NYC BAGEL франшиза која мириса на успех

Мели и Дејвид, основачи на NYC BAGEL
Среда
18.06.2025
Њујоршки багел со сараевска душа: како еден брачен пар започна успешен бизнис и сега нуди франшиза за сите што сакаат автентичен бренд во својот град.
 

NYC BAGEL во Сараево предизвика вистинска мини револуција — не само поради крцкавите, свежо печени багели, туку и поради приказната која стои зад овој бренд.
Семеен бизнис што започна од љубов кон едноставната, квалитетна храна, сега се подготвува за регионално ширење преку франшизи. Разговаравме со Мели и Дејвид, основачите, за сè што стои зад овој единствен концепт.

 

Можете ли накратко да ни го претставите NYC BAGEL концептот и што ве мотивираше да го донесете во Сараево?

NYC BAGEL е модерна продавница за багели инспирирана од њујоршката култура на храна, но прилагодена на Сараево — град кој го сакаме и кој има свој посебен ритам. Идејата произлезе од желбата да донесеме автентичен багел, каков што се прави во Њујорк, но во атмосфера што е топла, локална и блиска на луѓето тука.

Ние ги знаеме багелите. Дејвид е роден и пораснат во Њујорк и цел живот јадел багели. Неговиот прадедо имал успешна продавница за багели во Бруклин. Јас живеев повеќе од десет години во Њујорк и се вљубив во утринскиот ритуал на јадење багел со сопругот Дејвид. Сега живееме во Сараево околу пет години, каде што се најдовме за време на пандемијата, без намера да останеме долго, но по некое време дојдовме до идеја нашето семејство да остане и да живее во овој уникатен град. Тогаш решивме дека сакаме да започнеме сонот што секогаш сме го имале — заеднички да направиме нешто претприемничко и навистина да станеме дел од локалната заедница. Сакавме да донесеме нешто ново и поинакво што луѓето би го засаакале, а багелите и тој утрински ритуал ни изгледаа како совршена идеја.

Мотивацијата беше многу лична — сакаме едноставна, квалитетна храна и чувството на заедништво што може да го создаде едно добро локално место. Сфативме дека на Сараево му недостига место каде што може да се јаде брзо, но здраво и вкусно, нешто поинакво. Сакавме да создадеме простор кој не е само заснован на храна, туку и на доживување — место каде што луѓето ќе доаѓаат поради вкусот, но ќе остануваат поради атмосферата.

 

Кои се најголемите предности на NYC BAGEL франшизата во однос на другите угостителски ланци?

Најголемата предност на NYC BAGEL франшизата е тоа што комбинира автентичност, новина во регионот, едноставност и можност за скалабилност — што е многу ретко во угостителството.

За разлика од класичните ресторански ланци кои имаат комплексни менија и високи оперативни трошоци, NYC BAGEL нуди фокусиран концепт со јасни системи кои лесно се применуваат и управуваат. Имаме јадења што се брзо подготвуваат, но не губат на квалитет — што значи помалку персонал, поефикасна услуга и пониски трошоци. Нашите приматели на франшиза ќе имаат корист од репутацијата што NYC BAGEL ја стекна не само преку препораки на социјалните мрежи, туку и преку речиси совршени рецензии на Google, како и преку платформи за достава како Glovo и Korpa.ba.

Втора голема предност е емоционалната врска со брендот. NYC BAGEL не е само место каде што се јаде — тоа е доживување, едно што ретко се среќава надвор од Њујорк. Нашите гости препознаваат дека овде се внимава на секој детаљ — амбиентот, односот со луѓето. Тоа гради лојалност.

Конечно, нашиот франшизен модел вклучува силна поддршка — од обука и водење на локацијата, до маркетинг и постојана оптимизација на работењето. Ние не сме гигант кој ве остава сами — ние градиме мрежа на луѓе кои ја делат нашата визија и желба за успех.

Како го прилагодивте концептот на локалниот пазар?

Искрено, тоа беше еден од најинтересните и најважните делови од нашиот пат. Иако NYC BAGEL е инспириран од автентичниот њујоршки стил, од самиот почеток знаевме дека не можеме едноставно да го „пресликаме“ концептот — моравме да го прилагодиме на културата, навиките и вкусот на луѓето во Сараево.

Почнавме со слушање — преку директни разговори со гости, коментари на социјалните мрежи и набљудување на тоа што луѓето најмногу нарачуваат. Така, на пример, воведовме локално популарни комбинации како багел со крем сирење и суво месо, и багел со нутела — што не е популарно во Њујорк.

На крајот, најмногу не израдува тоа колку луѓето се отворени за пробување нова храна, но и колку се верни кога ќе почувствуваат искреност. Успеавме да создадеме концепт што е автентичен, но и локално релевантен — и тоа можеби е нашиот најголем успех досега. Знаевме дека забавното искуство на јадење њујоршки багел ќе биде исто толку привлечно и во Сараево.

 

Како настана идејата за франшизирање?

Идејата за франшиза отсекогаш била дел од нашиот бизнис план, но подоцна се разви многу природно — како резултат на сè повеќе прашања од гостите: „Кога ќе отворите и во мојот град?“ или „Како можам и јас да започнам нешто слично?“ Тогаш сфативме дека NYC BAGEL има потенцијал да живее и расте и надвор од Сараево — но на начин што го задржува квалитетот, духот и автентичноста.

Почнавме сериозно да размислуваме за франшиза кон крајот на првата година од работењето, кога резултатите покажаа дека имаме не само добар производ, туку и систем кој функционира и може да се пренесе на други. Сакавме да создадеме модел што ќе им овозможи на луѓето да бидат дел од брендот, но и да бидат сопственици на својот успех.

Претходно немавме директно искуство со франшизирање, но вложивме време да учиме — преку консултации со неколку бизнис лидери од Њујорк, стручна литература и разговори со луѓе од индустријата. Пристапивме многу одговорно: не сакаме да растеме пребрзо, туку паметно и одржливо, со вистински партнери. Денес, кога гледаме колку добро функционира системот, знаеме дека ова е вистинскиот чекор — не само за нас како бренд, туку и за сите идни партнери кои сакаат нешто свое, но во рамки на проверена формула.

 

Што вклучува франшизниот модел и кои се основните услови?

Моделот е јасен и одржлив. Идеални партнери се луѓе со претприемачки дух и страст за угостителство. Почетната инвестиција се движи од 30.000 до 99.000 евра, со еднократна надомест од 15.000 евра и месечна провизија од 6% + 1% за маркетинг. Препорачана површина на просторот е 50–100 м², а локацијата треба да биде фреквентна и атрактивна.

 

Каква поддршка нудите на франшизерите?

Сè! Од обука и оперативен прирачник, преку визуелен идентитет и опрема, до старт-пакет за маркетинг и постојана стручна поддршка. Не ги оставаме партнерите сами — се однесуваме како продолжение на нивниот тим.

 

Кој е идеален кандидат за NYC BAGEL франшиза?

NYC BAGEL франшизата е идеална за луѓе кои не бараат само работа — туку сакаат да бидат дел од нешто автентично и современо. Нашиот идеален франшизопримец е личност со претприемачки дух, што сака работа со луѓе и цени квалитетна, едноставна храна.

Тоа може да биде:

  • Млад претприемач со енергија и визија да развие модерен локал во својот град
  • Сопственик на постоечки угостителски објект што сака да внесе силен, препознатлив бренд со поддршка

Најважно ни е партнерот да сака да биде присутен, да верува во концептот и да разбира дека успехот на франшизата е резултат на посветеност, комуникација и почитување на системот.

Не бараме „само инвеститори“ — бараме амбасадори на брендот, кои ќе градат локална заедница и ќе бидат горди што го носат името NYC BAGEL.

Какви се вашите планови за иднината?

Во наредниот период, нашиот фокус е на паметно и стабилно ширење. Не сакаме брзина по секоја цена — туку внимателно избираме локации и партнери кои ја делат нашата визија и вредности.

Фокусирани сме на одржливо проширување во регионот: Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Македонија се на мапата. Во БиХ целиме кон градови како Мостар, Бања Лука и Тузла. Интересно е што веќе не следат луѓе од Дубаи и Катар — па вратите кон Блискиот Исток се широко отворени.

 


погледнете ги текстовите

Кога кафето ќе стане повеќе од задоволство /12.08.2021

Франшизниот ланец МЕРОН планира да го прошири својот концепт на кафетерии во сите земју од Европската Унија. Отворени се за соработка и со претприемачите од земјите во регионот.

CHIPAS пристигна во градот Високо, БиХ /29.04.2021

Првата франшизна единица на сараевскиот ресторан CHIPAS во Босна и Херцеговина се отвара во градот Високо.

Безбедно доставување на храна /12.04.2021

Минимален контакт со клиенти, редовна употреба на средства за дезинфекција, и постојана проверка на здравствената состојба на доставувачот - се главните принципи за сигурна достава на храната. Како еден франшизен систем ги применува сите овие принципи во пракса?

Од крофнички до франшиза /27.10.2020

Приказната за „Јети фритули“ од Макарска е добар пример како од мал семеен бизнис може да се направи франшиза. Како се градел овој концепт, што е потребно за профитабилно работење и кои би биле посакувани приматели на франшизата?

Sвездата од Јадранот на американскиот пазар /20.10.2020

Surf'n'Fries, познат по помфрит и оригинална амбалажа, влезе во еден од најпребирливите пазари – американскиот. Како се одвиваа подготовките и какви се реалните можности за развој, открива Андреја Чолак.

најчитани

Случајот на Edukido - што е неопходно за успех во едукативна франшиза? /23.01.2020

„Практиката покажува дека колку повеќе примателите на франшиза се потпираат на нашето искуство и препораки, толку им се подобри резултатите во работењето“ вели Ана Јурак, менаџер во одделението за деловни корисници на едукативниот концепт Edukido.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Силен бренд и посветеност на работата /22.04.2025

„Малец Генијалец“ е бренд познат низ целиот регион. На пазарот во Северна Македонија сѐ уште постои потенцијал за проширување на франшизната мрежа.

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

популарно во форумот