За добра пица има добар пазар - Domino's се шири во регионот
Domino's, најголемиот синџир на пицерии во светот, пролетва ќе ја добие првата франшизна подружница во Хрватска
Американскиот франшизен синџир на пицерии Domino's, кој има повеќе од 16.300 подружници во повеќе од 85 земји во светот, оваа пролет ќе ја отвори и првата подружница во Хрватска, дознава хрватскиот портал poslovni.hr. За носењето на брендот во Хрватска заслуги имаат Михаел Свибен и Нилс Давид Горнал (Mihael Sviben и Nils David Gornall) од компанијата All about pizza.
Приказната започнавме да ја создаваме пред повеќе од една година. Соработуваме со инвеститори кои веќе имаат подружници на Domino’s Pizzа во Јапонија, Германија, Нов Зеланд и Австралија. Го запознав на катамаран и од разговорот сфатив дека тој е една од водечките личности во Domino’s Pizza. Иако сум машински инжинер, отсекогаш сум сакал да се впуштам во претприемништво, за што има потенцијал на нашиот пазар. Иако веќе имаме силни играчи на пазарот и квалитет, Хрватите сакаат пица, а ние нудиме пица на американски начин која е поразлична од се што моментно е достапно на нашиот пазар – ги открива деталите Свибен за Poslovni dnevnik.
Отварањето на првата подружница во Загреб се очекува во април или мај.
Свибен истакнува дека пиците ќе се подготвуваат на самото место – пред купувачот ќе се меси тестото и ќе се редат состојките. Тврди дека клучот за успехот на Domino’s Pizza покрај квалитетот е и брзината на доставување која ќе биде максимално за 30 минути. – Се уредува локацијата и планираме до крајот на годинава да отвориме уште една и да продолжиме со ширењето низ Хрватска – врли Свибен.
Како и кај повеќето големи и добро поставени франшизни системи, кои се строги кога се работи за квалитет и барањето на сертификати, повеќето состојки за Domino’s Pizza ќе се обезбедуваат од странски добавувачи, вели Свибен за Пословни дневник. – Но, веруваме дека на листата на која има неколку домашни добавувачи, наскоро ќе се најдат и нови. Целта ни е да го поттикнеме хрватското стопанство и произведувачите кои нудат квалитет – вели Свибен.
Domino’s е американски мултинационален синџир на пицерии со седиште во Ен Арбор во Мичиген. Основан е 1960 година кога Том Монахан со својот брат Џејмс ја презеле прицеријата DomiNick’s. Името Domino’s го регистрирале 1965 година, по што започнало ширењето низ светот преку франшиза. Под брендот Domino’s денеска работат повеќе од 16.300 пицерии во повеќе од 85 земји, а франшизни ресторани во нашиот регион има и во Македонија и Косово.
Други концепти од секторот Гастрономија
Најнови вести
Прикажи сè
Научна кујничка – наука низ игра
Научната кујничка ги спојува науката и играта преку експерименти и работилници за деца, додека на франшизерите им нуди стабилен и перспективен бизн...
Ширењето на знаењето без граници
„Школата за брзо читање и мудро учење“ претставува еден од ретките домашни франшизни системи кој со години успешно се носи со сите предизвици и пос...
NYC BAGEL франшиза која мириса на успех
Њујоршки багел со сараевска душа: како еден брачен пар започна успешен бизнис и сега нуди франшиза за сите што сакаат автентичен бренд во својот град.
Силен бренд и посветеност на работата
„Малец Генијалец“ е бренд познат низ целиот регион. На пазарот во Северна Македонија сѐ уште постои потенцијал за проширување на франшизната мрежа.