Италија: бизнис искуства и решенија во време на COVID-19

Expo Franchising Napoli / Се уште е неизвесно дали Саемот на франшиза во Неапол, закажан за 20-21 јуни 2020 година ќе се одржи
Среда
01.04.2020
Италија беше првата европска земја во која се појави новиот корона вирус. После неколку недели од епидемијата, ја анализираме економската состојба во Италија и мерките на Владата во Рим.
 

Порталот за франшизинг FRANCHISING.pl започна со работа во 2001 година во Полска. Во следните десет години, специјализирани „сестрински“ портали  започнаа со работа во повеќето земји од средна и источна Европа. Меѓу другите се и Србија, Хрватска. Словенија и Македонија. Од 2019 година кон ова семејство на франшизни портали се придружи и портал од Италија: www.start-franchising.it. Елена Делфино која е главен и одговорен уредник на списанието и порталот зборува за тоа како епидемијата на новиот коронавирус влијаела на животот и бизнисот во Италија.

- Живеам во Милано, најголемиот град во Ломбардија, во регионот во кој се забележани првите случаи на заразени со коронавирусот. За среќа, никој од членовите на моето семејство и пријатели не е заразен. Веќе четири седмици сме во изолација. Новинар сум кој работи од дома, но сега син ми не оди на училиште, а маж ми не оди на работа. Во гратчето Кодоњо, каде на 21 февруари е забележан првиот случај на заразата и е првото каде е воведена црвена зона на карантин, денеска, недела 15 март, некои ограничувања се укинати. Нема новозаразени. Но, Италија е голема земја. Милано, да речеме, според оддалеченоста е поблиску до Лондон, отколку до Палермо. Дури деновиве цела Италија е прогласена за црвена зона и е во целосен карантин – раскажува Елена Делфино.

Кога животот ќе замре

- Во моментов во Италија се дискутира за тоа колку време ќе помине до враќањето на старите навики на потрошувачите откако ќе излезат од оваа присилна изолација. Како ќе изгледа потрошувачката кошница, кои производи ќе бидат најбарани? Бидејќи, промените веќе се видливи. Сигурно многу од нас веќе научиле како да живеат економично. Но, колку и да е состојбата тешка, има бизниси кои можат да профитираат. Италијанците не можат без кафе, па кога се затворени кафулињата, зголемена е побарувачката за кафемати и капсули кои се порачуваат online, со достава на домашна адреса – објаснува Елена Делфино.

- Франшизните компании главно дејствуваат во гранките кои прекинале или ограничено работат. Затоа на почетокот забележував голем песимизам кај своите соговорници. Сега тоа се менува, а последната седмица, помеѓу 11 и 18 март, можат да се слушнат и поинакви мислења. Можеби затоа што и присилниот прекин на работа обезбедува и повеќе време за размислување. Давателите на франшиза, од различни гранки, ми велат дека, сосема неочекувано, им се јавуваат голем број на кандидати заинтересирани за купување на франшиза. Секако, веќе започнавме со планирањето на идните активности, кога сето ова ќе помине – вели Делфино.

Поддршка за бизнисот

Претседателот на Италија Серџо Матарела го потпиша декретот Cura Italia, кој преставува пакет мерки и решенија кои би требало да помогнат во стабилизирањето на италијанското стопанство, а кој ги вклучува и следниве мерки:

  • Периодот во кој на вработените им се исплаќа надомест за времето поминато на боледување, како и за негување на болно дете се продолжува за девет недели. Трошоците ќе бидат покриени од државата;
  • Самоизолираните лица (претприемачи) кои заради карантинот и изолацијата не можеле да работат, за март ќе добијат еднократен надомест од 600 евра;
  • Следните два месеци компаниите не смеат да отпуштаат работници;
  • На фирмите кои имаат помалку од 2 милиони евра годишен приход, како и фирмите од секторите погодени од коронавирусот, им се пролонгира обврската за плаќање на данок на доход и придонеси за заработка, како и од обврската за плаќање на ДДВ, почнувајќи од 16 март. Овие даноци и придонеси нема да се наплаќаат до 31 март, а подоцна ќе може да се отплаќаат на пет месечни рати;
  • За претприемачите кои биле принудени да ги затворат своите продавници, кафулиња, ресторани и услужни дејности, се воведуваат посебни даночни олеснувања поврзани со трошоците за закуп со тоа што даночното намалување изнесува 60% додека трае прекинот на работењето;
  • Одобрени се посебни даночни олеснувања за набавка на средства за дезинфекција и воведување на хигиенски мерки за безбедност на работниците, под услов трошоците да не надминуваат 20 илјади евра по претприемач. Исто така, даночните олеснувања се воведуваат и за трошоците настанати како резултат на санирање на состојбата предизвикана од коронавирусот, под услов трошоците да не надминуваат 30 илјади евра по претприемач;
  • Се воведува обврска за репрограмирање на кредитите - продолжување на рокот за отплата за дополнителни 18 месеци за сите самовработени претприемачи и времено вработени лица, чии приходи се намалиле најмалку за 33 % во однос на минатата година:
  • Од 5 март самовработените и времено вработените остваруваат право на посебен додаток за нега на дете во износ од 50% од нивниот приход од претходната година, пресметано пропорцијално со периодот во кој нивните деца помлади од 12 години не оделе на училиште; алтернативно може да се користи посебен ваучер за нега на деца во износ од 600 евра или 1000 евра за здравствените работници доколку во периодот додека трае епидемијата тие биле професионално активни и морале да плаќаат за чување на детето кое е помладо од 12 години и не одело на училиште;
  • Посебен бонус од 100 евра за сите градежни работници за време на коронавирусот кој ќе биде исплатен од државниот буџет;
  • Формиран е посебен гарантен фонд од кој ќе се исплаќа надомест за вработените и самовработените кои го прекинале, намалиле или го суспендирале работењето;
  • Воведен е мораториум на отплата на кредити за мали и средни претпријатија, а државата им дава на банките и финансиските институции гаранција за отплата на 33% од обврските и посебно даночно олеснување за надомест на сите загуби.

Каква е состојбата во другите земји?

Во повеќето други земји во кои работат Franchising порталите, дури сега се разговара за мерките за помош на стопанството, кое се повеќе  потклекнува пред епидемијата од коронавирусот. Веќе има некои идеи и предлози, но се добива впечаток дека некои од предложените решенија ќе бидат многу сложени и комплицирани за имплементација. Таков е случајот со Полска, каде премиерот Моравјецки веќе соопшти некои предлог решенија.

Се чини дека најголемиот дел од решенијата дадени во Италија се добри и релативно лесни за примена. Оттука, би било доволно италијанските идеи  да се приспособат на потребите и реалноста во другите земји. Значи, Владата во Италија одлучи да исплати одреден надомест за сите кои ги исполнуваат утврдените критериуми.

Пакетот, пак, кој го престави полската влада нема, да речеме, решенија за фирмите кои се принудени да го запрат работењето, нема одложување на плаќањата на придонесите и даноците или запирање на отплатата на кредитите и приминување кон отплата на рати.

Најважна задача на сите влади е поддршка на ликвидноста на малите и средни претпријатија на кои им се заканува престанок на работењето. Ако ја загубат ликвидноста, ќе се соочиме со сериозна економска криза веднаш по завршувањето на епидемијата.


За последиците од епидемијата од прва рака / Елена Делфино, главен и одговорен уредник на списанието и порталот START-FRANCHISING.it
Франшизен консултант

погледнете ги текстовите

Избери и започни со свој бизнис /05.10.2021

Се наближува 19-тото издание на најголемиот саем за франшиза во Централна и Источна Европа. Варшава повторно ќе биде домаќин на повеќе од 200 компании кои бараат идни деловни партнери - франшизни приматели.

Право на територијална ексклузивност /16.07.2021

Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?

Во исчекување на саемите за франшизи /14.05.2021

Двата најголеми меѓународни саеми за франшизи во Европа го потврдија “враќањето во игра“ и објавија датуми за одржување за оваа година.

Вмрежување на Европа /23.04.2021

Полското училиште за програмирање за возрасни Coders Lab е отворено во две нови европски земји, а моментално се активни и нови дополнителни поволности за потенцијалните партнери од регионот.

Безбедно доставување на храна /12.04.2021

Минимален контакт со клиенти, редовна употреба на средства за дезинфекција, и постојана проверка на здравствената состојба на доставувачот - се главните принципи за сигурна достава на храната. Како еден франшизен систем ги применува сите овие принципи во пракса?

најчитани

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

Полека и сигурно до франшиза /06.07.2021

Доколку водите мал бизнис што може лесно да се „реплицира“, франшизингот е идеален начин за проширување на вашиот бизнис. Сепак, кои се основните предуслови за развој на успешна франшиза?

популарно во форумот