Продавница со одбрани вкусови / Domaccini собираат различни мали производители на храна од повеќе делови од Србија на едно место
Четврток
27.05.2021
Марија Словиќ направи „оаза“ на малите производители во продавницата Domaccini. Кои производи ќе се најдат на рафтовите на нејзиниот дуќан, зависи пред се, од квалитетот на производите, затоа што квалитетот и чесноста се основните фактори на успехот.
 

Продавницата Domaccini, лоцирана во стариот кварт на Белград, Дорќол, е вистинска оаза на најразлични мали производители на храна, од различни делови на Србија. Тука се домашното сирење и кајмак од Овчар, шампињони во вино, цедени сокови од аронија, боровница, козјо сирење во маслиново уље од Фрушка Гора, печеница, пршута од Војводина, ајвар од Катрга, печено месо од Чачак.... Производите ги бира Марија Словиќ која што не е обичен трговец, туку добар познавач на храната, со оглед на тоа што студирала технологија на производи од животинско потекло (месо, млеко и јајца), а исто така е и меѓународен оценувач за стандарди како што се IFS (германски стандард) и BRC (британски сертификат), како и за стандардниот HACCP, објавува sveonovcu.rs

Освен тоа, Марија поседува и сопствена млекарница на падините на Овчар во Србија, во која се произведува сирење и кајмак - млад и зрел.

Domaccini – квалитетни производи на едно место

Со оглед на тоа што, се почесто добивавме прашања од нашите пријатели каде може да го купат нашето сирење и кајмак, каде да набават добра, фина храна, започнавме да размислуваме за отварање на продавница. Но, веднаш знаев дека мора да биде нешто поразлично од она што веќе постоеше на пазарот. Идејата беше да ги собереме луѓето кои што работат на сличен начин како и ние, односно да се најдат чесни, мали производители кои ги исполнуваат законските прописи поврзани со производството на храна - вели Марија Словиќ.

Таа се запозна со многу производители, благодарение токму на нејзината примарна професија - како технолог таа е присутна во голем број, различни производствени погони, најчесто во улога на проценувач. И покрај тоа што мора да го проба секој производ што ќе се најде во нејзината продавница, таа не одлучува врз основа на сопствениот вкус, туку го оценува квалитетот. - Можеби нешто не ми се допаѓа, но тоа е добар производ и има своја целна група. Друг важен критериум е дека производителот е добра личност, а тоа се чувствува уште при првиот разговор. Доколку оценам дека е искрен, знам дека е мала веројатноста човекот да направи било каква измама при производството.Третото правило е дека секој производ мора да биде јасно и чесно деклариран, а безбедноста е основа за се погоре наведено - објаснува таa.

Претприемничко семејство од Чачак

Марија израснала во претприемничко семејство. Нејзините родители имаат своја фарма во Чачак, од каде што потекнува, а исто така, поседуваат и сопствена продавница во која што продаваат месо и сирење веќе три децении. Тие веќе не се занимаваат со сточарство, тие се пензионираа и сето тоа им станало напорно. Но, мајката на Марија, Дара, сèуште раководи со продавницата во Чачак, од каде што може да се набави најдоброто печено месо во Чачак. Овој производ е доста популарен во Белград, и е еден од најмногу продаваните производи во Domaccini.

– Кога го живеете животот на претприемач, секоја работа ја правите како да е ваша. И кога работев во една месна индустрија, се однесуваат како да водам сопствен бизнис, мој сопствен имот. На луѓето им беше тешко да разберат зошто се вложувам толку многу, зошто кога може да биде поопуштено. Кога се појави можноста за започнување со сопствено производство, немав дилема дали ќе можам тоа да го правам, повеќе се прашував како логистички ќе се организирам, имајќи во предвид дека живеам во Белград - вели Марија.

И како ја отвори млекарницата?

Таа 2009 беше усвоен Законот за безбедност на храната, кој што пропишуваше повеќе новини поврзани со обврските на производителите. Тој голем закон беше следен од повеќе подзаконски акти, од кои еден го уредуваше работењето во рамките на земјоделското стопанство. – Тогаш беа создадени можности кои што или се грабаат или пропуштаат – вели Марија.

Имено, млекарниците од кои што купуваа сирење и кајмак за продавницата во Чачак немаа капацитет да се регистрираат и да ги исполнат законските прописи. - Татко ми, иако во тоа време веќе беше во пензија, беше иницијатор и ме мотивираше да отворам млекарница. Тој претходно купи земјиште и објект во Овчар, во селото Душаловиќи, кои ги прилагодивме и на тој начин ги регистриравме - вели Марија.

Млекарницата ја отвори со сопствена заштеда. Марија првите година дена ги помина во млекарницата, се додека, како што вика, производството на кајмакот не беше совладано.

Се до тогаш, најмногу се занимавав со месо, знаев сè околу тоа. Животот сепак те насочува кон правецот кој што најмногу има смисол. За кајмакот, многумина би рекле „што е тоа, секоја баба знае како да го направи“. Вистина, и јас пораснав на село и гледав како баба ми прави кајмак. Но, се покажа дека не било така лесно. Млекото е целосно нова област на знаење. Во тоа време во книгите, речиси и да немаше ништо поврзано со производство на кајмак. Одев од сосед до сосед, и гледав што кој прави. Видов многу интересни работи и обично многу различни - вели Марија.

На крај, усвои сопствен начин на работење, а знаењето несебично го подели на блог - производство на кајмак - чекор по чекор.

– Никогаш не е можно целосно да се копира ваков производ, и сакав на луѓето кои започнуваат со овој тип на производство, до некаде да им го олеснам процесот. Тука, мислам особено на младите луѓе кои би сакале да останат на село, на нив знаењето, како од сопствена суровина да добијет производ, им е најскапоцено - вели Марија.

Domaccini продаваат сирење и кајмак преку своите две продавници, а дел од клиентите им доаѓаат од регионот на Ужице, оние кои, како што вели таа, ја препознаваат разликата помеѓу „чистиот“ кајмак и оној со одредени додатоци.

Кајмак од млеко, сол... и  ништо повеќе

–  Од убаво, планинско млеко, може да се добие мало количество кајмак, само четири проценти. Тоа значи четири килограми кајмак од 100 литри млеко. Финансиски, не е профитабилно. Прехранбената индустрија најде начин со додавање на различни работи да го подобри крајниот резултат и да го направи производството попрофитабилно. Немам ништо против технолошки оправдани дози и одобрени додатоци, но онаму каде што се појавува проблемот е што оваа информација, најчесто ја нема на декларациите. Сè што нема на декларацијата, а се наоѓа во амбалажата, се смета за измама со храна - објаснува Марија.

Честопати се среќаваме со прашањето, зошто нашиот кајмак е поскап за неколку стотици динари од некои други, од околните градови. Поскап е затоа што е направен од млеко, поскап е затоа што се добива мала количина, поскап е затоа што во него нема ништо друго освен млеко и сол. Изгубивме многу клиенти, но имаме сопствена таргет група, а тоа се оние кои ги забележуваат разликите, кои можеби не знаат што, но гледаат како вистинскиот кајмак изгледа во лепиња, а како кајмакот со адитиви. Ја забележуваат млечноста на младиот кајмак на нашите полици, споредено со оној со додатоци. Разликите се јасни - додава таа

Ги советува потрошувачите да не го гледаат напишаното со големи букви на етикетата, бидејќи тоа може да биде маркетинг трик, туку да ја прочитаат декларацијата и составот. - Декларацијата е таква што составот мора да биде напишан по опаѓачки редослед, прво е наведено што има најмногу, а на крајот што има во трагови - објаснува таа.

Понатамошни планови….

Во текот на пандемијата, се покажа дека е скоро невозможно да се развива бизнисот без онлајн продажба, па Domaccini вложи многу во сопствената онлајн продавница. Благодарение на тоа, продажбата не запре, дури и за време на полицискиот час минатата година, а онлајн продажбата остана значајна, дури и по воведувањето на построгите мерки.

Покрај тоа, тие бараат и нова локација за продавницата, а планираат да ја прошират и млекарницата, бидејќи продаваат се што ќе произведат.

Младите нема масовно да се враќаат на село

Животот на село е тежок, а современиот млад човек сака сè, но не и тежок живот. Можеби би се вратиле оние кои што можат да работат „на далечина“ и да уживаат во селото,  и евентално да одгледуваат нешто за себе, но не да се занимаваат со земјоделство и да заработуваат само од тоа. Друг проблем на руралниот живот е инфраструктурата. Државата или некој друг мора да создаде основа за пристоен живот, она што некогаш го имале селата: училиште, дом на културата, банка, пошта, а сега и квалитетен интернет - смета Марија.

Што прави со сертификатите кои што ги поседува?

Само неколку луѓе во Србија ги поседуваат сертификатите кои што ги има Марија Словиќ. Такви сертификати им се потребни на компаниите кои сакаат да извезуваат или произведуваат брендови за големите трговци. Таквото производство бара многу лабораториска анализа, контрола и следење.

Ги посетувам фабриките за да видам дали ги исполнуваат европските стандарди. Сертификатот го издаваат европски организации. Тоа е голема одговорност, но кога имате знаење, знаете на кои ризици треба да обрнете посебно внимание. Се случувало да не можам да дадам согласност за издавање на сертификат. Еден клиент не можеше да докаже следливост и се согласивме да дојдам повторно за шест месеци. Било какви манипулации не се исплатливи, затоа што постои можност за враќање на цел контингент производи доколку се утврди дека нешто не е во ред. Затоа, практично им помагам за да не се случи такво нешто - објаснува таа.


Продажба, но и производство / Марија Словиќ поседува и сопствена млекарница на падините на Овчар, во која се произведува сирење и кајмак.
Весна Лапчиќ
Уредник

погледнете ги текстовите

Пример на добра пракса - во франшизингот, секогаш учиме едни од други /31.01.2020

Примателите на франшиза од брендот Husse од Јадранскиот (Адриатик) регион неодамна одржаа состанок во Белград и разменија искуства. Планираат да продолжат со вaквите средби.

Храна и козметика од канабис - индустрија која "цути" /05.12.2019

Cbweed е италијански произведувач и дистрибутер на производи на база на коноп, кој своето производство го шири преку франшиза и е заинтересиран продажната мрежа да ја развива низ Европа.

Силата на големото франшизно семејство /07.06.2019

Шведски Husse е еден од ретките франшизни системи кој својата мрежа ја развива во сите земји од регионот. Приматели на мастер франшиза од минатата година имаат и во Босна и Херцеговина.

Бум на пазарот на домашни миленици /24.03.2019

Зошто годинава фокусот ќе биде на развојот на мрежата на дистрибутери, за што се зборуваше на овогодинешниот состанок на приматели на франшиза и какви резултати се постигнати, зборува Саша Милутиновиќ

Кога ќе се спојат пријатното и полезното /06.02.2019

Ивана Коприванац стана примател на Husse франшиза во пресуден момент во животот. Иако со досегашните резултати е задоволна, смета дека претприемачот секогаш мора да тежнее кон подобро.

најчитани

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Право на територијална ексклузивност /16.07.2021

Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?

Франшиза по мерка, за оние со стил! /26.11.2019

Бугарскиот бренд Brutale кој се карактеризира со елегантни машки костуми шиени по мерка, тргнува во експанзија во Европа. Приматели на франшиза бараат и меѓу претприемачите од овој Македонија.

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

популарно во форумот