Силен бренд и посветеност на работата
„Малец Генијалец“ е бренд познат низ целиот регион. На пазарот во Северна Македонија сѐ уште постои потенцијал за проширување на франшизната мрежа.
Образовниот систем фокусиран на развој на когнитивните способности и интелектуалните потенцијали на децата „Малец Генијалец“ веќе седум години е присутен на пазарот на Северна Македонија. Војислав Пековиќ, носител на мастер франшизата за овој пазар, вели дека обемот на работењето и динамиката на развој на франшизната мрежа не биле исти на почетокот и сега. – Додека не се видат резултатите, ретко кој има доверба во нова франшиза, а кога ќе се дојде до резултати, тогаш сите мислат дека и тие можат. Но – нагласува Пековиќ – во франшизниот бизнис постојат прецизни чекори, кога и како нешто се прави, што на крај доведува до успех – вели тој.
Сега имаат многу повеќе барања за отворање на франшизни училишта. Пековиќ вели дека, сепак, не брзаат со проширувањето. – Купувањето и отворањето франшиза е само мал дел – од 10 до 15% од работата што го очекува идниот примател на франшизата. Сè друго е во правилно насочување и добра комуникација со оние што веќе го имаат изминато тој пат. Токму тука е нашата најголема сила – вели тој.
За сега, на пазарот на Северна Македонија функционираат 12 училишта „Малец Генијалец“ – пет се во Скопје, а по едно има во Куманово, Кичево, Кавадарци, Велес, Штип, Охрид и Битола.
Посветеноста на примателот на франшизата е клучна
Луѓето што се заинтересирани да отворат и водат училиште под франшизата „Малец Генијалец“ треба, според Пековиќ, пред сè да бидат посветени на работата. – Тоа е универзално правило. Ако не си посветен и истраен, сè е тешко. Секако, луѓе што веќе работеле претприемачки бизниси имаат предност, иако за овој вид работа добри би биле и луѓе што биле менаџери во големи системи, а сега сакаат да се испробаат во приватен бизнис – објаснува Пековиќ.
Најголемата придобивка од оваа франшиза Пековиќ ја гледа во тоа што идните приматели можат да сметаат на огромно искуство и поддршка од нивна страна. – Како што веќе спомнав, ние го поминавме целиот процес од самиот почеток и точно знаеме кои се предностите, а што може да биде пречка при започнување бизнис. Го прифаќаш она што дало одличен резултат и не го правиш она што се покажало како грешно. Многу едноставно – вели Пековиќ.
Покрај тоа, како придобивка ја наведува и специфичната обука на наставниците, како и самиот квалитет на образовните програми што ги нудат во училиштата. – Јапонскиот метод на работа дава неверојатни резултати кај децата, така што е еден од најдобрите. Многу нови франшизи допрва треба да се докажат и да постигнат одлични резултати, додека ние тоа одамна го имаме потврдено – преку работата на училиштата, преку големите натпревари и Олимпијади по ментална аритметика – истакнува нашиот соговорник.
„Секое место заслужува да има Малец Генијалец“
Во наредната година планираат да го удвојат бројот на франшизни училишта во Северна Македонија, а се надеваат дека во иднина секој град, па дури и помалите места, ќе имаат барем едно училиште од овој бренд.
– Во план се и иновации за кои сè уште не можам многу да зборувам. Исто така, работиме и на тоа во Скопје да организираме меѓународна олимпијада, која ќе ја покаже неверојатната моќ на знаењето кај децата, но и силата на брендот – вели Пековиќ.
Најнови вести
Прикажи сè
Франшиза што го разубавува детството
Јована Дракулиќ, основачка на IKA со 20+ години искуство, создаде градинка што спојува знаење и љубов, сега шири концептот преку франшиза.
Научна кујничка – наука низ игра
Научната кујничка ги спојува науката и играта преку експерименти и работилници за деца, додека на франшизерите им нуди стабилен и перспективен...
Ширењето на знаењето без граници
„Школата за брзо читање и мудро учење“ претставува еден од ретките домашни франшизни системи кој со години успешно се носи со сите предизвици и...
NYC BAGEL франшиза која мириса на успех
Њујоршки багел со сараевска душа: како еден брачен пар започна успешен бизнис и сега нуди франшиза за сите што сакаат автентичен бренд во својот град.