Предностите на добриот модел

 Карол Качмарек, франшизен консултант во компанијата PROFIT system
Карол Качмарек, франшизен консултант во компанијата PROFIT system / „За примателот на франшизата финансискиот модел треба да биде основен критериум при носењето на одлуки за купување на франшиза. Никој нема да се соглси да вложи пари во бизнис доколку не види реални бројки.“
Сабота
10.10.2020
„Добро осмислениот финансиски модел им ја гарантира на давателите на франшиза атрактивноста на нивната франшизна понуда“- истакнува Карол Кечмарек, франшизен консултант на компанијата PROFIT system.
 

Што треба да сторат претприемачите или  компаниите кои размислуваат да го прошират сопствениот бизнис со давање на франшиза или со развивање на франшизната мрежа? Како да почнат?

Градењето франшизна мрежа може да се спореди  со градење на куќа. Само идеја или визија, во овој случај, не се доволни. Тешко е да се гради систем на желби и со „гледање во филџан“, особено што тој систем веќе утре ќе треба да работи во реални пазарни услови. Значи, секоја компанија пред да одлучи да понуди франшиза, треба да има здрава финансиска конструкција и документација соодветна на потребите и можностите за развој. Финансискиот модел всушност е темел на франшизното работење. Давателот на франшизата најнапред треба да ги утврди финансиските услови за соработка со својот иден примател на франшиза, треба да направи проценка на потребната инвестиција и да ја определи висината на влезниот и редовниот франшизен надомест. Потоа, финансискиот модел треба јасно и прецизно да покаже колкава ќе биде заработката за секоја страна во франшизниот однос. Од овој модел произлегува и финансиската конструкција за набавки, понудата на клиентите, обуката за вработените и заедничкиот маркетинг.

После креирањето на франшизниот модел, претприемачот или компанијата можат да пристапат кон подготовка на дополнителните документи, како што се франшизниот договор или оперативниот прирачник кој ги вклучува постапките и процедурите за водење на одредениот бизнис.

Зошто е толку важен финансискиот модел?

За примателот на франшизата овој модел треба да биде основен критериум при донесувањето на одлуката за купување франшиза. Никој нема да се согласи да вложи пари во бизнис доколку не ги види реалните суми. Примателот на франшиза, заради тоа, очекува дека давателот на франшизата ќе одговори на следните прашања: Колку треба да се вложи за купување на опрема, уредување на објектот, едукација на вработените? Колку ќе чини приспособувањето на просторот според барањата на мрежата? Колку треба да се вложи за првата набавка на производи? Дали подружницата ќе остварува профит од почеток или примателот ќе мора да обезбеди дополнителен капитал за покривање на тековните трошоци? На пазарот постојат многу различни франизни бизниси. Во некои морате да работите неколку месеци,  дури и една година за да стигнете до breakeven – точка во која приходите целосно ги покриваат расходите. Примателот на франшизата треба да биде подготвен  на тоа. Во спротивно може и да не го дочека моментот кога бизнисот ќе создава профит. Затоа сметам дека солиден и добро осмислен финансиски модел дава одредена гаранција и сигурност на давателите на франшизата дека  неговата франшизна понуда ќе биде поатрактивна и дека на крајот и полесно ќе ја продаде. Наспроти ова, помалку развиените модели може да ја намалат можноста бизнисот франшизно да се шири. Тоа се однесува за сите комшпании, па дури и за многу познати брендови.

Значи, познат бренд може да го  привлече, а „слаб“  финансиски модел да го одбие потенцијаниот примател  од купување на франшиза?

Така е. Пред извесно време добив понуда да направам проверка на финансиски модел на една компанија која била многу успешна, имала неколку десетини сопствени подружници и била многу позната на локалниот пазар. Иако интересот за франшизата на оваа компанија бил многу голем, секој разговор со потенцијалните приматели завршувал по презентирањето на финансискиот модел. Тоа не зачудува... Едноставно, моделот не ги содржел ниту најосновните информации, како што е времето потребно за постигнување на breakeven или очекуваниот период за враќање на инвестираното.

Оттука, што треба да содржи финансискиот модел?

Добро осмислениот финансиски модел , со јазикот на броевите, треба да ги опише сите инвестиции, приходите, расходите и добивката за давателот и примателот на франшизата. Делот кој се однесува на примателот треба да содржи проценка на потребните инвестиции, колку подетални, толку подобро. Не треба да се заборави дека во почетната инвестиција треба да се додаде и висината на влезниот франшизен надомест. Врз таа основа, примателот на франшизата може да ги предвиди приходите и расходите, но и да пресмета за колку време може да очекува breakeven и  повраток на вложените средства. Слични се елементите и за делот на давателот на франшизата, со тоа што овде се калкулира и со приходите и трошоците потребни за развој на франшизната мрежа.

На што треба да се обрне посебно внимание при изработката на финансискиот модел?

Пред се треба да се соберат што повеќе податоци кои детално му даваат опис на бизнисот – што и колку се продава, колку купувачи просечно влегуваат во продавницата,  со каков асортиман располагаат, колку изнесуваат тековните трошоци? Иако ги користите моментните податоци од сопствените подружници, сепак треба да се земе во предвид  дека оптимален период за собирање на податоците е една календарска година. Исто така при изработката на финансискиот модел треба да се смета и на позицијата и ангажираноста на примателот на франшизата. Тоа, да кажеме, подразбира како и за колку вработени ќе се пресметува платата. Повеќето од примателите, барем на почетокот, покрај водењето на бизнисот, самите ќе работат во подружниците, ќе ги опслужуваат клиентите.  Така примателот ќе заштеди една плата која би ја давал на својот вработен. Друго прашање е финансиската обврска кон франшизната мрежа. Примателот на франшизата може да зема одреден рабат. Сите овие елементи би требало да бидат вклучени во финансискиот модел.

За да се изработи добар модел, очигледна е потребата од искуство. Од кого треба да се побара помош?

Во право сте. За креирање на финансискиот модел, со сите елементи кои ги споменав, потребно е големо искуство. Консултантите на PROFIT system подготвиле и им помогнале во имплементирањето на моделот на повеќе од илјада франшизни партнерски и агенциски системи. Во секој модел кој го креираме настојуваме податоците да бидат детални, прецизни, јасни и секако прифатливи за примателите на франшизата. Таквиот пристап ја олеснува продажбата на франшизата, што значи дека и давателот на франшиза може да смета на поголем профит од ширењето на франшизната мрежа.

Дали компаниите ќе мораат да ги ажурираат своите модели по појавата на пандемијата со коронавирусот?

Секако. Условите секојдневно се менуваат и многу компании во овие новонастанати околности ќе  мораат да ги преиспитаат и да ги ревидираат своите финансиски модели.

Какви промени може да се очекуваат?

Заради епидемијата, повеќето ресторани развиле или целосно преминале на услугата „за носење“ и достава на храна на домашна адреса, со што повеќето угостители мораа да ги приспособат и изменат своите понуди. Може да се претпостави и дека после епидемијата навиките на потрошувачите делумно ќе се променат и ваквиот начин на продажба ќе има поголем удел во вкупниот промет. Тоа, пак, значително ќе влијае на маркетингот, структурата на трошоците, преуредувањето на локалите, менито, IT решенијата.


погледнете ги текстовите

Закрепнувањето носи нови франшизи /22.06.2022

– Туристичкиот сектор закрепнува, а со тоа расте и интересот за франшизата на CityPa – вели Жељко Гобац, основач на CityPal платформата, преку кој туристите се запознаваат со најдобрите локални препораки

Канадско образование и на Балканот /10.01.2022

„Поддршката која што ја добиваме и на која што ќе може секогаш да сметаме, е клучна за франшизната соработка и светскиот успех на Maple Bear“, истакнува Љиљана Николова, како причина поради која што се одлучила за користење на франшизата на овој образовен систем.

Градиме подобра иднина /04.08.2021

„Секој кој што ја препознава убавината на нашата едукативна мисија е квалификуван за примател на франшизата Young Engineers“, вели основачот на овој американски едукативен концепт, Амир Асор

Промените не влијаат на развојот /24.03.2021

Како се прилагодуваше начинот на работењето во услови на пандемијата и на каква поддршка можеа да сметаат бројните приматели на франшизи, одговара Радослав Кулеша, коосновач на училиштето за програмирање за деца, Coding Giants.

Достава на храна – предности и недостатоци /22.04.2020

Се повеќе угостители размислуваат за воведување на домашна достава како мерка со која би се намалиле последиците предизвикани од коронавирусот. Да ги разгледаме предностите и недостатоците на оваа стратегија.

најчитани

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Право на територијална ексклузивност /16.07.2021

Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?

Франшиза по мерка, за оние со стил! /26.11.2019

Бугарскиот бренд Brutale кој се карактеризира со елегантни машки костуми шиени по мерка, тргнува во експанзија во Европа. Приматели на франшиза бараат и меѓу претприемачите од овој Македонија.

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

популарно во форумот