Промени
Промени / Покрај мобилниот штанд за продажба на сладолед, примателите на франшизата од сега можат да отворат и класична продавница која би работела преку целата година
Сабота
20.07.2019
Франшизниот систем Icy Bobo, како концепт за продажба на сладолед подготвен на тајландски начин, во целост е ребрендиран. Сега работи под брендот YORTIE.
 

Сопственикот Рок Јакше вели дека одлучиле да го ребрендираат концептот, бидејќи сакале да го издигнат брендот, а притоа на сите елементи од концептот да им дадат полуксузна нота. – Го издигнавме брендот на повисоко ниво. Исто така, ја проширивме и палетата на производи, а започнаа да ни пристигнуваат барања за отворање на единици кои би работеле преку целата година. Сето тоа, го предизвикаа ребрендирањето на концептот и создавањето на YORTIE – објаснува Рок Јакше.

Постоечките мобилни франшизни единици, како што вели, веќе се ребрендирани.

Покрај сладоледот кој се подготвува на специфичен начин, пред самите купувачи, сега се нудат и мини палачинки кои се преливаат со различни преливи, а се нудат и два вида на здрави пијалоци, кафе и YORTIE слатки.

Ребрендирањето и новите производи не се единствените новитети во концептот на YORTIE франшизата. Имено, покрај мобилниот штанд за продажба на сладолед, примателите на франшизата од сега можат да отворат и класична продавница која би работела преку целата година. Осмислени се повеќе модели на продажни места – продавници на улица со и без места за седење, како и класични продавници со пултови во трговските центри. Се препорачува локалот да се отвори во централните и туристички зони, трговски центри, во паркови кои се посетувани од деца, млади и семејства, кои се и главната целна група на брендот YORTIE.

YORTIE во Словенија и Хрватска има по две единици, во Германија една, а нови приматели на франшиза се бараат низ цела Европа.


Весна Лапчиќ
Уредник

погледнете ги текстовите

Кога кафето ќе стане повеќе од задоволство /12.08.2021

Франшизниот ланец МЕРОН планира да го прошири својот концепт на кафетерии во сите земју од Европската Унија. Отворени се за соработка и со претприемачите од земјите во регионот.

CHIPAS пристигна во градот Високо, БиХ /29.04.2021

Првата франшизна единица на сараевскиот ресторан CHIPAS во Босна и Херцеговина се отвара во градот Високо.

Безбедно доставување на храна /12.04.2021

Минимален контакт со клиенти, редовна употреба на средства за дезинфекција, и постојана проверка на здравствената состојба на доставувачот - се главните принципи за сигурна достава на храната. Како еден франшизен систем ги применува сите овие принципи во пракса?

Од крофнички до франшиза /27.10.2020

Приказната за „Јети фритули“ од Макарска е добар пример како од мал семеен бизнис може да се направи франшиза. Како се градел овој концепт, што е потребно за профитабилно работење и кои би биле посакувани приматели на франшизата?

Замрзнати ролнички /11.06.2019

Франшизниот систем Icy Bobo, концепт за продажба на сладолед подготвен на тајландски начин, предвидува проширување на мрежата низ Европа. Свои партнери бараат и во нашиот регион.

најчитани

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

Коцка, коцка, коцкичка... учиме со Едукидо /17.12.2019

Полскиот едукативен концепт Едукидо планира ширење на франшизната мрежа надвор од границите на Полска. Покрај национална мастер франшиза се нуди и одделна франшиза.

популарно во форумот