Секогаш на врвот

И оваа година  најуспешни
И оваа година најуспешни / McDonald’s не е прв франшизен систем кој се појавил во светот, но секако најмногу влијаел на индустријата на франшизингот
Петок
22.03.2019
Во последните 11 години, колку што FranchiseDirect ја објавува листата на 100 најуспешни франшизи во светот, само два бренда се менувале на самиот врв. Од оваа година еден е во блага предност.
 

Како што е наведено во овогодинешниот извештај на порталот FranchiseDirect, во рангирањето за 2019 вклучен е најголем број на франшизни системи до сега. Како и во претходните 10 години се користела сложена формула која оваа година дополнително е модифицирана. Имено, од сега формулата во предвид ја зема продажбата наместо вкупниот приход, додека зголемувањето на бројот на подружниците се мери во процети. – Иако делува инпресивно кога системот како што е KFC ќе отвори стотина франшизни ресторани годишно, уште повпечатливо е кога тоа ќе го направи нов и помал систем како што е, да речеме синџирот на фитнес клубови F45 – се наведува во извешрајот на FranchiseDirect. Заради споредба,  KFC  во франшизингот е речиси 70 години и има повеќе од 21.000 локации низ светот, додека F15 франшизата ја понуди само пред пет години и моментно има помалку од 1000 подружници.

Колку и да се факторите, како раст на деловните единици, продажбата, годините на  бавење со франшиза, степенот на стаблност, растот на мрежата и меѓународната експанзија, клучни за рангирањето, во формулата влегуваат и критериуми кои ги надминуваат простите бројки – во предвид се зема и колку давателот на франшиза им помага на своите идни приматели, како и тоа колку вложуваат системите во развојот на локалната заедница преку добротворни програми и донации.

Куриозитет со кој се одбележа годинешното издание е фактот дека претходните 11 години колку што FranchiseDirect  ја објавува листата на 100 најуспешни франшизи во светот, само два бренда го заземале првото место - McDonald’s  и  Subway.  До 2018 и двата на врвот биле по пет пати. Од годинава McDonald’s има благо водство. Податок кој заслужува внимание, особено ако се знае дека и двата бренда дури и во најтешките години од своето работење не забележале значителен пад на листата. Не треба да се заборави дека се работи за големи и влијателни системи кои поттикнати од силната конкуренција и потребите на младите и поизбирливи потрошувачи, минале низ многу системски промени – процес на модернизација, воведување на нови технологии, промена на имиџот, подобрување на квалитетот на менито, услугите и начинот на комуникација со потрошувачите.

Како и претходните години, најголемиот број од франшизните системи потекнуваат од Соединетите Американски држави, а најзастапени се системите од областа на гастрономијата и угостителството, ги има дури 40 – однос на силите кој веќе е најавен и распоредот на првите десет најуспешни франшизи. Најдобро пласиран франшизен систем кој не е од САД  е британскиот InterContinental (12. место), следуваат системите од Франција   – Auchan (16), Casino (19), Carrefour (20), Europcar (26); од Канада – H&R Block (32), Tim Hortons (33) и Yogen Fruz (94); од Јапонија – Kumon (21); Шведска – Husse (43); Шпанија – Dia (44), Lizzarran (61); Филипини – Jollibee (41); Јужна Кореа– Paris Baquette (75) и Eye Level Learning Center (75).  

Десетте најуспешни во 2019

  1. McDonald’s (ресторан за брза услуга, бургери)
  2. Burger King (ресторан за брза услуга, бургери)
  3. Pizza Hut (ресторан за брза услуга, пица)
  4. Marriott International (хотелиерство)
  5. KFC (ресторан за брза услуга, пилешко)
  6. Dunkin’ Donuts (ресторан за брза услуга, кафе, крофни, бургери)
  7. 7-Eleven (ланец на супермаркети)
  8. Subway (ресторан за брза услуга, сендвичи)
  9. Domino’s (ресторан за брза услуга, пица)
  10. Baskin-Robbins (сладолед)

Целата листа ТОП 100 Global Franchises можете да ја најдете ТУКА

 


погледнете ги текстовите

Избери и започни со свој бизнис /05.10.2021

Се наближува 19-тото издание на најголемиот саем за франшиза во Централна и Источна Европа. Варшава повторно ќе биде домаќин на повеќе од 200 компании кои бараат идни деловни партнери - франшизни приматели.

Право на територијална ексклузивност /16.07.2021

Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?

Во исчекување на саемите за франшизи /14.05.2021

Двата најголеми меѓународни саеми за франшизи во Европа го потврдија “враќањето во игра“ и објавија датуми за одржување за оваа година.

Вмрежување на Европа /23.04.2021

Полското училиште за програмирање за возрасни Coders Lab е отворено во две нови европски земји, а моментално се активни и нови дополнителни поволности за потенцијалните партнери од регионот.

Безбедно доставување на храна /12.04.2021

Минимален контакт со клиенти, редовна употреба на средства за дезинфекција, и постојана проверка на здравствената состојба на доставувачот - се главните принципи за сигурна достава на храната. Како еден франшизен систем ги применува сите овие принципи во пракса?

најчитани

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

Полека и сигурно до франшиза /06.07.2021

Доколку водите мал бизнис што може лесно да се „реплицира“, франшизингот е идеален начин за проширување на вашиот бизнис. Сепак, кои се основните предуслови за развој на успешна франшиза?

популарно во форумот