воспостават интересни и корисни деловни контакти - вели Игор Богојевиќ, регионален директор на консултантската компанија PROFIT system, која исто така ќе биде учесник и медиумски партнер на Парискиот саем годинава.
Фактот дека на сопствениците на франшиза им се исплатува учеството на саемот во Париз - го докажува и статистиката. Според официјалните бројки, дури три четвртини од изложувачите на самиот саем склучуваат договор со потенцијални приматели на франшиза.
Дали сте заинтересирани да бидете изложувач на Franchise Expo Paris 2020?
Контактирајте нè на redakcija@franchising.rs
Најнови вести
Прикажи сè
Научна кујничка – наука низ игра
Научната кујничка ги спојува науката и играта преку експерименти и работилници за деца, додека на франшизерите им нуди стабилен и перспективен бизн...
Ширењето на знаењето без граници
„Школата за брзо читање и мудро учење“ претставува еден од ретките домашни франшизни системи кој со години успешно се носи со сите предизвици и пос...
NYC BAGEL франшиза која мириса на успех
Њујоршки багел со сараевска душа: како еден брачен пар започна успешен бизнис и сега нуди франшиза за сите што сакаат автентичен бренд во својот град.
Силен бренд и посветеност на работата
„Малец Генијалец“ е бренд познат низ целиот регион. На пазарот во Северна Македонија сѐ уште постои потенцијал за проширување на франшизната мрежа.