Со анализа до вистинска одлука

Зошто франшиза? / Претприемачот кој сака да развие бизнис, мора да вложи релативно многу средства, додека во многу случаи воопшто не може да биде сигурен дека инвестицијата ќе ја врати во разумен рок. Со пристапувањето до франшизната мрежа овој ризик значително се намалува.
Четврток
19.12.2019
Бројот на франшизи на пазарот, полека, но постојано се зголемува. Најважно е да се најде одговорот на прашањето како да се избере вистинската. Добри совети за тоа дава Марек Халфар, регионален директор на консултантската куќа PROFIT system Чешка.
 

Покрај сите предизвици, луѓето често сонуваат за отпочнување на сопствен бизнис. Зошто, во тој случај, би требало да размислат за купување на франшиза?

Отпочнувањето со нов бизнис бара многу сила, време и пари. Претприемачот кој сака да развие сопствен бизнис мора да вложи релативно големи средства, додека во многу случаи не ни може да биде сигурен дека инвестицијата ќе ја врати во разумен рок. Со пристапувањето кон франшизна мрежа ваквиот ризик се намалува. На давателот на франшиза му е од интерес неговите франшизни партнери да работат профитабилно бидејќи само така од продажбата на франшизата ќе има полза на подолг рок. Така, на пример, давателот на франшиза нема да дозволи примателот да отпочне со работа на несоодветна локација, нема да му дозволи  да направи грешки кои можеби и самиот ги сторил на почетокот.  И тоа, би рекол, е една од најголемите предности  на франшизната соработка – примателот на франшизата не мора да прави почетнички грешки, бидејќи давателот сето тоа го поминал и совладал.

Претприемништвото и купувањето франшиза целосно ви го менуваат животот. Како да го направите најдобариот избор?

Претприемачот прво треба да размисли за областа во која сака да развива бизнис. Секако, треба да го земе предвид тоа што му се допаѓа, во тоа што ужива, какво искуство има, кои вештини ги поседува, кој е неговиот сон. Но, имајте на ум дека овде се работи за бизнис – не е пресудна добрата идеја, туку проценката дали работата ќе опстојува. Имено, треба да бидете сигурни дека производот или услугата кои ги нудите ќе бидат барани на вашиот пазар. На крајот од денот, целта на секој претприемач е профитот. Исто така, кога размислува за финансиите, претприемачот треба да знае колку смее да вложи во бизнисот. Не е добро да вложувате пари кои не сте подготвени да ги изгубите. Затоа, пред да отпочнете со бизнис, имајте резервен фонд. Запомнете, бизнис со франшиза го намалува, но не го елиминира во целост ризикот од неуспех.

Колку е важно името, брендот под кој ќе работите кога ќе купите франшиза? Можеме ли  да кажеме дека тоа е неопходен, но не и доволен услов за успех?

Така е. Многу критериуми треба да се земат во предвид кога избирате франшиза. Со веќе споменатите предуслови: утврдете што сакате да работите и колку пари  можете да вложите,  треба и внимателно да ја споредите понудата. Состојбата на пазарот на франшиза е такова што во рамките на една гранка има по неколку компании и системи кои нудат франшиза. Многу од нив ги рекламираат и детално ги преставуваат своите франшизни пакети на специјализираните портали за франшизинг.Значи, можеме да кажеме дека најдобар начин за избор на франшиза е да направите споредба. Проучете ги условите за соработка на секој систем, што нудат давателите на франшизата, а што очекуваат од вас како примател. Обрнете внимание на тоа колку долго компанијата постои на пазарот, колку има сопствени, а колку франшизни подружници. Значи, потребна е мала истражувачка работа. Пронајдете што повеќе информации за брендовите за кои сте заинтересирани. Пребарајте по списанија, интернет, проучете ги деловните форуми. 

Сепак, ова се само официјално достапни податоци. Можно ли е системот да се види и „од внатре“?

Постојните приматели на франшиза се многу важен извор на информации. Можеби не е лоша идејата да отидете во некоја франшизна подружница и да го замолите сопственикот за краток разговор. Ако наидете на личност која е достапна и расположена за разговор, ќе добиете многу полезни информации. Дури и да има работи за кои не би смеела да говори, сепак ќе ви каже што и се допоаѓа во тој систем и кава е комуникацијата и односот со давателот на франшизата. Во секој случај, ќе добиете информации кои давателот нѐ така лесно би ги споделил со вас. 

Што друго препорачувате?

Кога ќе се направат првите чекори во соработката, состаноци и разговори, многу е важен впечатокот кој преставниците на франшизата ќе ви го остават. Иако одлуката не треба да се носи врз основа на стекнатиот впечаток, не треба ниту да се потцени тоа чувство. Понекогаш инстинктот не греши кога се работи за одлуката има ли смисла да се соработува со некого или не. На крајот, пред да се согласите на соработка, треба внимателно да ги проанализирате документите кои давателот на франшизата ќе ви ги даде на увид. При тоа, добар знак е ако давателот на франшизата ќе ви го даде договорот или бизнис планот без посебни услови, бидејќи така работат сериозните системи. Примателот и покрај тоа, може да побара помош од адвокат или франшизен консултант кои би помогнале правилно да ги протолкувате условите од договорот или  да дадат полезни сугестии. 


Марек Халфар, регионален директор на консултантската куќа PROFIT system Чешка / „Кога размислува за франшиза, претприемачот треба да знае колку смее да вложи во бизнисот. Не е добро да се вложуваат пари кои не сте подготвени да ги изгубите. Затоа, пред да отпочнете со бизнис, имајте резерва. Запомнете: земањето франшиза го намалува ризикот од неуспех, но не го отстранува целосно.“

погледнете ги текстовите

Закрепнувањето носи нови франшизи /22.06.2022

– Туристичкиот сектор закрепнува, а со тоа расте и интересот за франшизата на CityPa – вели Жељко Гобац, основач на CityPal платформата, преку кој туристите се запознаваат со најдобрите локални препораки

Канадско образование и на Балканот /10.01.2022

„Поддршката која што ја добиваме и на која што ќе може секогаш да сметаме, е клучна за франшизната соработка и светскиот успех на Maple Bear“, истакнува Љиљана Николова, како причина поради која што се одлучила за користење на франшизата на овој образовен систем.

Градиме подобра иднина /04.08.2021

„Секој кој што ја препознава убавината на нашата едукативна мисија е квалификуван за примател на франшизата Young Engineers“, вели основачот на овој американски едукативен концепт, Амир Асор

Промените не влијаат на развојот /24.03.2021

Како се прилагодуваше начинот на работењето во услови на пандемијата и на каква поддршка можеа да сметаат бројните приматели на франшизи, одговара Радослав Кулеша, коосновач на училиштето за програмирање за деца, Coding Giants.

Предностите на добриот модел /10.10.2020

„Добро осмислениот финансиски модел им ја гарантира на давателите на франшиза атрактивноста на нивната франшизна понуда“- истакнува Карол Кечмарек, франшизен консултант на компанијата PROFIT system.

најчитани

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

популарно во форумот