Легендата за ЛЕГО коцките

LEGO
LEGO / Секоја секунда во светот се продаваат повеќе од седум LEGO комплети, а секоја минута се произведуваат 36,000 коцки
Вторник
09.04.2019
Кога ќе се соберат сите хуманоидни фигурички кои до сега ги направил LEGO, се забележува дека има нешто помалку од бројот на луѓе на Земјата – четири милијарди.
 

1932 година,  градчето Билунд во Данска. Четириесетгодишниот столар Оле Кирк Кристијансен отвара работилница во која посветено, од ден во ден, резба играчки од дрво. Педантен и посветен, играчките ги правел само од најдобро дрво, усовршени до најситните детали. Со мислата дека само „најдоброто е доволно добро“, љубовта кон работата им ја пренел и на вработените, но и на еден од своите синови.  Со првите поголеми нарачки, Кристијансен го смислува и името на фирмата.  Иако ги повикал сите свои работници да  даваат предлози, најдобрата идеја сепак е негово дело. LEGO настанал како комбинација од два дански збора „leg“ и  „godt“ – што значи „играј си убаво“. Едноставно, а за милиони деца во светот и денеска сосем точно.

Од таткото на синот

После  14 години од започнувањето на бизнисот, Кристијансен пронаоѓа материјал кој е идеален за производство на играчки – пластика. Прв во Данска купил машина за вбризгување на пластика и започнал со изработка на фигури, но и шупливи правоаголни „циглички“ кои до крајот на таа деценија ќе прераснат во најинтересен производ на компанијата. Така, веќе во 1949 година LEGO произведувал околу 200 различни пластични и дрвени играчки, вклучително и препознатливата LEGO коцка. И покрај револуционерниот концепт, пластичните коцкички не наишле веднаш на посакуваниот одѕив, ниту кај трговците, ниту кај купувачите. Многу продавачи му ги враќале на Кристијансен недопрените пакети со коцкичките, но тој и после таквото искуство, не го прифаќал увереувањето дека пластичните играчки никогаш нема да ги заменат дрвените.

Во 1957 година, кога синот на Оле, Готфред Кирк Кристијансен доаѓа на чело на компанијата,  LEGO доживува интерна револуција, пред се од техничка природа. Готфред е заслужен за создавање на „LEGO системи“, комплети за игра кои содржеле коцкички, фигурички и готови играчки (автомобили, камиони....), од кои децата по своја желба го граделе својот свет. Новиот дизајн, односно  техничкото решение кое на LEGO коцките ќе им ја донесе посакуваната „стабилност во флексибилноста“ исто така е дело на Готфред Кристијансен,  кој во 1958 година на коцките им  ги додаде и препознатливите „столпчиња“ во внатрешноста на шупливиот дел. Така коцките по склопувањето се држеле цврсто  на местото, но и лесно се раздвојувале на примарните делови. Ова решение било толку ефикасно што првобитниот изглед на LEGO коцките веќе не се менувал. Денот кога е доставен патентот за оваа коцкичка – 28 јануари- денеска се слави како Светски LEGO  ден.

Интересно е што Компанијата и денес ја водат потомците на семејството Кристијансен. До 2016 година на нејзино чело бил внукот на основачот Кјелд Кирк Кристијансен, додека денеска бизнисот го води правнукот на Оле, Томас. Иако за овие 80 години постоење LEGO  прерасна во планетарен бренд со милиони обожаватели, не значи дека компанијата не минувала и низ тешки моменти. Најтешкиот бил на почетокот на новиот милениум кога собраните губитоци од неколкуте претходни години достигнале износ од 144 милиони фунти. Дури се зборувало и за продажба на компанијата. Големото кратење на трошоците и отстапување од производство на помалку профитабилни серии им овозможило веќе следните години значително да се зголеми приходот и да се вратат на стабилната патека.

Експертите од градинка

Во седиштето на LEGO групацијата во Билунд, повеќе од 120 дизајнери работат на развојот на новите комплети коцки. Меѓутоа, Компанијата свои преставништва има и во Велика Британија, Шпанија, Германија и Јапонија каде се осмислуваат и развиваат посебни проекти за одделни пазари. За создавање на нов производ потребни се околу 12 месеци. Постапката за изработка е во три фази. Најнапред се истражува пазарот, се воочуваат трендовите, а дизајнерите лично одат во „извидување на теренот“ – во продавниците за играчки.

Дизајнот и идејата од првата фаза на производството ја добиваат својата виртуелна форма со помош на специјализирани софтвери. Потоа, со помош на стереолитографија (3D печатење) се прават прототипови на коцките кои мора да ја поминат оценката на целиот проектен тим. Производот исто така го тестира и група на стручњаци – деца и нивни родители. Доколку малите консултанти се задоволни од резултатите, проектот ќе биде прифатен и новите комплети од коцки ќе бидат одобрени за масовно производство, а виртуелните модели ќе се користат во производството на амбалажа и рекламен материјал.

LEGO коцките се прават од висококвалитетна пластика. Отпорни се на гребаници и удари, а заради нивната тврдина-траат долго. За да бидат стабилни и беспрекорно да се вклопуваат, се прават со толеранција во отстапките од 2 микрони. Само 18 од милион направени делови не ги задоволуваат стандардите на производството. Сите LEGO  коцки се произведуваат во наменски фабрики во Европа и Мексико, а зарди комплетите наменети и за најмалите деца, компанијата ги исполнува најстрогите прописи и стандарди за квалитет ISO и EU (CEN).  

Се проценува дека LEGO Group до сега имаат продадено околу 400 милијарди коцки. Во просек годишно произведуваат околу 20 милијарди делови. Тоа значи дека секоја секунда се прават околу 600 елементи. Кога ќе се соберат сите до сега направени делови, секој човек на планетата овој момент би можел да добие комплет од 64 коцки.

Составен дел на брендот одамна е и забавниотт парк Legoland.  Првиот е изграден во рамките на матичната компанија Билунд. Останатите шест се наоѓаат во Велика Британија, Германија, САД, Дубаи, Малезија. Покрај големиот број на забавни содржини (ролеркостери, вовчиња, аква паркови...) сите паркови имаат и Miniland, минијатурен град  во кој, како што и се очекува, се наоѓаат реплики на објекти и згради (често светски познати градби) изработени од автентични LEGO коцки. Од 2005 година, 70 % од уделот во Legoland и припаѓа на американската инвестициска група Blackstone.

И покрај изминатото време, новите трендови и виртуелниот простор за игра, LEGO  и понатаму привлекува нови следбеници. Тајната на успехот можеби се наоѓа во фактот што подеднакво ги инспирираат децата, како и дизајнерите и конструкторите кои непрестано трагаат по нови технолошки решенија.


погледнете ги текстовите

Дизајн. мода, екологија /14.06.2021

„Гнездо“ не е обична модна продавница, иако може да се каже дека е вистинско „гнездо на домашна креативност“. Покрај промоцијата на домашните дизајнери и зачувувањето на домашното производство, сопствениците на оваа продавница инсистираат на најмал можен отпечаток врз животната средина и одржливост.

Секоја чест, Domaccini /27.05.2021

Марија Словиќ направи „оаза“ на малите производители во продавницата Domaccini. Кои производи ќе се најдат на рафтовите на нејзиниот дуќан, зависи пред се, од квалитетот на производите, затоа што квалитетот и чесноста се основните фактори на успехот.

Волната како вреден ресурс /11.03.2021

Како може да се користи волната од овците? Претприемничката двојка од Романија започна со производство на пелети од овча волна, кои се користат во земјоделството како исклучително квалитетно органско ѓубриво.

Успехот не е илузија /22.05.2019

Иако приватните музеи на Балканот се вистинска реткост, „Музејот на илузии“ отворен пред три години во Загреб веднаш стана хит.

најчитани

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Со DepilConcept до сопствен бизнис /05.08.2019

Од април 2019 во Србија работи DepilConcept, португалски франшизен систем специјализиран за епилација. Примателите на мастер франшиза за овој пазар откриваат што го издвојува DepilConcept од другите - како концепт и како бизнис.

Право на територијална ексклузивност /16.07.2021

Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?

популарно во форумот