Безбедноста како премиум услуга според американски стандард
Од САД на пазарите во регионов стигна Signal 88 Security, франшизен систем специјализиран за давање услуги за обезбедување. Кој може да биде примател на оваа франшиза?
Signal 88 Security работи на американскиот пазар од 2003 година како компанија која нуди премиум услуги од областа обезбедување. Покрај вградување на алармни системи, нудат и мобилно обезбедување на објекти (со моторизирани патроли), како и обезбедување на манифестации. Започнаа од Омаха во Небраска, а денеска имаат повеќе од 430 франшизни подружници во Америка, додека од 2008 година работата ја прошируваат и надвор од САД, исто така по моделот на франшизна соработка со локални партнери. Партнерската мрежа до сега ја имаат развиено во Канада, Велика Британија, Австралија и Нов Зеланд. Од 2019 година Signal 88 е насочен кон Европските пазари, а франшизни партнери бараат и во земјите од регионов.
- Пред се бараме приматели на мастер франшиза – локални фирми или претприемачи кои со нашиот бренд и во рамките на нашиот систем ја развиваат работата на локалниот пазар. Според тоа, мастерот би имал задача да пронаоѓа и нови одделни приматели на франшиза, да го надгледува развивањето на целата мрежа, да дава поддршка на одделните партнери – велат во оваа американска компанија.
Од тие причини, примател на мастер франшиза треба да биде претприемач со изразени лидерски вештини, подготвен да изгради и да ја води националната мрежа на приматели на франшиза. Како што истакнуваат, предност ќе имаат претпримачите со доволен број релевантни деловни контакти на локалниот пазар, како и кандидати кои покажуваат завидна умешност во работата со луѓето, бидејќи ќе бидат задолжени за регистрација, обука, мотивација и управување на мрежата на партнери. – Секако, се подразбира дека примателот има и доволно капитал за отпочнување и непречено водење бизнис – велат во Компанијата.
За лиценцата (влезен франшизен надомест) примателот на мастер франшиза
би требало да издвои од 150 до 200 илјади долари. Се проценува дека дополнителни
50 до 100 илјади долари примателот мора да вложи во процесот на отпочнување и
водење на бизнисот. За толку голема инвестиција мастерот може да смета на
сеопфатна поддршка на давателот на франшиза, покрај веќе споменатото
ексклузивно право да го развива бизнисот на целата територија на државата и
можноста за натамошна продажба на одделната франшиза.
- Нам, како даватели на франшиза, ни е во интерес мрежата која ја води
мастерот на локалниот пазар постојано да расте и да се развива. Затоа многу внимание посветуваме на пренесување на специфичното деловно знаење, особено во развојот на франшизната мрежа, бидејќи токму тоа ќе биде основната обврска, но и најважен извор на
приходи за нашиот примател на мастер франшизата – велат во компанијата Signal 88 Security.
Најнови вести
Прикажи сè
Научна кујничка – наука низ игра
Научната кујничка ги спојува науката и играта преку експерименти и работилници за деца, додека на франшизерите им нуди стабилен и перспективен бизн...
Ширењето на знаењето без граници
„Школата за брзо читање и мудро учење“ претставува еден од ретките домашни франшизни системи кој со години успешно се носи со сите предизвици и пос...
NYC BAGEL франшиза која мириса на успех
Њујоршки багел со сараевска душа: како еден брачен пар започна успешен бизнис и сега нуди франшиза за сите што сакаат автентичен бренд во својот град.
Силен бренд и посветеност на работата
„Малец Генијалец“ е бренд познат низ целиот регион. На пазарот во Северна Македонија сѐ уште постои потенцијал за проширување на франшизната мрежа.