Избери и започни со свој бизнис
Се наближува 19-тото издание на најголемиот саем за франшиза во Централна и Источна Европа. Варшава повторно ќе биде домаќин на повеќе од 200 компании кои бараат идни деловни партнери - франшизни приматели.
Палатата на културата и науката во Варшава, традиционалното место на Саемот за франшиза, ќе биде отворена за посетители од 14-ти до 16-ти октомври. И оваа година сите заинтересирани за франшизно работење ќе имаат можност да видат што се нуди на пазарот и да добијат практични информации за секој од франшизните системи.
Најголемиот франшизен настан во регионот на Централна и Источна Европа расте од година во година. Се зголемува бројот на компании кои доаѓаат да ги претстават своите понуди за франшизи на потенцијалните партнери. Годинава се очекуваат повеќе од 200 изложувачи.
За посетителите кои планираат да купат франшиза, ова е всушност идеална можност да се сретнат и директно да разговараат со бројни даватели на франшизи кои бараат деловни партнери не само во Полска, туку и во други европски земји. Во текот на овие три дена посетителите можат под еден покрив, да ја споредат конкуренцијата, да направат десетици разговори и да дознаат детални информации за концептите, нивните планови, услови за соработка и очекувањата што ги имаат од идните партнери.
Разноврсност на понудата
Во рамките на саемот се организираат низа работилници и конференции за франшизинг. Со своите совети и искуства, експертите од оваа област можат да им помогнат на заинтересираните посетители - од тоа како да ја изберат вистинската бизнис идеја, па се до начинот да одредат и проверат што навистина нуди самиот давател на франшизата. Годинава специјален гостин на Форумот за франшиза ќе биде Маќеј Орлош, новинар и тренер, кој ќе зборува за своето деловно искуство и управувањето со каналот YouTube.
Брендовите претставени на саемот доаѓаат од различни индустрии. Меѓу нив се и образовните системи кои активно бараат партнери за франшиза во регионот - Edukido (работилници со LEGO коцки) и Coding Giants (програмерско училиште за деца). Сепак, оваа година, најмногу поради пандемијата, најголем дел од излагачите ќе бидат концепти со свој фокус на развој во Полска. Сепак, многу од нив нема да ја пропуштат можноста да ја „отворат вратата“ и да ги зголемат шансите за влез на други пазари доколку наидат на посакувани и интересни кандидати – потенцијални приматели на франшизи.
Организатор на Саемот за франшиза во Варшава е консултантската куќа за франшизинг PROFIT system и порталот Franchising.pl. Повеќе информации за 19-тото издание на саемот може да пронајдете тука.
Најнови вести
Прикажи сè
Крилца за успешен бизнис
Како од пилешки крилца да се создаде успешен бизнис и франшиза, објаснува Зоран Виденовиќ од „Крилца и Пивце“.
Royal Nanny: Кога довербата се претвора во систем
Дадилката не е само работа. Тоа е повик, доверба и уметност.
LOV Popcorn: традиција што се шири преку франшиза
Семејна традиција што ги претвора пуканките во глобална деловна можност.
Стратегија за проширување на франшизата Diverse
Diverse ја развива својата франшизна мрежа преку стандардизиран начин на работење во малопродажба, прилагодување на локалните пазари и селективен...









