Доминација на големите системи

Повторно на врвот

- Без сомнение, најголемата приказна во 2020 година беше Ковид-19. Јасно е дека пандемијата негативно влијаеше на франшизната индустрија. Според извештајот на истражувачката куќа FRANdata, се проценува дека само во првите шест месеци од пандемијата биле затворени околу 32.700 бизниси со франшиза. Од тоа, 21.834 беа затворени привремено, додека 10.875 беа затворени трајно - се наведува во извештајот на порталот FranchiseDirect.

Тогаш, што ни покажува годинашната листа на 100 најуспешни франшизи на порталот FranchiseDirect?

Кризата, можеби како што се очекуваше, најдобро ја поднесоа големите, добро воспоставени и светски познати брендови. Тоа се системи, кои имаат искуство, ресурси, сила и логистика за брзо наоѓање решенија и прилагодување на бизнисот кон ситуацијата која што се менуваше од ден на ден. Шокот на кој што беа изложени сите светски бизниси по избувнувањето на пандемијата, големите и стабилни системи успеаја да ги амортизираат до есента 2020 година. McDonald's, кој оваа година беше на врвот на листата од 100-те најуспешни франшизи, пријавува "рекордни резултати“ за крајот на 2020 година, се наведува во извештајот на порталот FranchiseDirect.

Како и претходните години, и оваа година листата „детектира“ доминација на американските франшизни системи на глобално ниво. Убедливо најголемиот број рангирани франшизи доаѓаат од САД - дури 92, а најчестите системи се од областа на гастрономијата и угостителството (38). Додека во претходните неколку години, на списокот беа вклучени и франшизни системи од Европа (Германија, Франција, Шпанија), оваа година беа рангирани само два система од Европа - InterContinental од Велика Британија (25 место) и Husse од Шведска (87 место). Доминацијата на американските франшизи е веќе видлива и во рангирањето на првите десет најуспешни франшизи.

Десетте најуспешни за 2021 година:

  1. McDonald’s (ресторан за брза храна)
  2. KFC (ресторан за брза храна)
  3. Burger King (ресторан за брза храна)
  4. 7-Eleven (ланец на супермаркети)
  5. Domino's (ресторан за брза храна)
  6. Ace Hardware Corporation (ланец на продавници за алати)
  7. Century 21 (недвижен имот)
  8. Papa John's (ресторан за брза храна)
  9. Taco Bell (ресторан за брза храна)
  10. Pizza Hut (ресторан за брза храна)

Комплетниот список на ТОП 100 глобални франшизи за 2021 година можете да го пронајдете тука.

Кои се условите за рангирање на листата?

За рангирање се користи комплексна формула, која вклучува голем број фактори, како што се: раст на деловната единица, обемот на продажбите, бројот на години во франшизинг, нивото на стабилност, степен на раст на мрежата и меѓународната експанзија.

Сепак, формулата неодамна беше модификувана, па така, сега наместо вкупниот приход во предвид се зема обемот на продажбите, додека пак, растот на бројот на деловните единици се мери процентуално.

Исто така, формулата вклучува и критериуми кои што ги надминуваат едноставните бројки - зема во предвид колку давателот на франшизата им помага на своите идни приматели, како и колку системот инвестира во развојот на локалната заедница преку добротворни програми и донации.

Наташа Богојевиќ
Автор
Наташа Богојевиќ
Уредник