Секој далечен пат започнува со... удобен превоз до аеродром!
Марк, Сашо и Томаж се тројца страствени патници, но и пријатели кои потекнуваат од Словенија. Нив ги поврзувале две работи: љубовта кон патувањето и неверувањето колку е тешко да се дојде до аеродромот, од каде и го започнале своето бизнис патување. Секогаш кога ќе резервирале билети за патувања, започнувало и мачното пребарување за транспорт до аеродром. Таксито секогаш бил прескап избор, до пооддалечените аеродроми речиси и да немало редовна линија, а јавниот превоз најчесто не функционира добро. Често се случувало почетокот и крајот на патувањата да се претворат во агонија. Kако резултат на големиот број такви ситуации, дошле до идејата да основаат компанија која ќе им помогне на патниците да стигнат од својот дом до аеродром или од таму да се вратат дома во оптимално време, кој и да е ден од неделата, по прифатливи цени. Својата компанија ја именувале GoOpti.
Со бизнисот започнале во 2011та година во Љубљана со две возила и три фиксни рути. Веќе следната година на нивната карта се нашол Марибор, како и градовите на словенечкиот дел од Јадранскиот брег. GoOpti во 2014 доаѓа во Загреб, а следната година се појавува и на италијанскиот пазар каде и натаму успешно се шири. И оваа година им била успешна. Отвориле два нови пазара, во Албанија и Црна Гора. Како што велат, работат на отворање и нови дестинации. Со текот на времето сфатиле дека за ширење на мрежата ќе им биде потребна оптимизација во работењето и заклучиле дека поефикасно ширење на мрежата ќе постигнат со франшизниот модел на соработка.
- Кога започнавме, идејата ни беше да основаме компанија која на патниците ќе им помогне полесно да стигнат до аеродром. Како што споменавме, на почетокот работевме со сопствените возила и набрзо постигнавме голем успех. Со зголемувањето на побарувачката и обемот на работа, одлучивме да се насочиме кон развивањето на нашата платформа и иновативните технологии со кои би можеле да ги оптимизираме своите услуги и да оствариме поголема добивка. Сфативме дека развивањето на таков систем, е клучен за воспоставување успешна работа и издвојување од останатите понудувачи на транспорт. Тогаш започнавме да работиме и со кооперанти – подизведувачи. Меѓутоа, наидовме на проблеми во доверливоста, која всушност е една од темелните вредности на GoOpti. Значи, знаевме дека ни е потребен поинаков модел за работа, кој би не довел до партнер кој му верува на GoOpti и кој тоа ќе го доживее како можност за себе и своја успешна приказна. Тоа е единствениот начин со кој можеме да бидеме сигурни дека нашите стандарди за квалитет се почитуваат во сите области на работење. Тука франшизниот модел се потврди како најдобар - објаснува генералниот директор Марко Гучек, зошто се определиле токму за франшиза.
Во рамките на GoOpti мрежата моментно функционираат 17 франшизни единици, а во 2020 година планираат да отворат уште 13. Се работи за приматели на одделна франшиза, но често се случува, како што вели Гучек, примателите да започнат со работа во еден град, со една рута, а потоа продолжуваат да додаваат нови, проширувајќи се во целиот регион.
Идеален кандидат за GoOpti, според него, е претприемач кој веќе има одредено искуство во логистиката или туризмот. – Не е пресудно тој или таа да имаат свои возила, ниту веќе да вршат услуги за превоз, но е плус. Сепак, за нас е најважно кандидатот да е мотивиран, со претприемачки дух, да може да управува со ресурсите и да организира трансфери, а своите услуги да ги продава на локалниот пазар, на локалните туристички агенции и компаниите. Се разбира, сите наши приматели на франшиза поминуваат едукација и добиваат целосна поддршка и материјали. Но сепак, бараме некој кој е амбициозен и посветен на работата – нагласува Марко Гучек и додава дека работењето преку франшиза носи многу поволности за двете страни.
- На франшизингот гледаме како споделување исти вредности, но и заедничка работа насочена кон повисоки цели. Примателите на франшизата GoOpti своите мали бизниси ги водат со наша поддршка, а поволностите ги добиваат со работењето во големата мрежа. Поддршката добиваат постојано, од самиот почеток и во секој сегмент од работењето – објаснува Гучек.
За сега најмнмогу сакаат да се шират на Јадранот и во Италија. Интересни им се и пазарите во Романија, Бугарија и Унгарија. – Општо земено, нашата цел секако се пазарите во средна и западна Европа – вели Гучек.
погледнете ги текстовите
За три дена, 7000 посетители на саемот на франшизи во Варшава имаа можност да погледнат и изберат помеѓу 200 франшизни брендови и бизнис идеи. Што го издвојува овој Саем и зошто се вели дека е направен „по мерка на претприемачите“?
Flash Europe кој е европски лидер во давање професионални услуги за итен транспорт, започнува со франшизна програма во овој регион. Кој може да стане примател на франшизата, открива франшизниот менаџер Френк ван Дорн.
Flash е европски лидер во давање на професионални услуги за итен транспорт кој отпочнува со нова франшизна програма. Целта е проширување на мрежата на превозници и партнери низ Европа. Приматели на франшизата бараат и во земјите од регионов.
најчитани
Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.
Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.
Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?
Бугарскиот бренд Brutale кој се карактеризира со елегантни машки костуми шиени по мерка, тргнува во експанзија во Европа. Приматели на франшиза бараат и меѓу претприемачите од овој Македонија.
Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.