Гнездо / Продавница во која што домашниот дизајн е поставен на “пиедесталот“ кој што го заслужува
Понеделник
14.06.2021
„Гнездо“ не е обична модна продавница, иако може да се каже дека е вистинско „гнездо на домашна креативност“. Покрај промоцијата на домашните дизајнери и зачувувањето на домашното производство, сопствениците на оваа продавница инсистираат на најмал можен отпечаток врз животната средина и одржливост.
 

„Гнездо“, продавница каде што, домашните брендови го најдоа своето место, започна со работа кога повеќето веќе размислуваа за ставање катанци - во мај 2020 година. Се „вгнездија“ во познатата белградска улица „Балканска“, во внимателно дизајнираниот простор, со асортиман од 29 брендови за облека, накит, обувки, разни додатоци и козметика.

Можност која што не се пропушта

Гнездо“ е нешто сосема поразлично од вообичаените модни продавници, што може да се воочи и од самиот излог, дизајнот на продавницата и фотографиите на социјалните мрежи. Бранислава Ќосиќ, голем љубител на домашната мода и пријател на многу домашни дизајнери, сакаше да го подигне домашниот дизајн на пиедесталот кој, како што вели, му припаѓа. Кога и се укажа можноста во мај 2020 година, ниту општиот хаос предизвикан од пандемијата, ниту економската криза што сите ја објавија, не ја спречија. Одлуката беше донесена заедно со нејзиниот сопруг, Владимир Ќосиќ, филмски сценарист кој со години работи како креативен директор во различни маркетинг агенции. Поттикнати, пред сè, од нејзината визија и желба да се занимава со зачувување на домашното производство, и беше доволно кога калкулаторот покажа дека тие можат да бидат „на позитивна нула“. Тие одлучија да го прифатат предизвикот.

- Токму минатата година, присутните околности овозможија исполување на мојата желба. Имено, бев во контакт со косопственичката на брендот „Гугаџина“, со која сме воедно и добри пријатели. Меѓу другото, нашата шестгодишна ќерка, уште од мали нозе беше љубител на облеката од брендот „Гугаџина“. Пријателката ми се пожали дека ќе мора да ја затвори продавницата поради одредени деловни потешкотии, но и поради пандемијата. Тоа беше шанса за мене. Јас ја познавам модата, мојот сопруг има искуство во маркетингот. Ние не се водевме исклучиво од профитот, па се решивме да го преземеме бизнисот и да направиме краткорочни планови - објаснува Бранислава.

Домашни и одржливи

Продавницата беше во сопственост на компанијата „Детско гнездо“. На сопствениците им се допадна новото име - Гнездо, бидејќи асоцира на природа, топол дом, семејство. И така, се создаде нова приказна, во која  досега се „вгнездени“ 29 домашни брендови, меѓу кои и детските Гугаџина, Тема, дизајнирана облека од Ивана Батаковиќ - Грешка, дизајнерски чевли од Ана Поповиќ, козметика Хвала. Тука се и брендовите: Picnic Practic, Sk8rings, Playday, Biljana Grgur, Ljuljuška, Hug Bug, Crazy Kids, Secret Tiny World, Supernatural, Aleksandra Ketz, Papirologija.

Тие собраа на едно место производи наменети за целото семејство, но сепак, малку повеќе наменети за мајки и деца. - Нови брендови ни се јавуваат секоја недела, а ние и самите иницираме соработка. Најчесто јас ја носам одлуката кој бренд ќе се продава во продавницата. Сè повеќе сме во позиција да избираме - вели Бранислава.

Тоа што во „Гнездо“ можат да се најдат само домашни брендови не е единствената нивна карактеристика. Бранислава и Владимир се водат од уште неколку, за нив важни принципи.

- Ние ја сакаме природата, се залагаме и се бориме со личен пример за зачувување на планетата. Затоа е важно за нас, сите наши соработници да го сторат истото, да бидат свесни за важноста на зачувување на планетата и да направат нешто за неа. Критериумите се различни во зависност од видот на производот. На пример, со текстил е важно, да ги користиме материјалите максимално и да имаме што помалку отпад. Некои брендови користат органски памук, други рециклираат или издвојуваат средства во разни фондови за пошумување или создавање на медни градини за пчелите. Постојат различни начини, но целта е иста: да се зачува планетата - објаснува Владимир Косиќ.

Покрај тоа, со тоа што се локални брендови, влијанието врз животната средина е далеку помало, затоа што нема долги патишта за транспорт. - Ниту пак станува збор за масовно производство кое што го форсира конзумеризмот со многу повеќе негативни последици - посочува Владимир.

Колку се грижат за зачувување на планетата, покажува и нивната новогодишна одлука да бидат „zero waste family“ во 2020 година - семејство кое не создава отпад. - Ние работевме на тоа, не успеавме да го намалиме отпадот на нула, но направивме многу напредок. Почнавме да користиме 30 нови производи кои се навистина ’zero waste’  - вели Владимир.

Тој е среќен што и големите брендови се насочуваат кон одржливоста, но верува дека сепак тоа го прават повеќе заради профит и рекламирање. - Луѓето сè повеќе се насочуваат кон одржливи брендови, стануваат сè посвесни, па затоа и самите брендови ќе мораат да се насочат во тој правец - смета Владимир.

За кого се е наменето „Гнездо“?

Во сегментот на дефинирање на целна група, фамилијата Ќосиќ исто така постапила спротивно на она што се пропагира во скоро секоја маркетинг агенција - дека мора јасно да се знае за кого е наменет брендот, пред да се започне со бизнисот.

- Не верувам во целните групи. И кога работев како сценарист на филм, не пишував за имагинарен гледач, туку за себе, го пишував тоа што ќе сакам да го гледам. Тоа е моето верување, така создавам, така работам и така ги учам младите. Ние сме фундаментално различни, но основните човечки потреби се слични. Значи, ние не ги сегментиравме потрошувачите. Вистина, во продавницата доаѓаат освестени мајки, со малку повисок стандард од просекот, но „Гнездо“ не е само за нив. Ние сакаме да си се допаднеме самите на себа, и да веруваме дека на тој начин би им се допаднале и на другите. Верувам дека економската ситуација ќе се подобрии, така што целната група ќе биде поголема. Кога ќе се исполнат основните потреби за опстанок, луѓето почнуваат да размислуваат за далекусежни и пошироки работи кои што ги пропагираме, како што се одржливоста и зачувувањето на планетата - вели Владимир.

Тврдењето дека правилата не постојат, Бранислава го потврдува со примерот на една дама во шеесеттите години, која што еден ден тргнала по продавници за да купи чаршав за маса, но на крајот се почестила со еден фустан од „Гнездо“ и оттогаш станала нивен редовен клиент. - Таа доаѓа кај нас дури и кога не купува ништо. Многу луѓе доаѓаат во нашето „Гнездо“ без намера да купуваат, а ние го охрабруваме тоа. Така градиме пријателства. Ја развиваме идејата дека работите што се бесплатни, како насмевката, се најважни. „Гнездо“ е отворен за секого, со желба нашите посетители да не се чувствуваат како купувачи, туку како дел од една поширока заедница - вели Бранислава.

Нивниот маркетинг не го водат според утврдените правила. Најчесто се рекламираат кога носат нов производ или кога се прават нови колекции. Тие се видливи кога имаат што да кажат. Тие се забавуваат на социјалните мрежи. - Дури и нашите фотографии станаа дел од нашиот стил затоа што се спонтани, различни од големите модни брендови. Досадно ми е да ги гледам истите тие пози, поставки, кога е сè испеглано. Ние не почитуваме крути правила, но важно е да се забавуваме и да имаме значење затоа што, ако не е забавно за нас, како би било за другите - се прашува Бранислава.

Производите е можно да се нарачаат преку Интернет, на кој начин се продава помал дел од асортиманот, но за некои производи е препорачливо да се пробаат на лице место. - Поентата е во допирот, самото влегување во продавницата, атмосферата и амбиентот. Сакаме да разговараме со нашите клиенти, сакаме да застанеме и кога тие не купуваат ништо, да препорачаме книга или филм, да направиме едно големо семејство - вели Бранислава.

Помеѓу бизнисот и хобито

„Гнездо“ е сепак, како што велат, нивното хоби. Една девојка работи во продавницата и тие и помагаат кога можат. Тие не ги напуштија своите примарни работни места. Бранислава сè уште работи во „Институтот за јавно здравје“ како виш лабораториски техничар, додека Владимир работи во маркетинг агенција. Ситуацијата во однос на пазарот не е многу променета во споредба со периодот пред една година. Продажбата зависи од тоа колку луѓе се движат низ градот, какво е времето...

- Ги потсетуваме луѓето дека и во такви околности постои живот, дека денес е единствениот ден што го имаме, без оглед на околностите. Секако да се грижиме едни за други, но не и да го ставаме животот на пауза - вели Бранислава.

Тие сè уште не прават долгорочни планови, стигнаа до полугодишните. - Во моментов сме преокупирани со создавање на сопствена линија маици за возрасни. Ќе биде различно од сè што постои на пазарот, целиот процес на производство ќе биде различен од вообичаеното и, се разбира, ќе се заснова на одржливост. Во моментов сме опседнати со тоа и работиме на колекцијата со пријатели дизајнери - вели Бранислава Ćосиќ.

Текстот првично беше објавен на порталот Sve o novcu


Владимир и Бранислава Ќосиќ / „Ја сакаме природата, се залагаме и се бориме со личен пример за зачувување на планетата. Затоа е важно за нас, сите наши соработници да го сторат истото, да бидат свесни за важноста на зачувување на планетата и да направат нешто за неа “.
Весна Лапчиќ
Уредник

погледнете ги текстовите

Пример на добра пракса - во франшизингот, секогаш учиме едни од други /31.01.2020

Примателите на франшиза од брендот Husse од Јадранскиот (Адриатик) регион неодамна одржаа состанок во Белград и разменија искуства. Планираат да продолжат со вaквите средби.

Храна и козметика од канабис - индустрија која "цути" /05.12.2019

Cbweed е италијански произведувач и дистрибутер на производи на база на коноп, кој своето производство го шири преку франшиза и е заинтересиран продажната мрежа да ја развива низ Европа.

Силата на големото франшизно семејство /07.06.2019

Шведски Husse е еден од ретките франшизни системи кој својата мрежа ја развива во сите земји од регионот. Приматели на мастер франшиза од минатата година имаат и во Босна и Херцеговина.

Бум на пазарот на домашни миленици /24.03.2019

Зошто годинава фокусот ќе биде на развојот на мрежата на дистрибутери, за што се зборуваше на овогодинешниот состанок на приматели на франшиза и какви резултати се постигнати, зборува Саша Милутиновиќ

Кога ќе се спојат пријатното и полезното /06.02.2019

Ивана Коприванац стана примател на Husse франшиза во пресуден момент во животот. Иако со досегашните резултати е задоволна, смета дека претприемачот секогаш мора да тежнее кон подобро.

најчитани

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

популарно во форумот