5 митови за франшизингот - да не направиме грешка во чекори...

Среда
11.03.2020
Има повеќе погрешни претпоставки за франшизингот, па не е ни чудно што луѓето кои размислуваат за купување франшиза, често ја менуваат одлуката. Ова се некои од најчестите заблуди...
 

Мит 1 – Примателот на франшизата е сопственик на брендот

Кога станува збор за франшиза, ова е веројатно најчестиот мит. Нема да згрешиме ако кажеме дека оваа заблуда е резултат на незнаење. Всушност, малкумина го разбираат моделот според кој функционира франшизната соработка, односно што значи давател, а што примател на франшиза.

Да потсетиме, франшизата е форма на соработка помеѓу независните претприемачи/компании – давателот и примателот на франшиза. Давателот, со определен надомест, го нуди својот деловен концепт, know-how и брендот, на други независни претприемачи кои со тоа стануваат приматели на франшиза. Така, примателите стекнуваат право да работат под брендот на давателот и да ги користат и применуваат неговиот know-how и потврдените постапки за работење.

Договорот за франшиза, кој го потпишуваат давателот и примателот, содржи одредби и услови за продажбата и купувањето на франшизата. Условите за соработка помеѓу двете прави лица, нивните обврски и права може да се разликуваат во одделни случаи. Некои даватели се пофлексибилни и одобруваат отстапки за примателите од вообичаената практика, со можност да внесат нешто ново во системот на работа. Како и да е, примателот на франшиза никогаш не станува сопственик на брендот.

Со купувањето на франшиза, примателот само стекнува право на користење на брендот, деловниот модел и елемети на визуелен идентитет. Тоа право често е и географски ограничено. Имено, примателот на франшизата има право да работи со одредениот бренд единствено на подрачјето кое однапред е утврдено во договорот со давателот на франшизата.

Мит 2 – Давателот го води бизнисот на примателот на франшизата

Иако примателот на франшизата не е сопственик на брендот, тој сепак е сопственик на својот бизнис, што значи дека е одговорен за резултатите од своето работење. Давателот на франшизата, според договорот, има право да ја контролира и надгледува работата на примателот на франшизата за да биде сигурен дека утврдените процедури и стандарди за работење доследно се применуваат во сите франшизни подружници. Тој сепак не е вклучен во секојдневното работење и управување со франшизните подружници. 

Давателот, пак,  има обврска да ги оспособи и да им ги пренесе сите знаења на примателите и нивните вработени и е одговорен за постојана, советодавна и оперативна поддршка на примателите на франшизата. Сепак треба да се знае дека се работи за помошни активности и дека тоа не значи дека давателот го поседува или го води бизнисот на примателот на франшизата.

Затоа треба да се знае и следното: успешноста на бизнисот не зависи само од внимателно избраниот бренд или доследно применетите деловни процедури, туку најмногу од посветеноста и вештината на примателот на франшизата.

Мит 3 – Поисплатлива е франшиза со „звучно име“

Кога се споменува франшизинг, повеќето луѓе прво помислуваат на McDonald's, Pizza Hut, Burger King или Subway. Бидејќи франшизингот обично се поврзува со големите глобални компании кои имаат илјадници подружници низ светот, се прави и одредена перцепција дека изборот на познато и препознатливо име е важно, па можеби и клучно за успех на бизнисот.

Секако дека препознатливото име и големата база на потенцијални купувачи или корисници кои веќе се запознаени со брендот играат важна улога при изборот на франшиза. Сепак, не може со сигурност да се каже дека тоа носи загарантиран успех. Трошоците за позната франшиза по правило се многу големи. Исто така не треба да се заборави и дека таквите франшизни системи речиси и да немаат можност да го менуваат или приспособуваат деловниот модел  кој би влијаел на зголемувањето на профитот.

На крајот, сите големи брендови некогаш биле и помали и помалку познати. Гледано од страна, фактот што франшизниот бренд во моментов не е познат во светот, не значи и дека не може да постигне успех. Во секој случај,  најважно е дека станува збор за потврден и профитабилен бизнис, а давателот на франшиза би требало на својот потенцијален примател да му ги даде на увид финансиските резултати барем за последните две години од работењето.

Мит 4 – Франшизата е скапа

Митот дека сите франшизи се многу скапи доаѓа токму од верувањето дека треба да се земаат исклучиво светски познати брендови. Всушност, опсегот на цени за франшиза е широк. Можеби е и претерано да се каже дека секој може да купи франшиза, но факт е и дека на пазарот постојат системи кои ниту се скапи, ниту бараат многу, кога се работи за надомест и со самото тоа секој може да најде франшиза според средствата со кои располага.

Сепак, кога се прави проценка за вложувањето во франшизата, потенцијалните приматели би требало да сметаат не само на средствата потребни за надомест и за отворање на франшизната единица, туку и на вложувањата за суровини, рента, комуналии, плати и секојдневни трошоци за работењето.

Мит 5 – Само искусните претприемачи можат да бидат приматели на франшиза

Лицата кои размислуваат за купување франшиза најверојатно ќе се соочат со митот дека мораат да имаат деловно искуство или искуство во претприемништво, доколку сакаат да се кандидираат за примател на некоја франшиза. Меѓутоа, предноста на франшизната соработка е токму во тоа што е соодветна и за оние кои зачекоруваат во претприемништво. На крајот на краиштата, обуката и поддршката за давателите на франшиза се задолжителни елементи на соработка, така што дури и понеискусните кандидати можат да станат исклучителни приматели - претприемачи кои работат добро и добро заработуваат.

Се разбира, има и франшизи за кои е потребно посебно работно искуство, вештина или знаење. Меѓутоа, ваквите барања, по правило, се видливо истакнати во франшизната понуда и описот на системот.  Меѓу најчестите и најважните критериуми за избор на франшизен партнер главно се посочуваат мотивираноста, подготвеноста за работа, посветеноста кон брендот и, се разбира, финансиската солвентност (платежната способност).

 

Франшизен консултант, PROFIT System

погледнете ги текстовите

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

Можност во чудесниот свет на музеите /07.02.2022

Тие сакаа да понудат уникатно искуство кое ќе ги спои забавата и образованието и ќе привлече посетители од сите возрасти. „Музејот на сетилата“ за кратко време стана неизбежна атракција и ги наведе основачите сега да понудат и франшиза.

Заработи на евтино кафе /29.10.2021

Cofix, ланецот на кафетерии со поволни цени, се појави на израелскиот пазар како сериозен конкурент на Starbucks. Денес, по постигнатите завидни резултати на постоечките пазари, имаат намера да го прошират својот бизнис низ цела Европа.

Кога кафето ќе стане повеќе од задоволство /12.08.2021

Франшизниот ланец МЕРОН планира да го прошири својот концепт на кафетерии во сите земју од Европската Унија. Отворени се за соработка и со претприемачите од земјите во регионот.

Полека и сигурно до франшиза /06.07.2021

Доколку водите мал бизнис што може лесно да се „реплицира“, франшизингот е идеален начин за проширување на вашиот бизнис. Сепак, кои се основните предуслови за развој на успешна франшиза?

најчитани

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

Со DepilConcept до сопствен бизнис /05.08.2019

Од април 2019 во Србија работи DepilConcept, португалски франшизен систем специјализиран за епилација. Примателите на мастер франшиза за овој пазар откриваат што го издвојува DepilConcept од другите - како концепт и како бизнис.

За нов почеток – училиште за програмирање /15.10.2020

Какви очекувања може да имаат претприемачите од регионов кои ќе ја изберат франшизата на полското училиште за програмирање Coding Giants? Приказната на Иза Порадовска од Полска може да биде интересен пример

популарно во форумот