Саемот во Варшава- според планираното!
Саемите и конференциите се враќаат! Најголемиот саем на франшизи во средна и источна Европа ќе се одржи како што е и планирано, од 15 до 17 октомври 2020 во Варшава.
Со ублажувањето на епидемиолошките мерки и нормализација на бизнисот, се создаде и можност за одржување на саеми. Со тоа, Владата на Полска кон крајот на мај донесе уредба според која од 6 јуни се дозволува организирање на саеми, големи изложби и конференции. Ова, како што пренесува порталот Franchising.pl, е добра вест и за пазарот за франшиза, бидејќи подготовките за најважниот франшизен настан во средна Европа се во тек. Се работи за осумнаесеттото издание на Саемот за франшизи во Варшава, кој според сегашните планирања, ќе се одржи од 15 до 17 октомври во Палатата на културата и науката.
Во трите саемски денови, во главниот град на Полска неколку илјади сегашни и идни претприемачи ќе можат да се запознаат со понудите, да ги споредат различните концепти и мислења за земање на некоја од преставените франшизи. Ова ќе биде можност непосредно да се сретнат и запознаат „двете страни“ на франшизниот бизнис: давателите на франшизата и идните приматели на франшиза.
Пронајдете бизнис по своја мерка
И покрај непредвидените и тешки услови кои го одбележаа почетокот на оваа година, повеќе од 50 изложувачи со речиси 70 брендови веќе го потврдиле своето учество. Откако е укината, пак, забраната за големи собирања во затворен простор , бројот на заинтересирани секојдневно расте. Органiзаторите велат дека првите штандови се резервирани уште на минатогодишниот саем.
Гастрономијата, традиционално, е една од најзастапените индустрии. Годинава на Саемот ќе се престават десетина гастрономски брендови. Меѓу нив се и светските McDonald's, Pizza Hut, Subway, но и локалните концепти Bafra Kebab, Biesiadowo, Lodolandia, New York Pizza Department, Kurcze Pieczone, Sushi Royal, Sushi Wok, Western Chicken и Western Tortilla.
Меѓу трговските франшизи ќе се најдат брендовите Auchan, Biedronka, Carrefour, Żabka, Sorvella, 5-10-15, Vistula, Wólczanka, W. Kruk, Intermarche, Bricomarche.
На Саемот ќе се престават и концепти од секторот финансии, недвижнини и едукација (PKO BP, Nest Bank, Santander, Metrohouse, Edukido).
Искуство и знаење за подобро работење
Во рамките на саемот, секој година се одржува и Форум за франшизинг. Ова е место каде идните приматели на франшиза можат да се сретнат со искусни претприемачи, деловни луѓе и сопственици на успешни франшизни бизниси – даватели на франшиза. Годинава за прв пат за своите искуства ќе говорат и примателите на франшиза. Користејќи го своето искуство ќе објаснат како се води сопствен бизнис под туѓ бренд, каква е соработката со давателите на франшиза, каква поддршка можат да добијат итн. – Ова е одлична можност идните приматели и претприемачи непосредно да слушнат што предвидува и како секојдневно се одвива работењето, да постават прашања и потоа, можеби, да донесат и одлука за купување франшиза- вели Михаил Вишњевски, еден од основачите на Меѓународната консултантска компанија за франшизинг PROFIT system.
Специјален гостин на Форумот ќе биде и познатиот полски новинар и предавач Маќеј Орлош (Maciej Orłoś) кој ќе говори за водењето на неговиот YouTube канал – Пред две години, кога се простив од телевизијата, се запрашав што натаму – вели Орлош. – Се одлучив да започнам сопствен бизнис. Знаев дека нема да отворам фабрика за чоколади, ниту фабрика за клинци, туку тоа што го знам, чувствувам, сакам. Околу тоа ќе се движи моето предавање и ќе биде основната порака до учесниците на престојниот Форум – вели тој.
Потпрете се на франшизата
Франшизингот и натаму е еден од најсигурните форми за деловна соработка. Моментно во Полска работаат околу 1300 франшизни брендови. Од нив 80% припаѓаат на полски компании, а 20% се странски. На овој пазар работаат и 83.000 приматели на франшиза (мали и микро компании кои работат со лиценца/франшиза), кои најчесто се семејни бизниси. Во секторот франшиза работат речиси еден милион луѓе (сопственици на бизниси и вработени).
-Франшизингот има важна улога во зајакнувањето на економијата бидејќи овој модел навистина има ефект. Принципот на работење под закрилата на познат бренд го примениле и претприемачите-почетници, но и луѓето со искуство кои сакаат да го диверзифицираат (прошират) своето инвестициско портфолио – забележува Моника Домбровска (Dąbrowska) која е претседател на Полската организација за франшиза и директор на McDonald's во Полска.
Организатор на Саемот за франшизи во Варшава е компанијата PROFIT system, најголема консултантска куќа во областа на франшизингот во средна и источна Европа, издавач на неколку списанија за франшизи и 16 портали, меѓу кои и Franchising.mk .
Најнови вести
Прикажи сè
Научна кујничка – наука низ игра
Научната кујничка ги спојува науката и играта преку експерименти и работилници за деца, додека на франшизерите им нуди стабилен и перспективен бизн...
Ширењето на знаењето без граници
„Школата за брзо читање и мудро учење“ претставува еден од ретките домашни франшизни системи кој со години успешно се носи со сите предизвици и пос...
NYC BAGEL франшиза која мириса на успех
Њујоршки багел со сараевска душа: како еден брачен пар започна успешен бизнис и сега нуди франшиза за сите што сакаат автентичен бренд во својот град.
Силен бренд и посветеност на работата
„Малец Генијалец“ е бренд познат низ целиот регион. На пазарот во Северна Македонија сѐ уште постои потенцијал за проширување на франшизната мрежа.