Волната како вреден ресурс

Први на романскиот пазар / Мариус Лабс и Лоара Василеску ја основаа компанијата Naked Sheep и започнаа со производство на органско ѓубриво од овча волна.
Четврток
11.03.2021
Како може да се користи волната од овците? Претприемничката двојка од Романија започна со производство на пелети од овча волна, кои се користат во земјоделството како исклучително квалитетно органско ѓубриво.
 

Со децении, одгледувачите на говеда во Романија ја третираа овчата волна како отпад - или ја фрлаа или ја гореа, бидејќи со ослабувањето на текстилната индустрија, волната веќе подолго време не се откупува. Меѓутоа, на почетокот на 2020 година, двајца млади луѓе од Сибињ, Лоара Василеску и Ларис Лабрис, основаа компанија за производство на пелети од овча волна, со сугестивен назив – Naked Sheep. Тие ги добија сите потребни дозволи, вклучително и еколошките, а опремата беше набавена од Германија. Фабриката за производство на пелети, прва од ваков вид во Романија, требаше да започне да работи со полн капацитет во февруари 2020 година, но поради Ковид - 19 пандемијата, германските инженери го одложија нивното доаѓање во Сибињ. Како резултат на тоа, тековниот производствен капацитет е сè уште понизок од планираниот.

- Засега, произведуваме 10 тони пелети месечно, но се доближуваме до посакуваниот капацитет од 25 тони. Со воведувањето на дополнителна втора смена, нашиот производствен капацитет би достигнал месечно ниво од околу 50 тони. Според нашите проценки, продажбата во првата година би изнесува околу 1,8 милиони евра, додека нашата цел е удвојување на овој износ во 2021 година - вели Мариус Лабс, еден од основачите на Naked Sheep.

- Суровините ги набавуваме преку откупниот центар, но и од самите сточари. Во претходните периоди овчата волна претставувала голем проблем за многуте одгледувачи на добиток низ Романија, наместо да биде извор за дополнителен приход. Се чини дека, пронајдовме исклучително корисно, но воедно и еколошко решение на постоечкиот проблем - вели Лоаре Василеску, иницијатор на овој проект.

Со текот на годините, разни истражувачи од целиот свет, вклучително и научници од Универзитетот за земјоделство и ветеринарна медицина во Букурешт, откриле дека овчата волна значително придонесува за подобрување на физичко - хемиските и микробиолошките својства на почвата и ја зголемува отпорноста на растенијата. Освен што го забавува растот на плевелите и ги одбива штетниците, се покажа дека волната е и многу добро ѓубриво. Утврдено е дека редовната употреба на пелетирана волна во почвата ги зголемува вредностите на азот, калиум, фосфор и други минерали неопходни за здрав раст и добар принос на растенијата.

Пелетите од волна од овци произведени од Naked Sheep се целосно еколошки, органски и биоразградлив производ. Тие остануваат во почвата до половина година, постојано хранејќи го растението со корисни материи. Производителите велат дека, употребата на ова еко-ѓубриво исто така, ја намалува потребата за наводнување, бидејќи пелетите можат да апсорбираат до четири пати повеќе вода од нивната тежина. Најчесто се користат за одгледување зеленчук, овошје, растенија во саксии, а во зависност од културата се потребни од 10 до 150 грама пелети на метар квадратен.

- Нашиот производ е погоден за сите видови земјоделски култури, без оглед дали се одгледува во стаклена градина или на отворени површини. Особено се препорачува во сушен период или на места каде што земјоделските култури се погодени од педолошка суша - додава Лоара Василеску.

Пелетите се продаваат во пакувања со различна тежина (450 грама, 1 килограм, како и во пакувања од по 5, 15, 25 и 50 килограми). За еден килограм пелети треба да се издвојат околу 50 леи (10 евра), но цената значително се намалува со зголемувањето на количината на купениот производ.

- Со овој проект сакавме, меѓу другото, да им покажеме на земјоделците во Романија, но и на земјоделците од целиот балкански регион, дека имаме вреден природен ресурс што може добро да се искористи и што може во исто време да донесе профит - велат основачите на Naked Sheep.


Пелети од овча волна / Органско ѓубриво кое се произведува во компанијата Naked Sheep е целосно еколошки, органски и биоразградлив производ.

погледнете ги текстовите

Дизајн. мода, екологија /14.06.2021

„Гнездо“ не е обична модна продавница, иако може да се каже дека е вистинско „гнездо на домашна креативност“. Покрај промоцијата на домашните дизајнери и зачувувањето на домашното производство, сопствениците на оваа продавница инсистираат на најмал можен отпечаток врз животната средина и одржливост.

Секоја чест, Domaccini /27.05.2021

Марија Словиќ направи „оаза“ на малите производители во продавницата Domaccini. Кои производи ќе се најдат на рафтовите на нејзиниот дуќан, зависи пред се, од квалитетот на производите, затоа што квалитетот и чесноста се основните фактори на успехот.

Успехот не е илузија /22.05.2019

Иако приватните музеи на Балканот се вистинска реткост, „Музејот на илузии“ отворен пред три години во Загреб веднаш стана хит.

Легендата за ЛЕГО коцките /09.04.2019

Кога ќе се соберат сите хуманоидни фигурички кои до сега ги направил LEGO, се забележува дека има нешто помалку од бројот на луѓе на Земјата – четири милијарди.

најчитани

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Со DepilConcept до сопствен бизнис /05.08.2019

Од април 2019 во Србија работи DepilConcept, португалски франшизен систем специјализиран за епилација. Примателите на мастер франшиза за овој пазар откриваат што го издвојува DepilConcept од другите - како концепт и како бизнис.

популарно во форумот