Никола Грубелиќ / Примателот на нашата франшиза го гледаме како човек полн со ентузијазам, лидер способен да ги поведе со себе останатите од тимот. Тоа би требало да биде личност полна со енергија, полетност и желба да постигне резултат. Искуството во туризмот не е пресудно. Основната цел би требало да му биде да има резултат и да ужива во тоа што го работи.
Среда
23.01.2019
Директ Букер за кратко време стана бренд во Дубровник – не само како агенција за издавање приватно сместување, туку и компанија која ја промовира туристичката понуда на целиот регион. Своето знаење го преточија во франшиза.
 

Кога во таа 2009 година Никола Грубелиќ од Дубровник доби стан во наследство одлучи да го преуреди и да го изнајмува на туристи. Иако тоа не му била основна работа, му тргна од рака и за кусо време го пополнуваше понуденото сместување.

- Секогаш имав повеќе гости отколку што можев да примам, па вишокот го препраќав кај други рентиери.  Луѓето многу брзо почнаа да ме доживуваа како некој кој  може да им пронајде гости. Еднаш имав група од десет Италијанци кои требаше да останат седум дена. Ги упатив кај соседот и за таа услуга заработив 2000 куни (16.500 денари). Тогаш размислував дека ако ова го повторам 30 пати, би ја заработил својата тогашна годишна плата. Така станав свој газда. Тоа  всушност беше основата за формирање на Директ Букер (Direct Booker) – објаснува Грубелиќ.

Уште нешто му помогнало во работата – големите туроператори од времето на стара Југославија пропаднаа и приватното сместување остана на маргините.  Никого многу не го интересирало, како што вели, да ги собере. – Му реков на мојот пријател Нино Дубретиќ дека имам идеа за работа – да ги собереме наемодавачите (рентиери) за приватно сместување и да управуваме со тие објекти – вели Грубелиќ.

Нино тогаш работел во осигурување, а Никола бил раководител на логистика. Во почетокот не ги напуштиле своите работни места. Работеле паралелно. – Нино зеде дозволен минус од 3000 евра, а јас имав толку заштедено претходната сезона. Така започнавме – вели Грубелиќ.

Од двајца до 70 работници

Компанијата Партнер травел (Partner Travel) во чија сопственост е брендот Директ Букер (Direct Booker)  основана е во 2013 година. На почетокот работеле само тие двајца покривајќи ја територијата на Дубровник. Во моментов 70 вработени управуваат со повеќе од  3000 сместувачки единици. Канцаларија, покрај во Дубровник имаат и во Сплит, а во Црна Гора основале „сестринска“ фирма.

Работат по принцип секоја сместувачка единица со која управуваат да ја објават на дваесеттина интернет страници од кои 15 се водечки, како Booking.com, AirBnB, HomeAway,... Имаат развиено сопствен систем за резервација, така што не може да се случи да дојде до прекубројност за одредено сместување. – За воља на вистината, сопствениците на сместувачките капацитети би можеле и самите да го огласуваат сопственото сместување, но на две, максумум три страници. За повеќе – би било многу сложено. Особено што за пвеќето тоа е дополнителна (секундарна) работа. Покрај тоа, ние им носиме и поголема заработувачка бидејќи со нивниот објект работиме 12 месеци. Знаеме по која цена да го понудиме сместувањето, нашите канцаларии работат од осум до полноќ, вработените говорат странски јазици, одговараат на прашањата на гостите, се јавуваат на телефон, електронска пошта.... Покрај тоа, ги советуваме како да го престават  својот објект – на пример наутро , во времето за појадок, да ја сликаат масата со кроасани, навечер – терасата со шише вино на маса, бидејќи странците го купуваат тоа што им причинува задоволство, а не кревет и телевизор, нешто што го имаат и дома – објаснува Грубелиќ.

Но, тука нивната работа не завршува. Со сместувањето кое, како што вели Грубелиќ го продале по соодветна цена, на гостинот му нудат, односно му помагаат да избере и резервира и други активности и услуги – превоз од аеродромот до сместувачкиот капацитет, излети, можност да резервираат појадок во блискиот ресторан или оброкот да  им биде доставен. – Ние немаме сопствен превоз, не организираме излети, но нашите гости ги упатуваме на луѓе и сервиси кои со тоа се занимаваат, така што покрај тоа што обезбедуваме заработка за себе преку провизија, вработуваме и други туристички работници – прецизира Грубелиќ.

Во самата сместувачка единица гостинот го „чека“ каталог во кој се наоѓаат понуди за ресторани, барови, клубови кои, доколку ги посетат ќе им овозможат одредени погодности. Покрај тоа, гостинот може да симне и мобилна апликација која всушност е виртуелна верзија на каталогот. – Идејата е рестораните да се огласуваат  во нашиот каталог и на гостинот на  Direct Booker да му дадат одреден попуст – вели Грубелиќ.

Така тие ја градат Direct Booker заедницата која покрај сите споменати погодности нуди можност гостите на нивната интернет страница  да стават коментари за сместувањето, рестораните, излетите.

Моделот на работа кој го развиле во целост  заживеа во Дубровник каде управуваат со секое трето приватно сместување и каде рентиерите  самите доаѓаат со желба за соработка. – Логично е да сакаме моделот да го развиеме и на други одредишта. Првиот тест беше отворањето на сестринска фирма  во Црна Гора – значи во друга држава, со други закони, менталитет и навики – и се покажа дека овој бизнис може да биде успешен без оглед на тие различности – вели Грубелиќ.

Следен чекор – франшиза

Така дошле и до идеата Direct Booker да го понудат преку франшиза. – Колегата Нино и јас секогаш размислувавме дека би требало и на другите да им се овозможи да бидат „сам свој газда“. Сакавме тоа што ние го создадовме  да го дадеме и на некој друг. Веруваме дека секаде има луѓе кои се подготвени да работат цел ден, да се внесуваат во работата за да создадат нешто за себе, за своето семејство и околината, а ние на тој начин би го ширеле својот бренд и би прибирале дел од приходите – објаснува Грубелиќ.

Речено – сторено. Со стручна помош на консултантите развиен е франшизниот модел и во 2018 година тргнаа кон проширување. Франшизата веќе успешно се развива – до крајот на 2018 со франшиза е покриен најголемиот дел од Хрватска, Словенија (мастер), како и дел од Србија (Белград и Источна Србија).

Примателите на франшизата нудат разработен модел на работење, сериозен know-how во чиј центар е сложено софтверско решение кое овозможува од едно место да се управува со сите објекти, на повеќе продажни канали (интернет страници), но и обука и постојана поддршка. – На почетокот идеално би било да се започне со двајца вработени. Потребна е скромна опрема: два мобилни телефони, два комјутера или еден ако  се работи во две смени, печатач. Првиот чекор е примателот да ги преземе сместувачките единици и практично може да започне да работи кога ќе склучи договор со првиот наемодавец (рентиер).  Сите објекти се добредојдени, од скромни до лукзузни соби, се разбира доколку се легални и категоризирани од државата.  Предноста на помалку лукзузното сместување е што никој не се труди да го издаде. На кој начин да дојде  до наемодавачот, како да му пристапи, а  потоа како  да управува со објектот, како и сите останати неопходни информации за работењето, примателот ќе добие преку обука- вели Грубелиќ.

Во планот за проширување е и Македонија – франшизата е можно да биде купена од јануари 2019 година. Има можност за земање на single-unit франшиза (за одреден град или регион), како и мастер франшиза за целата држава.

Со колку сместувачки единици работата станува исплатлива тешко е да се каже бидејќи заработката  осцилира од дестинација до дестинација.  – Во Дубровник на една сместувачка единица може да се заработат 500 евра годишно, во Сплит 270 евра, во Црна Гора 250 евра. На идните партнери секако достапна им е деловната статистика како би направиле што подобра проценка. Формулата е едноставна: бројот на сместувачките единици се множи со бројот на продадени денови. Целта е  да се има што повеќе сместивачки единици - вели тој.

Напоредно, примателот гради и мрежа на дополнителни услуги: превоз, излети, ресторани....- Примателот го гледаме како човек полн со ентузијазам, лидер способен да ги поведе луѓето од тимот. Тоа би требало да биде личност до 40 години, полна со енергија, полетност и желба да постигне резултат. Искуството во туризмот не е пресудно, но би било добро, бидејќи и ние многу учевме и вложувавме во луѓето. Примарните цели би требало да му бидат да постигне резултат и да ужива во тоа што го работи - вели Грубелиќ.

Примателот заработува по истиот принцип како и давателот на франшизата – процент (најчесто до 5%) од цената на сместувањето плус евро од продаден ден. Од тоа се издвојува за франшизен надомест. Со споменатиот редовен надомест примателот на франшизата плаќа и влезен надомест кој за single-unit (единечна) франшиза за одредена дестинација изнесува 3000 евра.


Директ Букер / За својата услуга наплатува дури после реализацијата – процент од цената на сместувањето, плус едно евро по резервиран ден кое се вложува во понатамошниот развој на работењето.
Весна Лапчиќ
Уредник

погледнете ги текстовите

Што е Discovery Day? /02.04.2019

Discovery Day ( Ден за запознавање) е вообичаерн термин, но и „обичај“ во многу земји во кои франшизната форма на водење бизнис е многу развиена. Наједноставно, Discovery Day е ден во кој, како заинтересиран кандидат за купување франшиза, за прв пат, „во живо“ се запознавате со франшизниот систем. И обратно!

CHIPAS ги поместува границите /27.03.2019

Сараевски CHIPAS отвори нов, репрезентативен објект кој под уште еден покрив ќе понуди се по што е познат – солено и слатко мени, специфичен ентериер, домашна атмосфера.

LG Салон за перење /19.03.2019

Во ритамот на животните промени – помалку време, помал животен простор и големи сметки за струја, не е за изненадување кога новите бизнис концепти се издигнуваат, искористувајќи ја ваквата ситуација како поволна прилика која води кон основање нов бренд - сервис за перење.

DepilConcept доаѓа во Србија /11.03.2019

Португалскиот бренд во областа на долготрајното отстранување на влакната DepilConcept ја отвора првата франшизна клиника во Белград. Примателот на мастер франшизата најавува ширење на мрежата и јакнење на брендот.

Брзото читење го освојува регионот /01.03.2019

Франшизниот концепт „Училиште за брзо читање и мудро учење“ наменет главно за деца кои сакаат да научат брзо читање и техники на учење и помнење, пристига на пазарот во Хрватска.

најчитани

Франшизен пакет /17.07.2018

Франшизен пакет е основата на франшизниот систем, бидејќи го содржи комлетниот бизнис пакет кој го нуди сопственикот на франшизата.

Самопослужно перење, како и насекаде во светот /18.12.2018

Првата франшиза на LG Laundry Lounge е отворена во Србија, во населбата Белвил во Белград. Потенцијал за ширење на мрежата постои и во другите градови од Србија како и поширокиот регион.

Улога по мерка на големите играчи /26.02.2019

Со купувањето на мастер франшиза, примателите на франшизата од самиот почеток влегуваат во сериозна игра . Иако добивката во тој случај е поголема, многу поголеми се обврските.

СКОК ЗА ПРОФИТ /13.02.2019

Jump Planet, полскиот концепт на забавен парк со трамбулини нуди франшиза и во земјите од регионов. Што се очекува од примателите на франшиза?

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот know-how и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

популарно во форумот