Маркетинг

Петок
21.06.2019
Франшизинг.мк е портал наменет за сопственици на бизниси кои сакаат да го прошират својот бизнис преку формата на франшиза или лиценца, но за сите со претприемнички дух кои во иднина размислуваат да се занимаваат со бизнис и се во потрага по добра бизнис идеја. Ваквата целна група на читатели, го прави порталот погодно место за рекламирање и огласување, посебно за франшизни системи кои бараат кандидати за приматели на своите франшизи.
 

Профил на порталот

Франшизинг.мк е портал посветен за сите кои се занимаваат со бизнис, но и оние кои бараат нови бизнис идеи. Поточно посветен е пред се за оние кои ги интересира франшизен, лиценцен или сличен партнерски модел за работа. Порталот објавува информации, вести и текстови за франшизен и за сите видови на партнерски (агентски, застапнички, лиценцен, дистрибутерски) системи, но и разработува и општи теми за работа - од едукација до информација - и секогаш има за цел да помогне за разбирање на франшизингот, унапредувањето на работата и ширење на бизнисот преку франшизинг, но и да помогне во селекција и избор на нов бизнис, преку споделување на информации за успешни бизниси кои бараат партнерства за проширување на својот бизнис и во други земји. Преку текстовите и вестите кои потекнуваат од регионот, читателите на порталот ќе пронајдат корисни информации за унапредување на својот бизнис, како и информации за нови и иновативни бизниси, кои веќе успеале во некој друг регион од светот.

Затоа велиме дека Франшизинг.мк е: ПОРТАЛ ЗА БИЗНИС МОЖНОСТИ


Целна група

Франшизинг.мк се обраќа до сите тековни и идни претприемачи, а пред се до оние кои се заинтересирани за франшизно работење.

Наши читатели се:

  • Даватели на франшиза;
  • Постојни и идни приматели на франшиза;
  • Стопанственици кои се заинтересирани за фрашизен начин на работа;
  • Професионалци и стручњаци за франшиза;
  • Студенти и истражувачи; 
  • Економисти и претприемачи; 
  • Владини претставници, организации и стопански комори- кои сакаат да им помогнат на домашните компании да се прошират на странските пазари преку моделот на франшизинг, како и да се унапреди стопанството преку поттикнување на домашни компании да отвораат нови и иновативни бизниси, кои веќе успеале во други земји. 

Порталот е збирно место за обраќање на ваквата специфична група на читатели. 


Облици на рекламирање и претставување на порталот

Рекламирање и комерцијално презентирање преку порталот Франшизинг.мк може да се прави на неколку начини, преку употреба на повеќе различни алатки наменети за две групи на огласувачи:

1. Огласување на франшизни и партнерски системи; 

Наменета за сите носители на франшизи, кои преку нашиот портал сакаат пронајдат нови приматели за својата франшиза или партнери (агенти, застапници, дистрибутери).

2. Промовирање на бизнис услуги и производи;

Можност за компаниите за рекламирање на своите услуги и производи пред нашата целна група на читатели. 


Алатки за презентација на франшизните и партнерските системи пред потенцијални приматели на франшиза

1. Презентирање на франшизата преку ,,Каталогот на франшизи”.

,,Каталогот на франшизи” е основна алатка за претставување (огласување) на деловната понуда за партнерство преку Франшизинг.мк. Каталогот е составен од листа на брендови (франшизни или партнерски системи), распределени по типови на франшиза (мастер франшизи, франшизни и партнерски системи), по групи (производи или услуги) и по типови на индустрии. Понатаму, каталогот има за цел секој бренд, односно систем, да го смести во соодветната категорија, во зависност од типот, групата или индустријата во која припаѓа.

Пребарувањето преку каталогот е едноставно - сите заинтересирани имаат можност да ги пребараат и прегледаат франшизите по категории, поточно многу брзо да стигнат до франшизите кои ги интересираат.

Секој бренд во каталогот на франшизи се претставува на систематизиран и стандардизиран начин. Каталогот пред се ги содржи сите основни информации за системот - опис на франшизниот концепт, број на филијали, опис на франшизниот пакет- односно она што примателот ќе го добие преку франшизата која ќе ја преземе, висина (просечна) на очекуваната инвестиција за подигнување на франшизата (надокнада за инвестицијата и т.н). Понатаму, во каталогот на франшизи ќе пронајдете и информации поврзани со барањата на носителот на франшизата, каков профил на кандидати се бараат и кои се очекувањата кои требаат да ги исполнат. Секако, каталогот содржи и податоци за контакт со носителот на франшизата, како и форма за контакт, која податоците ги испраќа директно до носителот на франшизата. 

Сите податоци во каталогот се внесени директно од носителите на франшизи и според тоа каталогот претставува еден вид на огласник за франшизи. 

Специфичноста на нашиот портал е во тоа што за секој бренд во каталогот се ‘‘врзани‘‘ новинарските и ПР текстови кои се објавени на порталот, а се однесуваат за истоимениот бренд. Самиот каталог е еден вид на реклама, но текстовите за системот на порталот ги пишува редакцијата на порталот, која е составена од професионални новинари, и со тоа каталогот е повеќе од рекламна алатка, поточно преку рекламите и новинарските и ПР текстови - прикажуваме ,,широка слика ”за франшизниот систем и ги претставуваме и опишуваме на повеќе начини. Со тоа кандидатите имаат јасна претстава за бизнисот, брендот и франшизната понуда. Согледувањето на искуството на другите кои ја имплементирале франшизата, е и одличен начин за да се види динамиката на развојот на конкретниот бизнис, како и степенот на успешност.

Каталогот е повеќе од реклама затоа што константно се ажурира, а тоа им овозможува на носителите на франшизните системи секоја промена да ја внесат во каталогот. Преку евидентирање на промените, компаниите ја информираат нашата редакција за развојот на својот бизнис, и така ние би биле во можност да ги следиме бизнисите и за тоа да ги известуваме читателите, доколку процениме дека промената е интересна.

Ова го прави каталогот и место каде најдобро може да се види развојот на секој од регистрираните франшизни системи, а на кандидатите им се дава можност да ја видат  моментална реална слика на бизнисот.

Најмалиот период за регистрација во каталогот е една година, но можно е да се побара и пократок период.

Цената за регистрација во Каталогот за франшизи за период од една година почнува од 8.000,00 денари. 

За дополнителни опции (помош при регистрирање во каталогот, интензивно медиумско следење, Youtube линк во каталог и сл.) или огласување на повеќе наши портали, ве молиме побарајте ценовник.

2. Презентација на франшизата преку БАНЕР

За разлика од каталогот, страницата за промоција на франшизата преку банер, не е толку стандардизирана и може да содржи и повеќе информации за франшизниот систем, повеќе фотографии и видеа. Тоа што е важно е секоја презентација да содржи ,,форма за заинтересирани кандидати”, коja ja пополнува секој читател на порталот кој е заинтересиран да дознае повеќе за франшизата и сака да стапи во контакт со носителот на франшизата. Формата се креира во зависност од потребите на секој од системите и служи за прибирање на посакуваните податоци за кандидатите и заинтересираните. Со тоа презентацијата на франшизата преку банер, е квалитетна алатка за првична селекција на кандидатите, поточно преку оваа форма може да ги приберете сите податоци за кандидатот кои ќе ви помогнат подобро да ја процените можноста за соработка.

До страницата за презентација водат банерите кои се наоѓаат на насловната страна на порталот Франшизинг.мк, како и на потстраниците на порталот. Со ова се постигнува поголема видливост и се привлекува вниманието на читателите. 

Најмал период за регистрација е еден месец и во цената за презентација е вклучена реклама и во каталогот за франшизи.

За цените за презентација со банер ве молиме побарајте ценовник и наменска понуда (оваа алатка може да се комбинира и со останатите услуги).

3. Промоција на вашиот бизнис преку банер на Franchising.mk

Банер е рекламнa алатка со коja се испраќа специфична огласна порака поврзана со вашиот бизнис до читателите на нашиот портал. 

Банерот може да биде видлив за сите читатели или таргетиран само за читателите за одредени географски области/подрачја. Исто така банерот може да биде ‘‘секторски‘‘ – да се прикажува само во рубриките кои покриваат одредени теми. Нудиме и повеќе видови на банери во секции, вести и т.н.

Банерот може да се емитува и плати по бројот на кликови или за одреден временски период во кој банерот е поставен на сајтот. За цените на банерот ве молиме да побарате ценовник и наменска понуда (и оваа алатка често може да се комбинира со услугите за поддршка за регрутација на кандидати за носители на франшизи).

4. ПР текстови и огласи

Платени текстови, таканаречени адверторијали или ПР текстови- се добар начин директно преку текст на порталот (кои сами сте го напишале како огласен текст или е напишан од страна на новинарите на Франшизинг.мк, како посебна услуга) да се обратите до потенцијалните кандидати кои би биле заинтересирани за вашата франшиза. ПР текстот е многу ефикасен начин за комуникација со потенцијалните кандидати затоа што текстот често содржи повеќе информации за бизнисот од било која форма на реклама.

Ваквите текстови се јасно означени и обележани така што читателите никогаш нема да бидат во заблуда што е редакциски текст, а што платен текст (адверторијал или ПР текст). Цената зависи од периодот на закуп (периодот во кој текстот ќе биде видлив на насловната страна на порталот), како и од тоа дали текстот го пишувате сами или сакате за вас да го напише новинарскиот тим на Франшизинг.мк, па затоа ве молиме да побарате наменска понуда.

5. E-mail маркетинг

Наменско испраќање на понудата (e-меил) на листата на нашите читатели кои се регистрирани во Базата на кандидати.

Многу наши читатели побаруваат да добијат понуда од франшизниот систем и тие се многу интересна група за промоција на вашата франшиза. Тоа ја прави и алатката многу ефективна и ефикасна. Цените се движат од 3.000,00 ден за едно испраќање, но за повеќе информации – побарајте понуда.


Рекламирање за огласување на бизнис услуги и производи

Сите бизниси кои се заинтересирани за рекламирање на нашиот портал, може да искористат некои од алатките за огласување, прилагодено на нивните потреби:

  • Банери;
  • Банери со различна димензија и позиција;
  • Адверторијали;

За цените на овие алатки ве молиме да побарате наменска понуда.


Рекламирање во други земји каде постој порталот Franchising 

ПолскаЧешкаСловачкаУкраинаРусијаЛaтвијаЛитванијаУнгаријаРоманијаСловенијаХрватска,Србија МакедонијаИталијаСаудиска Арабија, а наскоро и Албанија и Косово.

Со нас може да се претставите и огласувате во секоја од земјите во кои работиме. Побарајте понуда и може да добиете попуст и погодности за огласување во повеќе земји истовремено.


Контакт

Ве молиме да не контактирате за повеќе детали и добивање на конкретна понуда. Секој систем има различни потреби и затоа е важно да не контактирате и да добиете понуда која е прилагодена на вашите потреби. Може да не контактирате и преку формата за контакт во продолжение. 


Kontakt podaci
Kontakt podaci
If you see this, leave this form field blank

најчитани

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Право на територијална ексклузивност /16.07.2021

Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?

Франшиза по мерка, за оние со стил! /26.11.2019

Бугарскиот бренд Brutale кој се карактеризира со елегантни машки костуми шиени по мерка, тргнува во експанзија во Европа. Приматели на франшиза бараат и меѓу претприемачите од овој Македонија.

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

популарно во форумот