Силата на големото франшизно семејство
За да се дојде до добра деловна можност некогаш е потребно знаење, некогаш важна е упорноста, понекогаш треба да се има храброст, но ништо нема да се случи без малку среќа. За Адемир Мехиновиќ и Исмар Бечиревиќ кои се приматели на мастер франшизата од брендот Husse за подрачјето на Босна и Херцеговина, отпочнувањето со активностите делумно било резултат на среќни околности.
– За Husse франшизата дознав сосема случајно – ја започнува приказната Адемир Мехиновиќ. – Имено, пред три години мојата девојка и јас ја зедовме мачката Ханка која веднаш стана омилен член на нашето семејство. Сакавме да и обезбедиме исклучително квалитетен живот, а еден од најважните услови секако беше исхраната. По препорака купувавме храна од брендот кој во тоа време го имаше на нашиот пазар. Но, набргу тој бренд беше повлечен, а нашата Ханка, која е пребирлива, одбиваше каква и да е друга храна. Започнавме да истражуваме за исхраната на мачки и баравме најдобра замена за неа, што подразбираше висок степен на квалитет на храната, но и вкус кој им соодветствува на мачките. Тука се појавува Husse. Случајно, истражувајќи ги различните јадења, дојдовме до порталот кој работи на презентација на франшизи. Штом ја видовме Husse знаевме дека тоа е двојна можност – квалитетна храна за нашата мачка и одличен бизнис потег за нас заради кој добро ќе се најадат и други животни во Босна и Херцеговина – сликовито ги објаснува Мехиновиќ животните можности кои го довеле до шведскиот бренд специјализиран за домашна испорака на храна за кучиња и мачки.
Дадената можност, како што вели, не сакал да ја пропушти, ашанситеза успех се зголемиле кога идејата за купување на Husse франшизата му ја преставил на својот пријател Исмар Беќиревиќ. – Не поврзуваше иста страст – желба за отпочнување бизнис. Така започнавме со истражување на концептот на Husse франшизата, а паралелно со тоа го истаржувавме и пазарот. Би можело да се каже дека пазарот во БиХ можеби е и презаситен со различни брендови за храна за домашни миленици, но концептот на храна од Husse беше тоа што преовладуваше и гарантираше успех – објаснува Мехиновиќ што било клучно во носењето на одлуката. – Тргнувајќи од фактот дека во БиХ има луѓе како нас кои вистински им сакаат најдобро на своите миленичиња, а со тоа и исклучителна услуга и меѓусебен контакт и емпатија на што Husse инсистира, знаевме дека доколку франшизата ја практикуваме на вистински начин, ќе има успех во БиХ – сигурен е Мехиновиќ.
Првиот чекор подразбираше основање на фирма, за што беа потребни неколку месеци, а веќе кон средината на 2018 година потпишале договор за мастер франшиза за подрачјето на Босна и Херцеговина. – Секој ден учевме, како за брендот така и за франшизата и светот на бизнисот. Меѓутоа, бидејќи имавме претходно искуство во продажба, веднаш се зафативме со работа – додава Мехиновиќ.
Кога пристигнала првата пратка со храна, се потсетува нашиот соговорник, ја искористиле можноста брендот и официјално да го престават на хуманитарниот базар за напуштени животни кој го организирале во соработка со една неформална група граѓани која долго време се грижела за напуштените животни. – Овој настан и промоција се приказна самата по себе. Во тој момент се уште ја немавме добиено опремата за презентирање на брендот, но најдобриот дел од приказнате е франшизното семејство Husse – со нескриено задоволство раскажува Мехиновиќ за предностите на франшизингот. – Имено со несебична помош од колегите од Србија и, сега веќе можам да речам нашопт пријател Саша Милутиновиќ, добивме довално храна за промоција, како и потребни реквизити што ни овозможи успешно преставување на брендот. Настанот изгледаше фантастично. Го одржавме во центарот на градот, а брендот и натаму се врзува со една убава човечка приказна во која се вклучува донацијата за напуштените кучиња – ја опишува Мехиновиќ позитивната атмосфера во која се појавил брендот Husse на пазарот во БиХ.
И покрај тоа што на почетокот брендот беше добро прифатен, Мехиновиќ и Беќиревиќ се свесни дека им престои потешкиот дел. Како и сите приматели на мастер франшиза, тие имаат повеќе обврски. Покрај тоа што испорачуваат храна, задолжени се и за понатамошното развивање на мрежата на партнери, што значи дека на подрачјето на Босна и Херцеговина ќе изнаоѓаат, обучуваат и даваат поддршка на други претприемачи кои одлучиле да ја купат Husse франшизата. – Моментно токму на тоа работиме – потврдува Мехиновиќ. – Босна и Херцеговина заради државното уредување е поделена на кантони и региони што и за нас ќе биде насока како ќе ја поделиме територијата за идните приматели на одделни територијални франшизи – предвидува тој.
Сега за сега најактивни се на подрачјето на главниот град, но храната ја доставуваат и во останатите краеви на БиХ. – Со оглед на тоа што и двајцата сме од Сараево, најмногу сме позиционирани на тоа подрачје, но тоа не значи дека услугите кон останатите делови од државата се помали во однос на пазарот на кој сме најприсутни. Соработката со најголемите одгледувачи од целата држава, како и кампањите преку социјалните мрежи, придонесуваат многумина надвор од Сараево да слушнат за Husse, да ги добијат првите бесплатни примероци на домашна адреса, а со самото тоа да станат и наши купувачи. – вели Мехиновиќ.
Кога размислува за придобивките од концептот кои би можеле да привлечат други, потенцијални приматели на франшизата, Мехиновиќ прво го посочува индивидуалниот пристап. – Покрај исклучително добриот квалитет, сметам дека најголемата придобивка е тоа што станува збор за систем во кој примателот на франшизата, со оглед на тоа дека се работи за бесплатна домашна испорака, лично ги познава своите купувачи и корисници и дека се обврнува посебно внимание на индивидуалниот прист и на купувачите и на корисниците. Токму ваквиот модел на услуга ни служи како алатка за привлекување нови купувачи – вели Мехиновиќ и истакнува дека за речиси една година работење има само позитивни зборови за брендот Husse.
Ако по утрото денот се познава, тогаш не се сомнева дека така ќе биде и во иднина. Досегашните резултати од продажбата, како и првичните мислења за брендот и производството тоа го потврдуваат. – Од самото појавување до денеска Husse направи многу работи сам за себе. Карактеристиките, како што се високиот квалитет, пристапните цени, бесплатната домашна достава, советите за купувачите се карактеристиките кои овој концепт го издвојуваат од другите брендови. Затоа и во толку кусо време успеавме да пронајдеме задоволителен број на купувачи и тоа, важно е да се напомене, постојани купувачи – вели Мехиновиќ.
погледнете ги текстовите
Марија Словиќ направи „оаза“ на малите производители во продавницата Domaccini. Кои производи ќе се најдат на рафтовите на нејзиниот дуќан, зависи пред се, од квалитетот на производите, затоа што квалитетот и чесноста се основните фактори на успехот.
Примателите на франшиза од брендот Husse од Јадранскиот (Адриатик) регион неодамна одржаа состанок во Белград и разменија искуства. Планираат да продолжат со вaквите средби.
Cbweed е италијански произведувач и дистрибутер на производи на база на коноп, кој своето производство го шири преку франшиза и е заинтересиран продажната мрежа да ја развива низ Европа.
Зошто годинава фокусот ќе биде на развојот на мрежата на дистрибутери, за што се зборуваше на овогодинешниот состанок на приматели на франшиза и какви резултати се постигнати, зборува Саша Милутиновиќ
Ивана Коприванац стана примател на Husse франшиза во пресуден момент во животот. Иако со досегашните резултати е задоволна, смета дека претприемачот секогаш мора да тежнее кон подобро.
најчитани
Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.
Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…
Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.
Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?
Оригиналниот концепт на услуги по кој се препознаваат рестораните EasyBeer и EasyWine посебно е интересен за гостите, а нивната исплатливост, за претприемачите кои се заинтересирани за оваа франшиза.