Се гледаме на саемот за франшизи во Варшава!

Саемот за франшизи во Варшава кој ќе се одржи од 17 до 19 октомври во ,,Палатата на култура и наука" во Варшава, претставува еден од нејголемите саеми за франшизи во Европа, на кој ќе се сретнат давателите и потенцијалните купувачи на франшиза. Овој ремониран настан, оваа година се одржува по 17ти пат и на него се очекува над 200 франшизни компании да ги претстават своите деловни концепти - франшизи и над 7000 посетители.

Организатор на саемот за франшиза во Варшава е компанијата PROFIT System, а стратешки партнер е трговскиот ланец Žавка.

За повеќе информации за саемот, посетете го сајтот www.franchiseexpo.pl.

Истражувањето на PROFIT System исто така покажува дека скоро 86% од кандидатите за франшиза посетуваат еден од саемите за франшизи пред да одлучат која франшиза да ја купат, а процесот на селекција трае во просек околу шест месеци. Искуството покажува дека Пољаците ја бираат својата франшиза внимателно, и очекуваат голема поддршка од давателот на франшиза. Посетата на компаниите кои ги презентираат своите деловни концепти на саемот за франшиза во Варшава, воедно претставува и дел од процесот на проверка на квалитетот на франшизниот концепт.  

Според зборовите на  кандидатите, тие на овие состаноци го проучуваат промотивниот материјал на компаниите, го споредуваат квалитетот и содржината на изложбените штандови, се распрашуваат за најважните одредби од договорот и ги анализираат финансиските предвидувања. Од друга страна, за нив е подеднакво важно да ја „почувствуваат хемијата“ кога зборуваат со давателите на франшизи.

Ако размислувате да започнете бизнис, треба да бидете добро подготвени за очекуваните разговори со франшизните компании. Изберете десетина брендови и однапред подгответе прашања, затоа што не е веројатно дека ќе можете да ги посетите сите штандови. Затоа, подобро е да се фокусирате на компаниите што сте ги избрале и кои ги посакувате. Исто така, добро е да учествувате на форумот и на многуте предавања за франшиза што ќе се организираат во рамките на саемот.

На полскиот пазар доминираат домашни концепти - тоа значи дека осум од десет франшизи се домашни брендови. Покрај тоа, франшизниот сектор е исто така и најголемиот работодавач. Со просечно вработување од 5-6 лица по франшизен објект, вкупниот број на вработени во филијалите за франшиза надминува 405 000 луѓе. Кога ќе се соберат сите даватели и приматели на франшиза, се добиваат повеќе од половина милион луѓе коишто работат на полскиот франшизен пазар. Франшизните компании се генерално мали семејни бизниси кои вработуваат неколку лица. Франшизата е еден од основните модели за проширување и развој на малиот бизнис.

Според предвидувањата на консултантската фирма PROFIT system, околу 1 300 франшизни брендови ќе бидат достапни во Полска до крајот на 2019 година. Денес, на овој пазар работат повеќе од 80 000 продажни места кои се дел од некоја франшиза, што само по себе е рекорд во поширокото опкружување. Се чини дека претприемачите во Полска преку купување франшиза бараат безбеден начин да започнат свој бизнис, велат експертите. 

Пронајдете ја вашата франшиза на саемот за франшизи во Полска!

Читателите на Franchising.mk можат да добијат гратис влезници, и тоа многу едноставно: 

Посетете го линкот  bilet.franczyza.pl, регистрирајте се и внесете го промотивниот код (promo code) IENIJZ

После тоа, ќе добиете е-маил со бесплатна влезница која важи за сите денови на саемот. Испечатете ја или зачувајте ја електронски на вашиот мобилен телефон и понесете ја со себе.

Промотивниот код важи до 19 октомври 2019 година.

Се гледаме во Варшава!