Цени ја оригиналноста, но и правилата на игра

Ленка Новакова, франшизен консултант на компанијата PROFIT system во Чешка
Ленка Новакова, франшизен консултант на компанијата PROFIT system во Чешка / „За да успее примателот на франшизата важно е внимателно да го избере брендот кој ќе значи негова иднина. Пред се треба да разгледа дали франшизното работење е за него, дали сака и може да се придржува кон правилата кој друг ги поставил.“
Недела
22.03.2020
Што е важно за успех во франшизниот бизнис, кои гранки се популарни, а кои ветувачки, каков е пазарот во Чешка? Одговорите ги дава Ленка Новакова, која е франшизен консултант во PROFIT system.
 

Како би го опишале пазарот на франшиза во Чешка?

Ако треба да го опишам со еден збор, би рекла - динамичен. Добро е што секоја година се појавуваат по неколку концепти кои имаат сила и потенцијал да станат сериозни франшизни системи. Многу од нив брзо реагираат на актуелните трендови и ги воочуваат потребите на купувачите и потрошувачите, што позитивно влијае и на работењето на нивните приматели на франшиза. Како феномен, кој не е необичен, го забележуваме и зголемувањето на бројот на франшизни системи од Словачка кои сакаат да ја шират својата дејност, не само на домашниот, туку и на пазарот во Чешка. 

Чешка, во принцип, е посакуван пазар за многу странски франшизи?

Да, кога се работи за странски системи, Чешка е се уште еден од нивните главни цели кога ќе дојде до проширување на работењето во регионот на централна и источна Европа. За мене тоа е многу позитивен феномен, бидејќи тоа значи дека деловното окружување, 30 години по Сомотната револуција, се доживува како стабилно и отворено за нови можности. Мислам дека во овој момент тоа е добра вест, бидејќи зборот „криза“  повторно се слуша од сите страни. Токму појавувањето на нови играчи може да помогне кога се очекуваат масовни отпуштања заради влијанието на кризата во секторот производство. Новите системи, не само што ќе отворат нови подружници и ќе создадат работни места, туку и франшизингот, за некои од нив, би одговорил на прашањето како да ја променат својата иднина. Имено, тие добиваат можност да отпочнат со сопствен бизнис и тоа со поддршка и знаење од силен партнер.

Кои се најзаинтересирани брендови за влегување на пазарот? Од кои гранки?

Во однос на гранките, понудата навистина е голема. Сепак, би можеле да кажеме дека најзастапени се франшизите од светот на модата, образованието и гастрономијата. Како што е вообичаено, одделни франшизни системи влегуваат на пазарот барајќи примател на мастер франшиза – еден партнер кој би ја презел улогата на давател на франшиза и би бил задолжен за развој на мрежата на целата територија на земјата, додека другите системи бараат одделни приматели на франшиза, претприемачи кои би биле крајните корисници на лиценцата. За развивање во Чешка, на пример, заинтересирани се полските образовни концепти Coders Lab, Edukido и Coding Giants, канадскиот Maple Bear, португалските синџири на естетски центри DepilConcept и Body Concept, бугарскиот бренд за костуми шиени по мерка Brutale и гастрономските барови од Летонија Easy Beer и Easy Wine. Тука е и американскиот систем Signal 88 Security, специјализиран за услуги за обезбедување. Ќе забележите дека сите овие, всушност се системи кои бараат франшизни партнери во речиси сите земји од средна и југоисточна Европа. 

Можете ли да ни откриети кои гранки, односно франшизни системи постигнуваат најголем раст?

Не може со сигурност да се каже каде треба да се вложува за да се има загарантиран профит. Сакам да истакнам дека франшизното работење може да успее речиси во секоја гранка доколку го изберете вистинскиот концепт. Тоа, всушност, е најважно што треба да се земе во предвид кога купувате франшиза. Во Чешка гастрономијата е најпопуларна франшизна дејност. Од друга страна, пак, едукацијата се потврдила како сектор кој ветува не само во училиштата за странски јазици, како што беше случај до сега. Тие, да речеме и натаму се популарни франшизи, но денеска на пазарот има брендови кои се насочени кон  предучилишното образование, но и на организирање курсеви кои на посетителите ќе им ги зголемат шансите за наоѓање на работа на современиот пазар на трудот. Мислам, пред се на училиштата за програмирање. 

Што е клучно за успех во франшизниот бизнис?

Одговорот на ова прашање зависи од кој агол гледате. 

Од страна на давателот на франшиза, сопственикот на концептот, франшизата е одржлив модел поставен така да може да функционира на повеќе други локации, без личен пристап и ангажирање на давателот. Оригиналноста на концептот игра важна улога во успехот на франшизата, влијае на „пресудата“ на крајните купувачи и клиенти, и што во одредена фаза на развој е многу важно, и  за оние кои се заинтересирани за купување на франшизата. Значи, поголеми шанси за успех имаат брендовите и системите кои на пазарот носат нови, но проверени производи или услуги, односно, оние кои нудат или работат поинаку.

Од друга страна, пак, за да успее примателот на франшизата важно е внимателно да го избере брендот кој ќе значи негова иднина. Пред се треба да разгледа дали франшизното работење е за него, дали сака и може да се придржува кон правилата кој друг ги поставил. Доколку може, од примателот на франшизата се очекува да ги прифати правилата на системот, доследно да го применува пренесениот know-how  и да ги следи советите и препораките на давателот на франшиза. Примателите на франшиза  само ќе губат време доколку измислуваат нешто што веќе постои. Примателот нема задача да ги менува правилата кој ги прифатил на почетокот од соработката. Може да разговара со давателот, да ги сподели своите искуства, но треба да знае дека давателот исто така има интерес примателот на франшиза да успее.  Заради тоа, давателот нема да дозволи примателот да направи грешки кои самиот ги правел на почетокот од работењето. Тоа, би рекла, е една од најголемите придобивки од франшизното работење.

Кој е идеален примател на франшиза?

Франшизното работење не е за секого. Доколку сте креативни, сакате да создавате нешто ново и ги следите своите визии, можеби ова и не е за вас. Ќе повторам, кога ќе станете примател на франшиза, вие се согласувате да ги следите однапред одредените правила. Таа подготвеност често е клучна за давателот кога  одредува на кого ќе му ја понуди франшизата.

 

погледнете ги текстовите

Градиме подобра иднина /04.08.2021

„Секој кој што ја препознава убавината на нашата едукативна мисија е квалификуван за примател на франшизата Young Engineers“, вели основачот на овој американски едукативен концепт, Амир Асор

Промените не влијаат на развојот /24.03.2021

Како се прилагодуваше начинот на работењето во услови на пандемијата и на каква поддршка можеа да сметаат бројните приматели на франшизи, одговара Радослав Кулеша, коосновач на училиштето за програмирање за деца, Coding Giants.

Предностите на добриот модел /10.10.2020

„Добро осмислениот финансиски модел им ја гарантира на давателите на франшиза атрактивноста на нивната франшизна понуда“- истакнува Карол Кечмарек, франшизен консултант на компанијата PROFIT system.

Достава на храна – предности и недостатоци /22.04.2020

Се повеќе угостители размислуваат за воведување на домашна достава како мерка со која би се намалиле последиците предизвикани од коронавирусот. Да ги разгледаме предностите и недостатоците на оваа стратегија.

Време на криза - размисли и дејствувај /28.03.2020

Како ќе се одрази COVID19 пандемијата на работењето на франшизните системи и за што треба да размислуваат давателите на франшиза? За ова разговараме со Игор Богојевиќ, PROFIT system

најчитани

Брзото читање ја „освои“ и Македонија! /14.01.2020

Франшизниот систем „Училиште за брзо читање и мудро учење“ пристигнува и во нашата земја. Потпишан е договор за мастер франшиза.

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Франшизен пакет /17.07.2018

Франшизен пакет е основата на франшизниот систем, бидејќи го содржи комлетниот бизнис пакет кој го нуди сопственикот на франшизата.

Од крофнички до франшиза /27.10.2020

Приказната за „Јети фритули“ од Макарска е добар пример како од мал семеен бизнис може да се направи франшиза. Како се градел овој концепт, што е потребно за профитабилно работење и кои би биле посакувани приматели на франшизата?

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

популарно во форумот