По франшиза во Будимпешта
7 февруари 2019 година е ден резервиран за Саемот на франшизи во Будимпешта - Franchise Börse.
Во февруари 2018, по десет години мирување, во главниот град на Унгарија повторно беше одржан Саемот на франшизи, кој според соопштението на Унгарската франшизна асоцијација ги надмина сите очекувања. Тогаш своите франшизни концепти ги преставија повеќе од 20 компании. Саемот го посетија повеќе стотини луѓе – потенцијални приматели на франшиза и инвеститори. Добриот одѕив воедно беше и награда и поттик за организаторот кој најави дека новата „берза на франшизата“ ќе се одржи и следната година.
Новото преставување закажано е за 7 февруари 2019 во хотелот Novotel Budapest Centrum. Посетителите кои се заинтересирани за купување франшиза ќе можат да изберат помеѓу неколку десетини унгарски, но и интернационални франшизи. Оние пак, кои сакаат да се запознаат со овој вид бизнис ќе имаат можност основите на франшизингот да ги совладаат низ семинари и конференции, но и преку непосредни консултации со стручните лица од оваа област.
Според податоците на организаторот на Саемот, Унгарската франшизна асоцијација, за посетителите кои на страницата на Асоцијацијата ќе се регистрираат до 4 февруари 2019 година влезот ќе биде бесплатен. Влезниците во продажба ќе чинат 1500 форинти (4,6 евра).
Најнови вести
Прикажи сè
Крилца за успешен бизнис
Како од пилешки крилца да се создаде успешен бизнис и франшиза, објаснува Зоран Виденовиќ од „Крилца и Пивце“.
Royal Nanny: Кога довербата се претвора во систем
Дадилката не е само работа. Тоа е повик, доверба и уметност.
LOV Popcorn: традиција што се шири преку франшиза
Семејна традиција што ги претвора пуканките во глобална деловна можност.
Стратегија за проширување на франшизата Diverse
Diverse ја развива својата франшизна мрежа преку стандардизиран начин на работење во малопродажба, прилагодување на локалните пазари и селективен...