Кои се најуспешните франшизи?
Листата на порталот FranchiseDirect за оваа година покажува дека американските франшизи се најуспешни и најзастапени во светот. Меѓу нив најбројни се гастрономските системи.
Според воспоставената практика, порталот FranchiseDirect.com секоја година ги анализира податоците и ги рангира најуспешните франшизни системи на светот. За рангирањето се применува сложена формула, која неодамна беше дополнително модифицирана. Така, сега веќе се зема во предвид продажбата, наместо вкупниот приход, додека зголемувањето на бројот на подружници се мери во проценти. Меѓутоа, факторите: раст на подружниците, продажбата, годините поминати во франшиза, стабилноста, растот на мрежата и меѓународната експанзија, колку и да се клучни за рангирањето, формулата вклучува и критериумите кои ги надминуваат обичните броеви. Во предвид се зема и помошта која давателот на франшизата ја дава на идните приматели, но и колку системите вложуваат во развивањето на локалната заедница преку добротворни програми и донации.
Списокот за оваа година покажува дека најголемиот број од рангираните франшизни системи, се од САД, дури 85, а најзастапена е гастрономијата и угостителството (34 системи). Овој сооднос најдобро е илустриран преку рангирањето на првите десет најуспешни франшизи.
Десет најуспешни за 2020
- McDonald’s (ресторан за брза услуга, хамбургери)
- KFC (ресторан за брза услуга, пилешко)
- Marriott International (хотели)
- Pizza Hut (ресторан за брза услуга, пица)
- Burger King (ресторан за брза услуга, хамбургери)
- Domino's (ресторан за брза услуга, пица)
- Dunkin’ (ресторан за брза услуга, кафе, крофни, хамбургери)
- Subway (ресторан за брза услуга, сендвичи)
- Circle K (синџир од супермаркети)
- InterContinental Hotels (хотели)
Листата ТОП 100 Global Franchises 2020 можете да ја најдете ТУКА.
Најнови вести
Прикажи сè
Научна кујничка продолжува да расте во Македонија
Научна кујничка веќе работи во Северна Македонија, каде нејзиниот едукативен концепт е приспособен на локалниот пазар и им е достапен на децата...
YES International: Од училиште за јазици до франшизен систем
Современо училиште за странски јазици од Северна Македонија влегува во светот на франшизингот и на партнерите им нуди разработен образовен систем...
Крилца за успешен бизнис
Како од пилешки крилца да се создаде успешен бизнис и франшиза, објаснува Зоран Виденовиќ од „Крилца и Пивце“.
Royal Nanny: Кога довербата се претвора во систем
Дадилката не е само работа. Тоа е повик, доверба и уметност.