Провери и поправи
Од што е направена и како треба да изгледа совршената Dominos’s пица? Вештачката интелигенција го знае одговорот.
Ретко се случува некој да отиде во ланец на ресторани за брза храна, а при тоа да не знае каква храна и услуга ќе добие. Повеќето од нив работат во системот на франшизинг, следат строго утврдени стандарди и речиси секогаш се одликуваат со висок степен на униформност. Не е премногу да се каже дека нема поголеми разлики во квалитетот и услугата, без разлика дали сте влегле во ресторан во Америка или на некое друго место во светот, во рамките на истиот ланец. Униформираноста меѓутоа не се поврзува само со изгледот на ресторанот. Во големите франшизни синџири, кои можат да имаат и по неколку десетици илјади рсторани во својата мрежа, речиси сите процеси се стандардизирани – од подготовката и сервирањето на храната, па се до одржувањето на хигиената и управувањето со човечките ресурси. Од една страна тоа обезбедува изедначен квалитет во рамки на целата мрежа, а од друга овозможува голем број приматели на франшиза да ја водат работата на ист начин дури и кога се далеку од матичната компанија – давател на франшиза.
Сепак отстапките се нормална појава. Колку и да сме навикнати во рестораните за брза храна да нема големи изненадувања, може да се случи оброкот кој го добивате ниту малку да не потсетува на тој од рекламните фотографии. Деновиве еден ланец најави дека ова ќе го промени, и со помош на технологијата ќе воведе систем кој на клиентите ќе им гарантира дека храната која ќе ја добијат, ќе биде според стандардите на ланецот.
Се работи за Domino’s, која на пазарот во САД е еден од трите најголеми ланци на кои основниот производ им е пица. Моментно, Domino’s има 16.000 ресторани од кои повеќе од 10.000 се на странскиот пазар, а речиси 97% од рестораните се водат од страна на приматели на франшизата. Како и сите ланци за брза храна, Domino’s е принуден постојано да е во чекор со новите навики и очекувања на потрошувачите. Во споредба со своите најголеми конкуренти може да се каже дека имаат предност во иновациите во делот на обезбедување врвни услуги. Имено, Domino’s прв во 70-тите години од минатиот век го вовел правилото „30 минути испорака или бесплатна пица“, а во овој милениум ги поместува границите, потпирајќи се на современата технологија. Така, во 2016 година во Нов Зеланд го започна проектот за испорака со дронови, а во 2017 во одделни градови на Германија и Холандија извадија на улиците автономни возила, како средство за дистрибуција на пиците. Но, оваа година технологијата се вмеша и во процесот на подготовка на храна, поточно во процесот на мониторирање и оценување дали подготвената храна е според сите стандарди на Domino’s.
Поточно, во рестораните за брза храна на Domino’s во Австралија и Нов Зеланд, започна да се имплементира систам за мониторинг на погдотовката на храната со специјална камера, наречен DOM Pizza Checker – кој претставува прв паметен скенер од овој тип во светот, кој како што се наведува во соопштението, ќе го проверува квалитетот на пицата пред да биде испорачана до потрошувачите. Со тоа најчестиот приговор на купувачите, дека пиците не изгледаат како на рекламните фотографии, би требало да биде решен.
Уредот го развила компанијата Dragontail Systems и како што се појаснува во соопшението, е едноставен софтвер со вештачка интелигенција, развиван низ процес на машинско учење, кој ја скенира секоја пица и проценува дали е направена според спецификацијата на Domino's франшизата. Се претпоставува дека камерата може да го препознае видот на пицата и врз таа основа е способна да анализира дали состојките правилно се измерени и распоредени, за на крајот да процени дали пицата е спремна за испорака или пак треба да се направи нова.
Domino's наведува дека ова е прв чекор во користењето на вештачката интелегенција (AI), бидејќи и овој проект како и во претходните случаи за сега е ограничен на локалниот пазар – Австралија и Нов Зеланд. Интересно е што оваа технолошка иновација потекнува од еден од примателите на мастер франшизата на Domino’s, кој е задолжен за рестораните на Domino's во седум држави (Австралија, Нов Зеланд, Франција, Белгија, Холандија, Јапонија и Геманија). Меѓутоа, Американскиот ланец најавува дека проектот на овој примател на франшиза наскоро би можел да стане стандард и за целата Domino's франшизна мрежа.
Domino’s е присутен и во нашата земја, како и во соседните земји: Србија, Косово, Бугарија, Грција.
Првиот Domino's ресторан во Македонија е отворен во Скопје во септември 2012 година, вториот во декември истата година, а третиот Domino's ресторан е отворен во март 2014. Во нив се вработени околу 70 лица кои го покриваат речиси целото подрачје на град Скопје бидејќи се лоцирани во различни општини.
Франшизниот бренд Domino's во Република Северна Македонија стигна преку примателот на мастер франшизата Паул Тсоулоуфрис, а концептот го развива заедно со уште тројца партнери.
Други концепти од секторот Гастрономија
Најнови вести
Прикажи сè
Научна кујничка – наука низ игра
Научната кујничка ги спојува науката и играта преку експерименти и работилници за деца, додека на франшизерите им нуди стабилен и перспективен бизн...
Ширењето на знаењето без граници
„Школата за брзо читање и мудро учење“ претставува еден од ретките домашни франшизни системи кој со години успешно се носи со сите предизвици и пос...
NYC BAGEL франшиза која мириса на успех
Њујоршки багел со сараевска душа: како еден брачен пар започна успешен бизнис и сега нуди франшиза за сите што сакаат автентичен бренд во својот град.
Силен бренд и посветеност на работата
„Малец Генијалец“ е бренд познат низ целиот регион. На пазарот во Северна Македонија сѐ уште постои потенцијал за проширување на франшизната мрежа.