Добриот вкус на Steiku Haoss ресторан
Синџирот семејни ресторани Steiku Haoss од Летонија планира да се прошири и на пазарите во светот. Франшизата е достапна и за претприемачите од регионов.
Семејната компанија за угостителството Cantus Group од Летонија работи од 1992 година. Нивното гастрономско портфолио го опфаќа и синџирот ресторани Steiku Haoss, познат по врвниот специјалитет говедски шницли, но и по просторот уреден со елементи на вестерн и американскиот запад. – Постојано внесуваме новитети и ги подобруваме своите концепти, настојуваме да бидеме над просекот, донесувајќи ги најдобрите според квалитет, дизајн и вкус – вели Давид Цима, регионален менаџер во синџирот Steiku Haoss.
Под овој бренд за сега работат три ресторани во Рига, главниот град на Летонија. Меѓутоа, Компанијата од лани е насочена и кон ширење надвор од границите, со што франшизата стана достапна и за земјите од регионов.
Бараме амбициозни и мотивирани претприемачи , приматели на франшиза, кои ќе го користат нашиот know-how и искуство и ќе го водат и развиваат овој гастрономски концепт и на својот пазар – вели Цима.
Кандидатите за приматели на франшиза, додава Цима, би требало да имаат детална деловна стратегија и развоен план за пазарот (територијата) каде ќе работи Steiku Haoss. Соодветниот простор и добрата локација за ресторан, исто така имаат клучна улога при изборот на идниот партнер. Но, тоа не е се. – Од примателот на франшизата се очекува да има и некакво деловно искуство, пред се за маркетинг, финансии, управување со трошоци. Секако, доколку има таква можност, да биде и добар познавач на локалната култура и локалните гастрономски навики – објаснува Давид Цима.
Се препорачува расторанот да се наоѓа на атрактивна и фрекфентна локација, како трговски центри или пешачи и деловни зони. Оптималната големина на локалот е од 350 м2 до 550 м2, а идеално место е зграда која е на агол, со отворени простор и големи прозори – излози.
Во текот на овие 25 години постоење, Steiku Haoss го усовршуваше подготвувањето на извонредниот бифтек и денеска со гордост можеме да кажеме дека сме угледен ресторан со првокласна кујна и исклучителна услуга. Тоа секако ќе биде и првата предност за нашите идни приматели на франшиза – вели Цима.
Покрај тоа, партнерот може да смета и на поддршка од давателот на франшиза во сите развојни фази – од изнаоѓање на соодветна локација, изработка на проект и уредување на просторот, потоа обука и помош при изборот на работници до креирање на маркетиншката стратегија и отворање на ресторанот. Од друга страна, пак, за пренесувањето на know-how и постојаната поддршка од давателот, примателот на франшизата месечно ќе издвојува франшизен надомест (6% од месечната продажба).
Вкупната инвестиција за отпочнување со франшизата Steiku Haoss изнесува околу 300 илјади евра. Компанијата нуди single-unit франшиза (за отворање еден ресторан), но може да се земе и мастер франшиза (за повеќе ресторани во поголема територија).
Погледнете во каталогот
Други концепти од секторот Гастрономија
Најнови вести
Прикажи сè
Франшиза што го разубавува детството
Јована Дракулиќ, основачка на IKA со 20+ години искуство, создаде градинка што спојува знаење и љубов, сега шири концептот преку франшиза.
Научна кујничка – наука низ игра
Научната кујничка ги спојува науката и играта преку експерименти и работилници за деца, додека на франшизерите им нуди стабилен и перспективен...
Ширењето на знаењето без граници
„Школата за брзо читање и мудро учење“ претставува еден од ретките домашни франшизни системи кој со години успешно се носи со сите предизвици и...
NYC BAGEL франшиза која мириса на успех
Њујоршки багел со сараевска душа: како еден брачен пар започна успешен бизнис и сега нуди франшиза за сите што сакаат автентичен бренд во својот град.