Кога кафето ќе стане повеќе од задоволство
Брендот МЕРОН е основан од тим инвеститори од романскиот град Клуж пред околу шест години, кога беше отворена првата кафетерија под ова име. Покрај тоа што сакаа да ги задоволат вкусовите на љубителите на "specialty coffee" , основачите уште од самиот почетокот имаа амбиција да го прошират концептот на другите пазари низ светот. Во моментов, постојат 19 кафетерии во Романија - од кои, девет во рацете на приматели на франшизата. Од седиштето на компанијата велат дека е вистинско време за проширување на франшизната мрежа надвор од границите на домашниот пазар. Тие се насочени, пред се, кон земјите од Европската Унија, но се отворени за соработка и со заинтересирани страни од земјите од регионот.
Претприемачите кои својата иднина ја гледаат во угостителскиот сектор, а особено во понудата на врвно, свежо печено кафе, би требало да имаат многу позитивен став кон овој глобално популарен пијалок. На тој начин, посочува компанијата, тие лесно би се вклопиле во тимот на љубители на кафе кое што се развива во МЕРОН. - Нашата мисија е да ја промовираме "specialty coffee" индустријата - кафе со највисок квалитет, во секој сегмент од создавањето. Печеме кафе. Пиеме кафе. Учиме за кафе. Даваме кафе. Нашата страст кон "specialty coffee" ја делат земјоделците кои внимателно ги следат и контролираат сите фази на одгледување, берба и преработка на зрната кафе - вели менаџерот за франшиза на компанијата.
Љубов и претприемништво
За да започнат бизнис и да отворат МЕРОН кафетерија, потребно е франшизните приматели да инвестираат помеѓу 100 и 120 илјади евра. Со вклучувањето во франшизната мрежа, примателите ќе добијат поддршка околу сите прашања поврзани со работењето, поддршка која нема да биде ограничена само на почетокот на соработката.
Примателот може да смета на помош при изборот на соодветна локација за кафетеријата, дизајнот и уредувањето на локалот, обука на менаџерите и целиот тим на вработени. Секако, трансферот на целосното знаење е загарантиран, а примателот исто така ќе добие и Оперативен прирачник, како збир на насоки и упатства поврзани со сите процеси во секојдневното работење.
Кога размислуваат за профилот на идеалниот партнер за франшиза, во МЕРОН веруваат дека не е доволно само да се сака кафето. Франшизните приматели исто така, треба да имаат силни лидерски вештини и способност да мотивираат и управуваат со тим од вработени, што секако бара, и одредени комуникациски вештини. Како и кај секој франшизен систем, од примателите на франшизата се очекува да бидат подготвени да ги следи упатствата, постапките и процедурите утврдени од давателот на франшизата.
За љубителите на врвниот вкус на кафето / Мисијата на МЕРОН е промоција на "specialty coffee" индустријата – кафе со највисок квалитет, во секој сегмент од создавањето погледнете ги текстовите
Заработи на евтино кафе
/29.10.2021
Cofix, ланецот на кафетерии со поволни цени, се појави на израелскиот пазар како сериозен конкурент на Starbucks. Денес, по постигнатите завидни резултати на постоечките пазари, имаат намера да го прошират својот бизнис низ цела Европа.
Првата франшизна единица на сараевскиот ресторан CHIPAS во Босна и Херцеговина се отвара во градот Високо.
Минимален контакт со клиенти, редовна употреба на средства за дезинфекција, и постојана проверка на здравствената состојба на доставувачот - се главните принципи за сигурна достава на храната. Како еден франшизен систем ги применува сите овие принципи во пракса?
Приказната за „Јети фритули“ од Макарска е добар пример како од мал семеен бизнис може да се направи франшиза. Како се градел овој концепт, што е потребно за профитабилно работење и кои би биле посакувани приматели на франшизата?
Surf'n'Fries, познат по помфрит и оригинална амбалажа, влезе во еден од најпребирливите пазари – американскиот. Како се одвиваа подготовките и какви се реалните можности за развој, открива Андреја Чолак.
најчитани
Кога ќе се спојат пријатното и полезното
/06.02.2019
Ивана Коприванац стана примател на Husse франшиза во пресуден момент во животот. Иако со досегашните резултати е задоволна, смета дека претприемачот секогаш мора да тежнее кон подобро.
Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.
Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.
Како може да се користи волната од овците? Претприемничката двојка од Романија започна со производство на пелети од овча волна, кои се користат во земјоделството како исклучително квалитетно органско ѓубриво.
Pizza Hut започнува со ширење на франшизната мрежа во централна и источна Европа. Што е потребно за отворање на ресторан и колку чини да се работи под овој бренд?