До сигурен успех преку соодветна обука

Неизбежна фаза на франшизната соработка / Во текот на обуката, примателите на франшизата треба да го добијат најголемиот дел од знаењето поврзано со работењето, процедурите и стандардите на системот.
Понеделник
05.04.2021
Обуката на примателите на франшизата и квалитетниот пренос на знаењето се „алфа и омега“ на добро воспоставениот франшизен систем, не само на почетокот, туку и за целото времетраење на франшизната соработка.
 

Претприемачите кои ќе се одлучат да земат франшиза, обично го прават тоа затоа што не се сигурни како да започнат бизнис самостојно или не сакаат да трошат време осмислувајќи деловен концепт „од нула“. Покрај правото на употреба на веќе етаблирана и добро позната марка, најголемата предност при купувањето на франшиза се рефлектира и во трансферот на целокупното деловно знаење (know-how) од давателот на франшизата, кое што опфаќа целокупност на систематизирани и докажани процедури и протоколи, стандарди за квалитет и најдобри практики. За време на обуката, примателот практично „ја учи работата“, при што би требало да бидат опфатени сите деловни сегменти од работењето.

За жал, од време на време се случува франшизните системи / давателите на франшизи да ја намалат или потценат важноста на обуката, особено нејзиниот практичен дел. Наместо да ги воведат новите партнери во бизнисот преку организирање на обука „на самото место“, преку практична работа во деловната единица, давателите на франшизи овој процес понекогаш го сведуваат на теоретски предавања. - Не е потребно посебно да се истакнува колку е важна практичната обука, особено за оние приматели на франшизи кои штотуку влегуваат во бизнисот или кои што дотогаш воопшто не се занимавала со сличен бизнис. Имено, бројните примери укажуваат на тоа дека луѓето кои ќе се одлучат да земат франшиза, имаат потреба да ја сменат дејноста и своето деловно опкружување, да остварат некој поранешен сон, да научат нешто ново. Обуката треба да го компензира токму тој првичен недостиг на искуство и знаење - посочува Игор Богојевиќ, регионален директор на PROFIT system - компанија специјализирана за франшизен консалтинг.

Обемот и содржината на обуката зависи од дејноста и сложеноста на франшизниот концепт. Во суштина, во текот на овој процес, примателот треба детално да се запознае со производите или услугите што ги нуди концептот, како и со сите конкретни принципи, протоколи, процедури, алатки и стандарди за управување со единицата и односите со вработените и клиентите. Во зависност од концептот, обуката може да трае неколку дена, но и неколку месеци. Покрај тоа, примателите на франшиза треба да обрнат внимание на тоа дали обуката е бесплатна, односно дали е вклучена во влезниот надомест за лиценцата или се наплатува дополнително. - Во повеќето случаи, износот за франшизна лиценца е формиран така да ги вклучува и трошоците за обука. Сепак, препорачуваме примателите на франшизата да се информираат околу сите можни дополнителни трошоци, со оглед на тоа што постои пракса, тие да ги сносат сите трошоците поврзани со патување и сместување, во ситуации кога обуката се одржува во седиштето и деловните единици на давателот на франшизата - потсетува Богојевиќ.

Обука за пример

Кога се покренува прашањето поврзано со обуката во светот на франшизата, скоро е невозможно да се заобиколи примерот на „легендарната“ обука низ која поминуваат кандидатите за McDonald's франшизата. Овој процес не само што трае и до година дена, туку вклучува и навистина напорна работа. Правилото е дека, сите заинтересирани за добивање на лиценца од американскиот гигант за брза храна, мораат целосно да бидат вклучени во работењето на ресторанот, па поради тоа, од идниот примател на франшизата се очекува да помине и да научи сè: од пржење помфрит, подготовка на хамбургери на скара, па се до послужување на потрошувачите, оние во ресторанот и оние кои користат Drive-In услуги. Кандидатот го поминува скоро целото работно време во ресторанот.

Во подоцнежните фази на обуката, вниманието се префрла на административни прашања поврзани со менаџерскиот дел од работата - управување со ресторанот и вработените. Обуката е поделена на неколку фази и секој од кандидатите на крајот полага испит. Кога ќе го добие сертификатот, се смета дека кандидатот е квалификуван како менаџер и може да започне да размислува за отворање на ресторан. Иако има големи очекувања од кандидатите за франшиза, McDonald's нуди многу за возврат.

Се разбира, не сите концепти за франшиза бараат толку долга и сеопфатна обука. Сепак, сите се согласуваат околу една работа: без оглед на индустријата или дејноста, целта на секој давател на франшиза е темелно да ги подготви своите нови деловни партнери, кои што треба да донесат добри резултати и кои што нема да го загрозат угледот и стандардите на целата франшизна мрежа. Заради тоа, обуката ја поминуваат не само идните приматели на франшизата, туку и нивните вработени. Само со овој, сеопфатен пристап, давателот на франшизата би можел да биде сигурен дека работењето и на франшизните единици ќе се развива без поголеми проблеми. Примателот на франшизата, во секој случај, ќе биде обучен да реагира брзо, и доколку ситуацијата тоа го налага, да може да „скокне“ и да им помогне на своите вработени во секој сегмент од работењето. Доколку нема решение, примателот секогаш би можел да се обрати до давателот на франшизата за помош и поддршка.

Со оглед на тоа, би можело да се каже дека обуката кај франшизните системи скоро никогаш не се завршува - таа станува интегрален дел од постојаната поддршка од страна на давателот на франшизата, особено поради тоа што франшизните системи постојано воведуваат нешто ново - од производи до нови процедури, софтверски алатки... Покрај тоа, не треба да се занемари ниту влијанието на „примерните“ приматели на франшизи. Постоечките приматели, кои што постигнуваат сјајни резултати, и самите можат да станат асистенти во обуката на новите партнери. Затоа, повеќето франшизни системи ги охрабруваат своите поединечни приматели да комуницираат меѓусебно, да разменуваат искуства и знаења, и да си помагаат едни на други со совети и предлози.


Секој случај е карактеристичен сам по себе / Обемот и содржината на обуката зависи од дејноста и сложеноста на франшизниот концепт, а би можел да трае неколку дена, но и неколку месеци.

погледнете ги текстовите

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

Можност во чудесниот свет на музеите /07.02.2022

Тие сакаа да понудат уникатно искуство кое ќе ги спои забавата и образованието и ќе привлече посетители од сите возрасти. „Музејот на сетилата“ за кратко време стана неизбежна атракција и ги наведе основачите сега да понудат и франшиза.

Заработи на евтино кафе /29.10.2021

Cofix, ланецот на кафетерии со поволни цени, се појави на израелскиот пазар како сериозен конкурент на Starbucks. Денес, по постигнатите завидни резултати на постоечките пазари, имаат намера да го прошират својот бизнис низ цела Европа.

Кога кафето ќе стане повеќе од задоволство /12.08.2021

Франшизниот ланец МЕРОН планира да го прошири својот концепт на кафетерии во сите земју од Европската Унија. Отворени се за соработка и со претприемачите од земјите во регионот.

Полека и сигурно до франшиза /06.07.2021

Доколку водите мал бизнис што може лесно да се „реплицира“, франшизингот е идеален начин за проширување на вашиот бизнис. Сепак, кои се основните предуслови за развој на успешна франшиза?

најчитани

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Право на територијална ексклузивност /16.07.2021

Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?

Сигурна поддршка во франшизното семејство /22.09.2021

Околностите ги натераа Војислав Пековиќ и Александра Милосављевиќ да отворат училиште за ментална аритметика „Малац генијалац“ во Скопје, наместо во Белград. Велат дека, потенцијал за отворање на нови училишта постои речиси во сите градови во Северна Македонија.

Избери и започни со свој бизнис /05.10.2021

Се наближува 19-тото издание на најголемиот саем за франшиза во Централна и Источна Европа. Варшава повторно ќе биде домаќин на повеќе од 200 компании кои бараат идни деловни партнери - франшизни приматели.

популарно во форумот