Украина е отворена за франшизи
PROFIT system моментално има франшизни консултантски куќи во вкупно 15 земји, поголемиот дел во централна и источна Европа, Италија и Саудиска Арабија. Новиот украински партнер на PROFIT system ќе го олесни влезот на странски франшизни системи во Украина и Казахстан, пазари на кои Franchise Group веќе работи. – Ова може да биде добра вест и за франшизните системи од земјите на овој регион кои имаат амбиции или гледаат потенцијал за развивање на споменатите пазари – вели Игор Богојевиќ, регионалниот директор на компанијата PROFIT system.
Воспоставувањето на соработка, пак, ќе ги отвори вратите и за изворните украински франшизни системи, кои сега полесно ќе може да го насочат развивањето на франшизната мрежа на десетина нови пазари. Договорот кој го потпишале PROFIT system и Franchise Group подразбира и соработка во областа на советување, правни услуги, издавачка дејност и вработување на примателите на франшиза.
Franchise Group е најголемата украинска консултантска компанија специјализирана за франшизинг, која се занимава со развивање и продажба на франшизни концепти. Во оваа група дејствуваат и компании од областа на прехрамбената индустрија (дистрибутер и оператор на 70 продавници во западна Украина), хотелиерство (меѓународниот синџир на хотели Dream Hostel) и гастрономија (синџир на ресторани Baczewski во Украина и Варшава).
– Нашата стратегија за развој се заснова на пронаоѓање силни локални партнери кои веќе работат и имаат искуство во областа на франшизингот – вели Михал Вишњевски, извршен директор на компанијата PROFIT system. – Благодарение на ова, нашите клиенти, даватели на франшиза, можат да сметаат на стручната поддршка кога ќе се определат за влез на нови пазари. Од друга страна, партнерите на PROFIT system, користејќи ги нашите алатки и присуството на повеќе странски пазари, можат да понудат помош на своите клиенти кога ќе се одлучат за ширење во Европа – вели Вишњевски.
Првите резултати од соработката со Franchise Group ќе се видат за време на октомврискиот Саем на франшизи во Варшава, на кој ќе се претстават и концептите од Украина. Во Полска веќе дејствуваат неколку украински франшизни системи, меѓу кои се ресторанот Chinkalnia, фризерскиот салон Haircut Express, козметичкиот салон G.Bar, како и кафулето Crema Caffe.
– Се претставивме прв пат пред три години на Саемот на франшиза. Оттогаш отворивме осум франшизни ресторани во Полска – вели Марта Науменко која е менаџер за развој на рестораните Chinkalnia, овогодинешен излагач на Саемот на франшиза во Варшава.
PROFIT system е компанија која е регистрирана во Полска со ќерки фирми во повеќето земји во кои работи. Спаѓа во една од најголемите европски консултантски компании специјализирани за давање услуги за франшизинг. Свои подружници има во 15 земји, поголемиот дел во централна и источна Европа, Италија и Саудиска Арабија. Издавач е на неколку печатени и онлајн франшизни медиуми, меѓу кои се и регионалните франшизни портали во Србија, Хрватска, Словенија и Северна Македонија, а наскоро и Косово и Албанија. Организатор е на Меѓународниот саем на франшиза во Варшава и на Регионалниот саем „Идеја за бизнис“ во Катовице.

погледнете ги текстовите

Се наближува 19-тото издание на најголемиот саем за франшиза во Централна и Источна Европа. Варшава повторно ќе биде домаќин на повеќе од 200 компании кои бараат идни деловни партнери - франшизни приматели.
Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?
Двата најголеми меѓународни саеми за франшизи во Европа го потврдија “враќањето во игра“ и објавија датуми за одржување за оваа година.
Полското училиште за програмирање за возрасни Coders Lab е отворено во две нови европски земји, а моментално се активни и нови дополнителни поволности за потенцијалните партнери од регионот.
Минимален контакт со клиенти, редовна употреба на средства за дезинфекција, и постојана проверка на здравствената состојба на доставувачот - се главните принципи за сигурна достава на храната. Како еден франшизен систем ги применува сите овие принципи во пракса?
најчитани

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…
Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.
За три дена, 7000 посетители на саемот на франшизи во Варшава имаа можност да погледнат и изберат помеѓу 200 франшизни брендови и бизнис идеи. Што го издвојува овој Саем и зошто се вели дека е направен „по мерка на претприемачите“?
„Малец Генијалец“ е бренд познат низ целиот регион. На пазарот во Северна Македонија сѐ уште постои потенцијал за проширување на франшизната мрежа.
Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.