Во исчекување на саемите за франшизи

Палата на науките и културата во Варшава / Место каде по 19-ти пат ќе се одржи најголемиот саем за франшизи во Источна и Средна Европа
Петок
14.05.2021
Двата најголеми меѓународни саеми за франшизи во Европа го потврдија “враќањето во игра“ и објавија датуми за одржување за оваа година.
 

После повеќе од година дена ограничување на патувања, локдаун и нови правила на работење, организаторите на саеми за франшизи во Париз и Варшава потврдија дека, двете манифестации ќе се одржат оваа есен.

Благодарејќи на масовната вакцинација и позитивните сигнали добиени од Владите на Франција и Полска, домаќините на двата саеми со голема доза на оптимизам сметаат на враќање кон вообичаените текови на работење. Конечните државни одлуки и насоки ќе бидат ажурирани во текот на летото, а двата организациони тима веќе работат на спроведување на мерките и почитување на сите ограничувања, како би можеле на најдобар можен начин да пречекаат 45.000 посетители, бројка вообичаена за овие два настани.

Михаил Вишњевски, еден од организаторите на Саемот на франшизи во Варшава и директор на консултантската куќа PROFIT system, не го крие задоволството што саемот, оваа година, ќе се одржи во целосен капацитет. – Ова е непроценлив настан кој што ги поврзаува компаниите со партнерите од целиот свет. Ниту на едно друго место, не можете да пронајдете толку многу можности и деловни прилики под ист кров – изјави Вишњевски.

Организаторите на саемот во Париз, Reed Expositions, истакнуваат дека, и покрај глобалните финансиски предизвици, франшизингот се покажа како отпорен деловен модел и многу добра алатка за економско опоравување. – Нашата улога е, сега повеќе од било кога порано, во овие тешки времиња да ги поддржиме нашите изложувачи и идни потенцијални приматели на франшизи, како би можеле да ја започнат франшизната соработка и да го продолжат развојот на својот бизнис – изјавија организаторите на саемот во Париз.

Добредојдовте во Париз

Саем за франшизи во Париз – Franchise Expo Paris – оваа година ќе се одржи од 26-ти до 29-ти септември. Ова ќе биде 39-то издание на саемот, а традиционално, манифестацијата ќе се одржи во комплексот Porte de Versailles во Париз.

Познат и како најголемиот саем за франшизи во Европа, Franchise Expo Paris ќе прими повеќе од 400 француски и меѓунаросни брендови. Најавено е поставување на неколку национални павилјони: од САД, Италија, Тајван, Бразил, Малезија, Русија, Квебек...Се очекува во текот на овие четири дена, низ Porte de Versailles да поминат повеќе од 35.000 посетители.

Во рамките на саемот ќе бидат организирани и околу 100 работилници и конференции за идните претприемачи, кои ќе можат да научат како да направат и развијат сопствени деловни проекти. Различни франшизни асоцијации и здруженија ќе им бидат на располагање на посетителите, кои што сакаат да дознаат нешто повеќе околу франшизниот модел на работење.

За оние кои нема да имаат можност физички да присуствуваат на саемот, Franchise Expo Paris ја отстапува својата дигитална платформа. На тој начин, регистрираните изложувачи и посетители ќе можат да учествуваат на овој настан, од својот дом, преку вебинари и онлајн состаноци.

Овогодинешниот саем ќе понуди и наменски програми за инвеститорите и примателите на мастер/мулти/плури франшизи, кои што се во потрага по нови брендови, кои понатаму би можеле да ги пренесат и развиваат на своите локални пазари преку франшиза.

За повеќе информации поврзани со Саемот на франшизи во Париз посетете franchiseparis.com.

Во октомври и Варшава

Саемот за франшизи во Варшава оваа година ќе се одржи од 14-ти до 16-то октомви, во Палатата на науките и културата.

Источна Европа е сеуште еден од најперспективните региони за развој на франшизниот сектор, а Полска несомнено претставува лидер по тоа прашање. Со оглед на тоа, Саемот за франшизи во Варшава е идеално место за воспоставување на контакти и запознавање со потенцијалните деловни партнери. – Ова е навистина одлична можност франшизните компании да се сретнат со идните приматели на франшизи. Посетителите на саемот се воглавно претприемачи и сопственици на мали и средни претпријатија, кои што бараат добри деловни идеи и добри опции за купување на франшизи – потсетува Михаил Вишњевски.

Во текот на трите дена, ќе се претстават повеќе од 200 франшизни брендови, како домашни, така и меѓународни, а се очекуваат 7.000 посетители.

Саемот, напоменува Вишњевски, не го посетуваат само луѓе со искуство во франшизингот, туку и почетници кои за прв пат би се запознале со овој тип на работење. Затоа, во рамките на саемот се организираат повеќе работилници и конференции за франшизингот. Стручни лица од оваа област, со своите совети и искуства можат да им помогнат на заинтересираните посетители - почнувајќи од изборот на соодветна бизнис идеја, па се до начинот на утврдување и проверка на се она што давателот на франшизата навистина го нуди. 

За повеќе информации поврзани со саемот (за посетителите) или условите и резервациите на штандовите (за изложувачите), посетете franchisewarsaw.com.


За секого по нешто / На саемите за франшизи на едно место се собираат стотици изложувачи (даватели на франшизи) и десетици илјади посетители (потенцијални приматели на франшизи)

погледнете ги текстовите

Избери и започни со свој бизнис /05.10.2021

Се наближува 19-тото издание на најголемиот саем за франшиза во Централна и Источна Европа. Варшава повторно ќе биде домаќин на повеќе од 200 компании кои бараат идни деловни партнери - франшизни приматели.

Право на територијална ексклузивност /16.07.2021

Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?

Вмрежување на Европа /23.04.2021

Полското училиште за програмирање за возрасни Coders Lab е отворено во две нови европски земји, а моментално се активни и нови дополнителни поволности за потенцијалните партнери од регионот.

Безбедно доставување на храна /12.04.2021

Минимален контакт со клиенти, редовна употреба на средства за дезинфекција, и постојана проверка на здравствената состојба на доставувачот - се главните принципи за сигурна достава на храната. Како еден франшизен систем ги применува сите овие принципи во пракса?

Доминација на големите системи /09.03.2021

Годинашната листа на порталот FranchiseDirect потврди дека, дури и за време на пандемијата, американските франшизи останаа најуспешни и најзастапени во светот. Повеќето од нив се системи од областа на гастрономијата.

најчитани

Каков бизнис може да стане франшизата? /26.10.2018

Успешното работење може да доведе до отворање на работилници или филијали, отворање на нови фирми или - по пат на франшиза. Во споредба со првите два начини, деловен развој по пат на франшиза бара помали инвестиции и носи помал ризик.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Како да се подготвите за улогата примател на франшиза? /06.05.2019

Кој бизнис? Има ли пазар за тоа што сакам да го работам/понудам? Имам ли доволно пари за отпочнувањае бизнис? На крајот, дали ќе ми се исплати оваа работа?

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Modeli širenja franšiznih sistema /25.10.2018

Секој франшизен систем бира или креира начин на меѓународна експанзија кој најмногу му одговара. Меѓутоа, мже да се каже дека постојат пет основни начини на ширење, односно модалитети во кои франшизните системи се присутни на пазарот. Како да се одбере вистинскиот?

популарно во форумот