Полека и сигурно до франшиза

Секој развој е како партија шах
Секој развој е како партија шах / Внимателни и промислени потези водат до успехот
Вторник
06.07.2021
Доколку водите мал бизнис што може лесно да се „реплицира“, франшизингот е идеален начин за проширување на вашиот бизнис. Сепак, кои се основните предуслови за развој на успешна франшиза?
 

Правилно воспоставување на сопствениот бизнис

Ова е всушност, неизбежен и неопходен предуслов за сите бизниси што размислуваат да станат даватели на франшиза. Доколку сте подготвени да го продадете правото на некој друг да работи под вашиот бренд, според вашите стандарди и упатства, тоа значи дека веќе сте го организирале и докажале бизнисот во пракса, што значи дека работите најмалку една година и имате успешен финансиски биланс - како што предлага и Европскиот етички кодекс за франшизно работење. Имајте на ум дека, луѓето кои купуваат франшиза се определуваат за оваа опција токму затоа што очекуваат да купат разработен концепт и да добијат детално опишани процедури за започнување и водење на бизнисот.

Воспоставување на бизнисот, навистина, може да потрае подолго од планираното или посакуваното. Сепак, без оглед колку време вложувате во „чистење на сопствената куќа“, ќе вреди за секој вложен труд. Доколку на крајот сепак се откажете од франшизингот, овој процес ќе ви помогне да го однесете целиот свој деловен систем на повисоко ниво. Деталната анализа јасно ќе ги посочи недостатоците и слабостите, но исто така и на работите кои што може да се подобрат и оптимизираат - од позначајни работи, како што се маркетингот и обуката на персоналот, до помалку значајни нешта, како што се визит - картичките или налозите за електронска пошта на вработените. Врз основа на ова искуство, ќе ви биде полесно да креирате добар оперативен прирачник за идните приматели на франшизата, кој што ќе ги вклучува сите правила, процедури и најдобрите деловни практики.

Побарајте помош од стручни лица

Би било добро за вас, низ целиот овој процес да ве води некој кој што има искуство и знаење. Адвокатите се корисни кога станува збор за заштита на трговските марки или пишување на договор за франшиза, но консултантите за франшизинг пристапуваат сеопфатно кон овој процес и можат, всушност, да ви помогнат во секој сегмент од развојот на франшизата. Ова вклучува помош при развивање на деловниот модел, изработка на договорот за франшиза, оперативниот прирачник, финансискиот модел, одредување на цените за влез и редовните надоместоци, избор на кандидатите и предселекција на примателите на франшизата, и конечно, помош околу маркетингот и стратегијата за  продажба на франшизата.

Бидете пребирливи

Бидете внимателни и многу селективни кога станува збор за избор на франшизи, исто како кога би го избирале животниот партнер. Вие не треба да барате само луѓе со пари, туку луѓе кои ќе бидат вистински партнери, кои ќе го водат бизнисот со иста енергија и посветеност како и вие. Проверете со што се занимавале претходно, дали го имаат потребното знаење, вештини и искуство за бизнисот што им го нудите. Запомнете, примателот на франшизата е исто така, претставник на самиот систем/компанија и затоа е важно тие да се луѓе кои нема да го нарушат угледот или да го компромитираат она што досега сте го создале. На крај, изберете луѓе со кои добро се согласувате и лесно соработувате, затоа што ова партнерство треба да трае на долги стази.

Заштитете го брендот 

Како давател на франшиза, вашиот највреден адут е брендот - и тоа не е само трговска марка (име, лого), туку симбол што ги сублимира вашата култура, верувања и став кон клиентите. Заштитете го по секоја цена. Кога развивате франшиза, повторуваме, се согласивте да им го дадете на другите луѓе правото да го претставуваат вашиот бренд. Ова е секако еден од најголемите ризици во бизнисот со франшиза. Дури и при изборот на вистинскиот партнер, обидете се да му дадете јасни упатства за тоа како и кога може да користи сè што е поврзано со самиот бренд. Ова значи, да обрнете посебно внимание на тоа како примателите на франшизата користат видеа или фотографии кои што го содржат брендот, што значи дека треба редовно и детално да следите како тие се претставуваат на социјалните мрежи.

Одредете ја територијата која што ќе биде покриена со франшизната единица

Размислете кои места, градови, делови од градови и со колку жители, би биле идеални за бизнисот што го развивате. Потоа, каков тип на локација треба да бараат франшизните приматели? Разгледајте колку сообраќајот и фреквенцијата на луѓе влијаат на вашата деловна активност, и соодветно, дајте им препораки на вашите идни партнери. Доколку е можно, првите неколку франшизни единици е потребно да бидат доволно блиску до „седиштето“, заради логистиката и поддршката, но доволно далеку за да не си конкурираат едни на други. Сепак, каде и да имате франшизна единица, вашата обврска е редовно да ги посетувате партнерите и да следите како се развива бизнисот „на лице место“.

Одредете го темпото на ширење

Стабилен и постепен раст би бил идеален. Дури и ако имате големи амбиции, искуството покажува дека не треба набрзина да влегувате во развојот на франшизата. Размислете дали би имале сила и ресурси за поддршка на развојот на странските пазари или дали треба, барем во првите неколку години, да се фокусирате на проширување на домашниот пазар.

Водете грижа за вашите приматели на франшиза

Вашето лично присуство и ангажман ќе бидат од голема важност за самодовербата на партнерот и непреченото развивање на франшизната единица. Подгответе се за многу состаноци и дневни телефонски повици. Додека не се воспостави бизнисот, корисникот на франшизата ќе биде помотивиран и побезбеден доколку знае на кого да се обрати за помош и од кого да побара совет. На крајот на краиштата, тоа е јадрото на франшизната соработка. Конечно, кога ќе создадете мрежа со повеќе франшизи, обидете се да ги поврзете едни со други, дајте им можност да комуницираат, разменуваат мислења и искуства. Тоа е всушност, еден од најдобрите начини да се создаде силен систем во кој сите, како членови на едно семејство, ќе се грижат едни за други.


погледнете ги текстовите

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

Можност во чудесниот свет на музеите /07.02.2022

Тие сакаа да понудат уникатно искуство кое ќе ги спои забавата и образованието и ќе привлече посетители од сите возрасти. „Музејот на сетилата“ за кратко време стана неизбежна атракција и ги наведе основачите сега да понудат и франшиза.

Заработи на евтино кафе /29.10.2021

Cofix, ланецот на кафетерии со поволни цени, се појави на израелскиот пазар како сериозен конкурент на Starbucks. Денес, по постигнатите завидни резултати на постоечките пазари, имаат намера да го прошират својот бизнис низ цела Европа.

Кога кафето ќе стане повеќе од задоволство /12.08.2021

Франшизниот ланец МЕРОН планира да го прошири својот концепт на кафетерии во сите земју од Европската Унија. Отворени се за соработка и со претприемачите од земјите во регионот.

CHIPAS пристигна во градот Високо, БиХ /29.04.2021

Првата франшизна единица на сараевскиот ресторан CHIPAS во Босна и Херцеговина се отвара во градот Високо.

најчитани

Каков бизнис може да стане франшизата? /26.10.2018

Успешното работење може да доведе до отворање на работилници или филијали, отворање на нови фирми или - по пат на франшиза. Во споредба со првите два начини, деловен развој по пат на франшиза бара помали инвестиции и носи помал ризик.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Како да се подготвите за улогата примател на франшиза? /06.05.2019

Кој бизнис? Има ли пазар за тоа што сакам да го работам/понудам? Имам ли доволно пари за отпочнувањае бизнис? На крајот, дали ќе ми се исплати оваа работа?

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Modeli širenja franšiznih sistema /25.10.2018

Секој франшизен систем бира или креира начин на меѓународна експанзија кој најмногу му одговара. Меѓутоа, мже да се каже дека постојат пет основни начини на ширење, односно модалитети во кои франшизните системи се присутни на пазарот. Како да се одбере вистинскиот?

популарно во форумот