Војна на пилешките сендвичи

McDonald's © / Chicken McGriddle и McChicken Biscuit.

Воведувањето на нови производи не е реткост. Напротив, синџирите за брза храна на два-три месеци нудат нешто ново, најчесто сезонски или ограничени понуди. За пилешките сендвичи на McDonald’s сепак има интересна приказна.

Битка за потрошувачи преку пилешко

Се започнува од конкуренцијата. Chick-fil-A можеби не е познат надвор од Америка, но се работи за бренд кој последниве години го движи исклучително конкурентниот пазар за брза храна во Америка.  Како што посочува и неговото име, познат е по специјалитетите од пилешко. Неверојатен и константен раст на продажба бележи од 2018 година и покрај тоа што сите негови ресторани се затворени во недела. Според продажбата, веќе ги надминал некои од неспоредливо поголемите и поискусни компании како KFC, Burger King и Wendy's, а можно е следните години да ја стаса, па и да ја надмине продажбата на McDonald's и Starbucks, двата синџири кои во моментов се пред него. 

Под брендот Chick-fil-A денеска работат 2400 ресторани. Бројката може да изгледа мала во однос со 13.900 единици на McDonald's на американскиот пазар. Меѓутоа, медиумите во Америка не го занемаруваат податокот дека Мек од 2017 година беше принуден да затвори 122 ресторани во Америка, а во меѓувреме Chick-fil-A отворил 175 единици. Во последните 12 години всушност Chick-fil-A го удвои бројот на ресторани. 

Брзиот раст на популарноста на Chick-fil-A го активираше алармот во речиси сите синџири за брза храна, не само меѓу брендовите кои нудат јадења од пилешко. Битката за потрошувачи станала поостра во 2019 кога и Popeyes кој е исто така популарен синџир, понудил своја, многу вкусна, верзија сендвич со пилешко. Се случило залихите пилешко планирани за двомесечната промотивна понуда, Popeyes да ги потроши само за две седмици. Побарувачката ги надминала сите очекувања. Резултатот бил одличен: во тој период Popeyes забележал приход од 65 милиони долари, а продажбата пораснала за 10 %.

Гласот на примателот на франшиза мора да се слушне

Примателите на франшизата на McDonald' не биле одушевени со развојот на настаните во Америка. Се чинело дека губат важен дел од пазарот и дека компанијата не реагира доволно брзо на моментната „битка“ помеѓу синџирите за брза храна која американските медиуми ја опишале како „војна за пилешки сендвич“. Иако  McDonald's во својата понуда има и оброци со пилешко, потрошувачите, па дури и примателите на франшиза сметале дека ваквите додатоци на менито не се ниту приближно до премиум понудата на конкурентниот синџир. Интерното истражување покажало дека дури 89% од примателите на франшиза сметаат дека Chick-fil-A преставува нејголема пречка за McDonald's .

Независната група на приматели на франшиза од McDonald's, National Owners Association уште  во текот на 2019  и се обратила на компанијата и барала воведување премиум производи од пилешко. Нивната настојчивост имала ефект дури кон крајот на јануари 2020 година. Тогаш на менито на сите  ресториани на McDonald's во Америка се најдоа два нови специјалитети - Chicken McGriddle и McChicken Biscuit. Попривлечни, покрцкави верзии на сендвичите со пилешко кои веќе се нуделе и го минале тестот во еден помал број ресторани на McDonald's.

Понудата на пилешки сендвичи  ќе биде временски ограничена. Каква оценка ќе дадат потрошувачите и дали примателите на франшизата на  McDonald's за тоа време ќе успеат  да профитираат од оброкот за кој се бореле, останува да се види...

Други концепти од секторот Гастрономија